Author: saso

Антонио Конте ја демантираше изјавата на неговиот сонародник Џанлука Виали дека со нетрпение чека да си замине од Челзи. Пред неколку дена Виали рече дека би бил изненаден доколку неговиот сонародник остане на функцијата во Челзи и следната сезона. „Џанлука ми е пријател, но не сум зборувал со него една година. Не е точно дека сакам да го напуштам Челзи. Слушам постојано шпекулации за мојата иднина. Работам напорно за клубот и тоа е единственото нешто што е вистина. Останатото се измислици“, изјавил Конте на вчерашната прес-конференција.

Read More

Дефанзивецот Хозе Хименес е повреден и нема да игра за Атлетико Мадрид на дербито со Реал Мадрид во недела, соопштуваат медиумите во Шпанија. Уругвајскиот репрезентативец ги пропушти последните два натпревари против Депортиво Ла Коруња и против Спортинг Лисабон во четвртфиналето од Лигата на Европа. Симеоне во текот на оваа недела изрази надеж дека Хименес ќе може да игра на претстојното дерби, но тоа дефинитивно нема да се случи. Атлетико Мадрид го зазема второто место на табелата во Ла Лига со предност од четири бода во однос на градскиот ривал.

Read More

Фудбалерот на Борусија Дортмунд Марко Ројс, се враќа за натпреварот против Штутгарт во недела. Ројс имаше проблем со препоните и го пропушти натпреварот против Хановер, како и поразот од 6-0 од Баерн Минхен пред една недела. Во составот на „милионерите“ се враќа и дефанзивецот Омер Топрак, кон не настапи на дуелот со Баерн поради повреда.

Read More

Македонскиот шампион ЖРК Вардар победи во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите противј Мидтјиланд со 24-23 и веројатно со една нога веќе го трасираше патот кон Ф4 турнирот во Будимпешта. „Вардарки“ одиграа лошо прво полувреме во кое домашните направија предност од 3 гола, па дури кон средината на вториот дел нашиот првак успеа да ја стабилизира играта и да преземе иницијатива. Во последните минути на мечот „вардарки“ дојдоа до предност и од 3 гола, но домашните успеаја да анулираат и да дојдат само на минус еден. Како најдобар стрелец Драгана Цвијиќ мечот го заврши со 8 гола, додека Лекиќ…

Read More

Манчестер Јунајтед верува дека може да го купи фудбалерот на Челзи, Вилијам во летниот трансфер период. Весникот „Сан“ објави дека во клубот сериозно се заинтересирани за Бразилецот. Жозе Мурињо се обиде да го земе Вилијан и минатото лето, кога беа водени преговори меѓу “црвените ѓаволи” и претставници на играчот. Тогаш 29-годишниот фудбалер одлучи да остане на “Стемфорд Бриџ”, но сега во Јунајтед се оптимисти дека може да се дојде до договор. Вилијан има договор со Челзи до 2020 година и Лондончани ќе бараат минимум 30 милиони фунти за него.

Read More

Ливерпул доби тежок удар, откако стана јасно дека дефанзивниот играч за врска, Емре Џан ќе го пропушти сите натпревари до крајот на сезоната, бидејќи повредата на грбот, која доби пред неколку дена, се покажа доста посериозна отколку што се очекуваше. Покрај тоа, тој е под знак прашалник за настап и на престојното Светско првенство во Русија, кое започнува во јуни. Со оглед на тоа што Џан се уште нема потпишано нов договор со Ливерпул, тој со оваа повреда практично и ја заврши својата кариера на „Енфилд Роуд“.

Read More

Играчот од средниот ред на германски Келн, Леонардо Битенкорт, е на мета на англиски Тотенхем и француски Монако. Тоа значи дека за фудбалерот ќе се води жестока битка ова лето, а во неа може да се вклучат уште неколку поголеми европски тимови. Според весниците, договорот кој Битенкорт го има со германскиот клуб е со опција за откуп за само 8 милиони евра. Оваа сезона, 24-годишниот играч од средниот ред има одиграно 17 натпревари во Бундеслигата.

Read More

Поранешниот фудбалер на Холандија, Ливерпул, Фенербахче и Феенорд, Дирк Кајт ја започна својата тренерска кариера. 37-годишниот Холанѓанец го предводеше младинскиот тим на Феенорд и наскоро ќе ја добие потребната лиценца за тренерска работа од УЕФА. Официјално, кајт ќе стане прв тренер на младинскиот тим на тимот од Ротердам на почетокот на следната сезона.

Read More

Големата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах, ја победи конкуренцијата за наградата за најдобар играч во Лигата на шампионите оваа недела. Тој освои 57% од гласовите и дојде до престижната награда. Салах постигна гол и асистираше за уште еден во победата од 3:0 на Ливерпул против Манчестер Сити во првиот 1/4-финален натпревар од турнирот. Иако Египќанецот да се повреди и мораше да биде заменет малку по паузата, тој остави исклучително добар впечаток со настапот. Поранешниот фудбалер на Рома и Фиорентина го надмина дури и Кристијано Роналдо кој постигна два гола на мечот со Јуве, од кој еден прекрасен со ножички.

Read More

Македонската тениска Дејвис Куп репрезентација славеше и во 2. коло на турнирот од Третата Европска зона во Пловдив, Бугарија. Денеска нашите тенисери остварија победи во сингл и со тоа го решија прашањето на победникот и на денешниот дуел со селекцијата на Албанија. Во првиот сингл натпревар Горазд Србљак со преубедливи 6-0/6-0 славеше над Арбер Сулстарова, додека Димитар Грабул му препушти само три гејма на Марио Зили (6-3/6-0). Последниот дуел во игра на двојки ќе го одиграат Мицов и Јанкуловски против Мјештри и Шипхеја.

Read More