Author: dino

Фудбалскиот состав, Сампдорија, објави дека го ангажирала голманот, Рафаел Кабрал, со слободен трансфер. Досега Бразилецот го носеше дресот на Наполи, но, откако неговиот договор со клубот заврши, тој се одлучи да си замине. Затоа популарните, „морнари“, успеаа да го ангажираат без надомест. Рафаел кој беше доведен во Сан Паоло во 2013 година, во наредната сезона одигра 23 натпревари во Серијата „А“, но, со враќањето на Пепе Реина, повторно седна на клупата. Во наредниот период одигра само два меча. Сампдорија иако на официјалниот сајт ја објави веста за ангажманот на Кабрал, сепак, не наведе за колкав период ќе биде соработката и…

Read More

Фудбалерот на Монако од средниот ред, Жоао Мутињо, ќе го напушти „кнежевството“ и  ќе се пресели во редовите на Вулверхемптон, објави новинарот Тим Неш преку неговиот профил на – „Твитер“. Трансферот во Англија ќе биде вреден околу пет милиони фунти а играчот ќе потпише договор за две години. Мутињо кој има одиграно 113 мечеви за Португалија беше дел и од селекцијата која го освои европското првенство пред две години. 31-годишниот фудбалер во изминатата сезона одигра вкупно 44 натпревари за Монако со ефект од еден гол и седум асистенции.

Read More

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ентони Марсијал, може да добие дозвола од тренерот, Жозе Мурињо, да замине во екипата на Баерн Минхен. Според наведеното, португалскиот стратег не сака да му дозволи на напаѓачот да потпише за тим од Премиер лигата, но, можe да му даде виза да замине за Германија. Новиот тренер на Баварците, Нико Ковач, кој сака да ја засили конкуренцијата во нападот, ја разгледал идејата да го ангажира Марсијал како позајмен играч во пeриод од една година со можност да потпише и перманентен договор. Французинот има обврска да остане кај „црвените ѓаволи“ до 2019 година, но, доколку некој ја…

Read More

Фудбалскиот состав, Барселона, не се откажува од идејата за привлекување на крилото на Челзи, Вилијан. Досега, каталонскиот гигант испрати три понуди, но, сите беа одбиени од страна на „сините“. Сега тимот од „ Камп Ноу“ за 29-годишниот фудбалер ќе ја испрати и четвртата понуда во Лондон која ќе биде вредна 72 милиони евра. Според весникот, „Дејли мејл”, таа сума треба да ги исполни барањата на Челзи . Вилијан во претходната сезона постигна 13 гола и направи 12 асистенции. Тој беше еден од фудбалерите кои покажа стабилна форма во текот на целата година.

Read More

Потегот на Месут Озил да ја напушти репрезентацијата на Германија со објаснување дека не се чувствува пријатно да го носи дресот на „панцирите“ откако беше мета на навивачите, повлече реакција на видни личност од германскиот фудбал. Ули Хенес, првиот човек на Баерн Минхен, нема разбирање за таквата одлука на играчот на Арсенал кој доби лавина од критики откако се појавии на слика со претседателот на Турција, Реџеп Ердоган. „Кога Озил го одиграл последниот квалитетен меч во репрезентацијата? Јас ви велам дека поминаа неколку години. Тој само сака да манипулира со јавноста“ – изјави Хенес.

Read More

Нашиот фудбалски шампион, Шкендија, утре ќе го одигра првиот меч против Шериф од Молдавија во рамките на 2 коло од квалификациите за Лигата на шампионите. Средбата ќе се реализира на Арената во Скопје а главен судија ќе биде, Мадс Кристоферсен од Данска. Ќе му помагаат, Денис Расмунсен и Виктор Ските а четврти судија ќе биде Мајкл Тикард Европската фудбалска куќа (УЕФА) денеска во 12 часот ќе ги извлече двојките за 3 коло од ЛШ. Шкендија е во групата на неносители а доколку го елиминира Шериф, како можни противници ќе ги има Салзбург, потоа победниците од пресметки што доаѓаат меѓу Лудогорец…

Read More

Фудбалската ѕвезда од Португалија, Кристијано Роналдо, го плати данокот во Шпанија од 13,5 милиони евра и сосема слободен ќе си замине во Италија во тимот на Јувентус. Роналдо кој додека ги бранеше боите на Реал Мадрид,  доби условна затворска казна на две години поради затајување на данок, се согласи да го подмири обврските за да може без проблеми да ја продолжи фудбалската кариера. Процесот околу затајување на данокот се однесуваше на периодот од 2011 година до 2014 година.

Read More

Себастијан Фетел со болидот на Ферари ќе започне од првата позција на утрешната трка во Формула 1 која ќе биде возена на патеката во Хокенхајм за Големата награда на Германија. Тој успеа да извлече максимум во денешните квалификации во кои дел од возачите се судрија со неочекувани проблеми. Фетел кој настапи на домашно тло, ја доби битката со Валтери Ботас од Мерцедес додека Британецот, Луис Хамилтон, доживеа пех и утре ќе треба да започне од опашката на колоната. Кими Раиконен и Макс Верстапен ќе стартуваат од вториот ред додека меѓу најбрзите десет влегоа и: Магнусен, Грожан, Хулкенберг, Саинц, Леклерк и…

Read More
NBA

Кошаркарот од Србија, Немања Бјелица, нема да се врати во Европа туку ќе остане НБА лигата во дресот на Сакраменто Кингс. Наводно првиот човек на „кралевите“, Владе Дивац, и неговиот помошник, Предраг Стојаковиќ, успеале да убедат искусниот играч да остане во САД. Тамошните медиуми пренесоа дека Бјелица за тригодишен догвор ќе добие 20,5 милиони долари. Српскиот ас изминатите три сезони ги помина во таборот на Минесота Тимбервулвс по што го откажа договорениот едногодишен договор со Филаделфија бидејќи сакаше да се врати во Европа. Бјелица во Сакраменто ќе настапува со неговиот сонародник, Богдан Богдановиќ.

Read More

Паоло Скарони ја доби улогата на в.д. претседател на фудбалскио состав Милан. Со тоа се остварија најавите на американскиот инвестициски фонд – „Елиот менаџмент“, дека кинескиот бизнисмен, Јонгхонг Ли, кој досега ја имаше таа улога, ќе мора да си замине од клубот. Отказ доби и досегашниот извршен директор, Марко Фасоне. Неговиот заменик допрва ќе биде одреден. Промени имаше и во другите раководни тела кај „росонерите“. Ќе потсетиме дека Спортскиот арбитражен суд вчера делумно ја прифати жалбата на Милан поврзана со забраната за настап во Европа и му дозволи на италијанскиот тим да се врати во евро-конкуренцијата од наредната сезона.  …

Read More