Author: saso

Ракометарките на ЖРК Вардар в сабота во Скопје треба да го потврдат пласманот на Ф4 турнирот од Лигата на шампионките. Во реванш средбата со дански Мидтјиланд, „вардарки“ влегуваат со победа од првиот меч и предност од еден гол, што само по себе треба да биде некаква гаранција за пласман во следната фаза. Избраничките на Ирина Дибирова пред домашната публика треба да го потврдат квалитетот и да се обидат во последната шанса на патот до европскиот врв. Капитенот на ЖРК Вардар, Јованка Радичевиќ го најави дуелот со многу емоции: „Дојдовме до самиот крај во Јане Сандански, го играме последниот натпревар во…

Read More

„Скопје ќе добие Ф4 турнир каков што досега немало овде. Ќе се потрудиме се да изгледа беспрекорно. Подготовките се уште траат, но се ќе биде подготвено до утре до 17 часот пред првиот меч од полуфиналето“, вели директорот на СЕХА Газпром лигата, Синиша Остојиќ, кој денеска беше гостин во програмата на Спортското радио 90.3 фм во пресрет на финалниот турнир од регионалното натпреварување. Директорот на СЕХА Газпром лигата потврди дека над 350 луѓе работат на организација на целиот настан, повеќе од 150 новинари се акредитирани за настанот, а истиот ќе биде директно пренесуван во 6 земји. „Меѓу гостите кои се…

Read More

Македонската ракометна репрезентација во машка конкуренција вечерва (19 ч.) ќе ги дознае ривалите во следниот квалификациски циклус за пласман на ЕП 2020. Ова е првото ЕП што ќе се игра со 24 репрезентации и тоа значително ќе го олесни патот до настап на првенството. Македонија како предност ќе ја има и позицијата на носител во првиот шешир заедно со репрезентациите на Франција, Хрватска, Германија, Данска, Словенија, Белорусија и Унгарија. На ЕП директно се пласирани Шпанија, која е европски шампион и трите домаќини, Шведска, Норвешка и Австрија. На денешната ждрепка ќе се формираат 8 групи со по 4 репрезентации. Најдобрите две…

Read More

Вечерва почнуваат реванш 1/4-финалните натпревари од Лигата на Европа. Најинтересно според резултатот на првиот дуел ќе биде на средбата меѓу Олимпик Марсеј и РБ Лајпциг, каде Германците доаѓаат со предност од 1:0 по победата на првиот меч на домашен терен. Исто така, интересно ќе биде и на натпреварот меѓу Салцбург и Лацио. „Орлите“ победија со 4:2 на првиот натпревар на „Олимпико“, но не можат да бидат сигурни во пласманот во следната фаза, особено што Салцбург е непредвидлив тим кој во минатата рунда успеа да ја исфрли германска Борусија (Д). Фаворитот на турнирот Атлетико Мадрид исто така има предност од два…

Read More

УЕФА денеска ги одреди имињата а фудбалерите кои ќе се најдат во изборот за Фудбалер на неделата во Лигата на шампионите по реванш средбите од 1/4-финалето. По наградаѕа за најдобар играч на неделата во Лигата на шампионите тргнуваат напаѓачот на Јувентус, Марио Манџукиќ , кој постигна два гола на синоќешниот меч со екипата на Реал (М), играчот за врска на екипата на Баерн (М), Арјен Робен, напаѓачот на Рома, Един Џеко, како и фудбалерот на Ливерпул Садио Мане. Резултатите од гласањето ќе бидат познати утре, кога на програмата е и ждрепката за полуфиналните двојки од ЛШ.

Read More
NBA

Кошаркарот на Филаделфија Маркел Фулц стана најмладиот играч во историјата на НБА лигата која успеа да реализира трипл-дабл на меч од регуларната сезона. Во последниот натпревар од регуларната сезона со Милвоки Бакс кој неговиот тим го доби со 130: 95, Фулц успеа да реализира 13 поени, 10 скока и 10 асистенции. Фулц до трипл-дабл ефектот стигна на возраст од 19 години и 317 дена. Така, тој го урна рекордот што го постави кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Лонзо Бол, во ноември минатата година. Вреди да се напомене дека пред почетокот на тековната сезона, овој рекорд му припаѓаше на Леброн Џејмс…

Read More

Првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели побара од УЕФА итно да го воведе системот за видео-контрола VAR на натпреварите од Лигата на шампионите, откако неговиот тим беше елиминиран синоќа од Реал Мадрид со сомнителен пенал. „Дополнителниот помошник судија зад головите не ја врши истата работа како главниот судија на видео-контролата. Не зборуваме за еден или два спорни моменти, туку за ситуација што е одлучувачка за директна елиминација на најголемиот турнир кој носи многу пари и престиж. Не смееме да дозволиме вакви пропусти“, изјавил Ањели.

Read More

Напаѓачот на Реал Мадрид, Лукас Васкез, на интересен начин го прокоментира спорниот пенал за „кралевите“ во 93-тата минута против Јувентус. „Апсолутно беше пенал, нема никаква дилема. Роналдо ми ја симна топката и се подготвував да шутирам кога Бенатија ми се фрли од зади и ме прегази. Чист пенал“, изјави Васкез. „Нормално е играчите на Јувентус да протестираат, сепак тоа го реши натпреварот, бидејќи се случи во последните секунди на средбата. Овој натпревар треба да ни биде лекција. Кога се опуштаме, секогаш не казнуваат“, изјавил Лукас Васкез.

Read More

Француски ПСЖ во официјалното соопштение ги негираше информациите за прекршување на правилата за финансиски фер плеј. Британското издание на “Фајненшел тајмс” претходно тврдеше дека парискиот клуб обезбедил „штелувани“ податоци за приходите од спонзорства од 200 милиони евра. „ПСЖ жали што неколку дена пред планираниот состанок со УЕФА во британскиот печат се објавени лажни информации кои го дискредитираат нашиот клуб. УЕФА има јасна визија за финансиската ситуација во нашиот клуб и не се сомнева во сигурноста на износите на долгорочните договори со партнерите“, се вели во сооопштението од ПСЖ.

Read More

Тренерот на Севиља, Винченцо Монтела, по ремито на гостувањето во Минхен и елиминацијата на неговиот тим во четвртфиналето од Лигата на шампионите изјави дека може да биде горд на своите фудбалери. „Се обидовме да победиме и прикажавме одлична игра. Задоволен сум од тоа како тимот со еднакви услови се бореше со таков опасен противник како Баерн. Ние сме елиминирани од Лигата на шампионите, но заминуваме со крената глава. Слушав како нашите навивачи пејат низ целиот мел. Горд сум што сум тренер на Севиља“, изјавил Монтела по средбата.

Read More