Author: saso

Денеска ни претстои уште интересна фудбалска вечер сои првите четврфиналени средби во Лигата на Европа. Еден од најинтересните дуели во оваа фаза е соседското дерби меѓу Атлетико Мадрид и Спортинг. Двата тима од Пиринеите се борат за место во полуфиналето, а позицијата на фаворит ја задржуваат домашните, кои се еден од главните фаворити за освојување на натпреварувањето. Вториот голем фаворит Арсенал на својот „Емирати“ го пречекува рускиот гигант ЦСКА (М). Лондончани се надеваат дека е успеат да направат комотна предност пред реваншот во Москва следната недела. Необична ќе биде пресметката меѓу Лацио и Салцбург, со оглед на тоа што Австријците…

Read More

Челзи веќе има голем фаворит за ново менаџерско решение следната сезона. Според авторитетните медиуми во Англија, скоро сигурно, Абрамович го договорил доаѓањето на Леонардо Жардим од Монако. Според последните информации, шефовите на „сините“ одамна го гледаат Жардим како менаџер на „Стемфорд Бриџ“, а конечно договорот ќе падне по завршувањето на сезоната. Антонио Конте, кој скоро сигурно ќе си замине од клубот во текот на летото, имаше страшни разлики во ставовите со раководството. Слабите резултати на „сините“ само го потврдуваат неговото заминување. 43-годишниот Жардим четвртата сезона е на стадионот “Луј II”, а минатата сезона успеа да го донесе тимот до неочекувана…

Read More

Словенија го доби последното слободно место во АБА лигата за следната сезона. Вчера во финалето на Ф4 турнирот во 2. АБА лига, екипата на Крка го победи тимот на Приморска и успеа да обезбеди место во првото по ранг регионално натпреварување. Крка се враќа во елитата по пауза од само една година и редовно учество од пет години во елитата на АБА лигата.

Read More

Менаџерот на Манчестер Ј. ризикува да влезе во конфликт со навивачите на клубот откако се појавија информации дека летово сака да го купи крилото на Реал (М), Герет Бејл. Според англиските весници, Велшанецот не е посакуван од фановите на клубот, кои и јавно му порачаа да не се труди да го носи Бејл на „Олд Трафорд“. Дел од фановите од фан клубот на Јунајтед преку социјалните мрежи почнаа и кампања против ангажманот на некогашниот фудбалер на Тотенхем во нивниот клуб. Сепак, една друга група поддржувачи, сепак, смета дека Бејл може да биде добра опција за следната сезона. Мурињо, пак, изјави…

Read More

Според германскиот весник „Билд“ новиот тригодишен договор кој светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, ќе го добие од Мерцедес ќе му донесе приход од рекордни 60 милиони долари годишно. Станува збор за новиот договор со важност од 2019 до 2021 година. „Ние сме апсолутно на иста бранова должина, но еден таков договор е над 100 страници со соодветен број работи за решавање, и сето тоа треба да се направи прво, пред да се потпише“, изјавил извршниот директор на Мерцедес, Тото Волф. До крајот на 2021 година, новиот договор на Хамилтон ќе му донесе приближно 184 милиони долари, неверојатен износ,…

Read More

Ливерпул во неизвесност ги очекува лекарските прегледи кои треба да бидат направени денеска за да се дознае степенот на повредата на најдобриот фудбалер на „црвените“ оваа сезона, Мо Салах. Тој се повреди на стартот на второто полувреме на синоќешниот меч со Манчестер Сити во четврфиналето од Лигата на шампионите. „Мо ми рече дека чувствува мала непријатност и тоа ми беше доволно да го заменам, без дури да го прашам лекарот. Потоа го прашав како е и тој ми рече дека е доста подобро. Сега сепак треба да ја почекаме вистинската дијагноза , а не онаа која тој ја дава сам“,…

Read More

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, машки го прими синоќешниот нпораз на преполнит „Енфилд“. Тој призна дека неговиот тим беше навистина лош во офанзивата и дефинитивно на овој натпревар се покажа колку во тимот недостасува Кун Агуеро. „Ние не создадовме чиста ситуација, а домашните направија совршена одбрана. Потребата од еден гол, само еден гол, не успеавме да ја постигнеме. Сега треба да го прифатиме овој пораз и да се фокусираме на натпреварот со Манчестер Јунајтед, бидејќи со победа во дербито можеме да си кја потврдиме титулата во Премиер лигата“, изјави Гвардиола.

Read More

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, пак призна дека е шокиран од победата со 3:0 над Манчестер Сити на синоќешниот 1/4-финален натпревар од Лигата на Шампионите, кој се одигра на “Енфилд”. Германецот не го криеше своето задоволство, но и фактот дека ни најмалку не очекувал ваква победа. „Не очекувавме ваков резултат, но сепак требаше да играме повеќе фудбал во вториот дел. Противникот немаше речиси нити една шанса, но и ние не игравме на вистински начин во вториот дел. Задоволен сум целосно од претставувањето“, изјави Клоп.

Read More

Тренерот на Рома, Еузебио ди Франческо, беше доста разочаран по тешкиот пораз со 4:1 на гостувањето кај Барселона синоќа. Тој ги критикуваше и неговите играчи, но и судијата, истакнувајќи дека каталонците се доволно силен тим и немаат потреба од судиска помош. „Барселона е многу силен тим и нема потреба од помош, но во овој случај тие добија такво нешто од судијата, но и од самите нас. Се претставивме комплетно добро, но направивме многу наивни грешки и си плативме скапо. Не можам да се пожалам од односот и карактерот на момците, бидејќи тие се обидоа да дадат сè од себе“, вели…

Read More

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, пак, призна дека не му пречи противниците на неговиот тим понекогаш да им помагаат во победите. Во овој случај Рома си постигна два автогола во синоќешната победа на Каталонците од 4:1. „Во една сезона има секакви натпревари. Има натпревари во кои понекогаш добиваш повеќе од она што го заслужуваш и натпревари во кои добиваш помалку од она што заслужуваш. Јас немам против тоа што гостите постигнаа два автогола. Мислам дека беше многу важно да постигнеме четврти гол, откако тие намалија. На крајот се радувам што тоа успеавме да го направиме“, вели Валверде.

Read More