Author: saso

Голманот на дански Брондби, Фредерик Ренов ќе го напушти тимот на крајот на сезоната и заминува во германската бундеслига. Нов клуб на младиот Ренов ќе биде Ајнтрафт (Ф). Фудбалерот успешно го минал лекарските преглед и потпишал договор со Ајнтрахт”, чии услови се уште не се обелоденети. Голманот ќе му се приклучи на својот нов тим во текот на летото. Оваа сезона, 25-годишниот Данец учествуваше на 29 меча за Брондби, а ќе биде дел и од селекцијата на Данска на СП во Русија.

Read More

Бекот на Севиља, Клемент Ленгле следното лето би можел да стане играч на Барселона, тврди каталонскиот весник „Спорт“. Каталонскиот клуб има намера да го купи 22-годишен француски дефанзивец, кој во јануари 2017 година се пресели во шпанскиот шампионат од екипата на Нанси за 4,5 милиони евра. Трансферот на играчот може да ја чини Барса 45 милиони евра, бидејќи ова е сумата во договорот која Севиља ја бара за негово заминување.

Read More

Францускиот дефанзивец од екипата на Монако, Џибрил Сидибе, ризикува да го пропушти настапот на светското првенство во Русија по повредата која ја заработи на дербито со ПСЖ во неделата. Како што потврдија извори од клубот, Сидибе има потешка повреда на десното колено. Засега нема точни лекарски извештаи за тежината на повредата, но и за периодот на рехабилитација. Се претпоставува дека за Сидибе ќе бидат потребни најмалку 2 месеци за успешно враќање на терените, а тоа сериозно ги намалува неговите шанси за настап на Мундијалот.

Read More

Британската полиција обезбеди посебни заштитни мерки за фудбалскиот судија Мајкл Оливер. По завршувањето на натпреварот од четвртфиналето на Лигата на шампионите меѓу Реал и Јувентус, англиски судија и неговата сопруга беа навредувани и почнаа да добиваат смртни закани. На овој возвратен меч од четврфиналето, Оливер покажа на белата точка во 94. минута од мечот, а Реал (М) со погодок обезбеди место во полуфиналето на Лигата на шампионите. Покрај тоа, Оливер му врачи и црвен картон на голманот на Јувентус, Џиџи Буфон. По објавувањето на телефонскиот број на судијата, тој и неговата сопруга почнаа да добиваат смртни закани.

Read More

Играчот од средниот ред на Кристал Палас, Рубен Лофтус-Чик изјави дека не е сигурен во врска со неговото враќање во Челзи откако ќе му истече позајмицата. „Јас дури и не помислив што ќе се случи следната сезона. Прво треба да ги одиграм останатите натпревари. Сегаа сум фокусиран на Кристал Палас. Не сакам уште сега да зборувам за тоа, но се надевам дека ќе најдеме најдобро решение за мојата кариера. Не знам дали се уште сакам да се вратам во Челзи“, изјавил 22-годишниот фудбалер. Тој оваа сезона одигра 20 меча за Кристал Палас во Премиер лигата и постигна еден гол.

Read More

Ракометарите на Вардар на маестрален начин ја одбранија титулата во СЕХА лигата, откако во цврст меч успеаја да слават над ППД Загреб со 26-24. Македонскиот и европскиот првак стана и рекордер во СЕХА Газпром лигата освојувајќи ја четвртата титула, па по оние во Загреб, Нови Сад и Брест. Кај Вардар Кристопанс и Циндриќ со по 5 гола беа најефикански во овој финален меч, додека Чупиќ, Дибиров и Борозан постигнаа по 3 гола. Кај поразените, Хорват постигна 7, додека Равниќ, Бичаниќ и Павловиќ завршија со по 3 гола. Организаторите на Ф4 турнирот се погрижија за фантастична атмосфера и незаборавно шоу и…

Read More

140-тото градско дерби меѓу вечните ривали Работнички и МЗТ Скопје А. е одложено. Причина, расипаните семафори кои треба да го мерат времето за напад. Домаќинот на мечот не успеа навреме да обезбеди соодветен семафор, па делегатот Зоран Николовски немаше друг избор освен да го одложи мечот. Засега останува непознато кој ќе биде новиот тремин за одигрување на големото кошаркарско дерби во Скопје.

Read More

Ракометарите на Целје Пивоварна Лашко се освојувачи на 3. место во регионалната СЕХА лига оваа сезона. Во малото финале во СЦ „Јане Сандански“, словенечките ракометари со одлична игра во вториот дел успеаја да го добијат мечот против екипата на Мешков Брест со 28-31 (14-15). Одлична партија кај Словенците имаше голманот Урбан Лесјак кој со 13 интервенции го поведе Целје Пивоварна Лашко до значајна победа и трето место во регионалното натпреварување. Најефикасни поединци кај победниците беа Млакар со 7 и Макуч и Мачковшек со по 5 гола. Кај Мешков Б. Шумак и Хорак завршија со по 5 гола.

Read More

Кошаркарите на Блокотехна, не успеаја да го освојат малото финале на Ф4 турнирот од регионалната БИБЛ лига. Во мечот за 3. место денеска во Самоков, гевгеличани по продолженија беа поразени од домаќинот на турнирот, Рилски Спортист со 92-79. Во регуларниот дел мечот заврши нерешено 77-77, а во дополнителното време нашиот тим постигна само два поени со што предвреме како да се предаде. Најдобар кај Рилски Спортист беше Маринов со 25 поени, додека Тејлор заврши со 10, а кај Блокотехна, Данило Мијатовиќ беше перфектен со 31 поен, а Младеновиќ застана на 16 поени.

Read More

Денеска е ден за одмор пред утрешната завршница на Ф4 турнирот од СЕХА лигата. По вчерашните полуфинални дуели, тренерите на ППД Загребв, Златан Саралевиќ и на Целје, Бранко Тамше, ја оценија играта и квалитетот на нашиот шампион Вардар. „Она што го видов е страшно“, вака го опиша настапот на Вардар во полуфиналето против мешков Брест, тренерот на словенечкиот тим. Своето воодушевување не го криеше ниту Сарачевиќ, кој утре против „вардарци“ ќе игра во финалето. „Моќна екипа. Раул е фантастичен тренер“, вели хрватскиот стратег. Финалето во СЕХА лигата е на програмата утревечер од 20.15  часот.

Read More