Author: dino

Францускиот централен дефанзивец, Самуел Умтити, изрази голема радост по победата врз Белгија која значеше и пласман во големото финале на Мундијалот во Русија. Корпулентниот играч не крие дека е пресреќен бидејќи е човекот кој го реши мечот. „Многу сум среќен бидејќи го постигнав веројатно најзначајниот гол во мојата кариера. Тоа е неверојатно, работевме напорно и дојдовме до нашата прва цел “, рече Јумтити кој во пресудниот момент успеа да го добие воздушниот дуел со Маруан Фелаини и да погоди во мрежата на Куртоа. „Покрај висок раст,треба да имате и желба и решителност. Фелаини е добар играч, но, успеав да ја…

Read More

Фудбалерот на Англија, Џордан Хендерсон, во пресрет на денешниот дуел со Хрватска, изјави дека неговата селекција може да оствари уште две победи на Мундијалот во Русија. „Мислам дека треба да се фокусираме на денешниот меч а не на историјата. Ни претстои исклучително значајна средба а дополнителна мотивација не ни треба“ вели Хендерсон. „Се обидувам да бидам лидер, но, сакам сите да победуваме како тим. Еден војник на теренот не е доволен. давам се од себе, истото го прават и моите соиграчи. Затоа верувам во успех “, потенцирал Хендерсон.

Read More

Фудбалерот на Белгија, Насер Чадли, беше огорчен по поразот од Франција кој не му дозволи на неговиот состав да остане на патот кон шампионскиот трон на собирот во Русија. „Црвените ѓаволи“ загубија со минимални 1-0 откако Умтити успеа да погоди по добро изведениот корнер. „Тешко ми е да кажам зошто загубивме.Можеби само еден момент го реши победникот. Сега не е значајно да се анализира. Тие можеби ја заслужија победа “, рече Чадли  во интервјуто за – „Блиц“ веднаш по вчерашниот меч во Санкт Петербург. Белгијците сега ги очекува мечот за бронзениот медал кој ќе се одигра в сабота во попладневниот…

Read More

Младата ѕвезда на ПСЖ и на Франција, Килијан Мбапе, има реална шанса да ја добие наградата за најдобар фудбалер на Мундијалот во Русија. Тој на средбата со Аргентина се изедначи со легендарниот Пеле според бројот на голови постигнати на еден меч во фазата на елиминации на светските шампионати. Сега, пак, сите очекуваат одличните партии да ги круниса со светска титула и наградата – „Златна топка“. „Не размислувам за тоа. Јас само сакам да го освојам Мундијалот а  „Златната топка“ воопшто не ме интересира“ – рекол играчот на „триколорите“.

Read More

Голманот на Белгија, Тибо Куртоа, по вчерашната елиминација на Светското првенство во Русија, вели дека Франција играла анти-фудбал. Единствениот гол на мечот го постигна Умтити и тоа по центар-шут од аголот на игралиштето. „Нивниот напаѓач секогаш беше на 30 метри од нашиот гол, нешто што никош не сум го доживеал во Челзи. Подобро да загубевме од Бразил, од тим кој се обидува да игра фудбал и кој може да биде подобар од нас“ вели голманот на Белгија. „Франција не е подобра од нас и затоа пораз не е реален. Разликата беше направена од еден случаен момент. Едноставно кажано, тие играа…

Read More

Легендата на Јувентус, Алесандро Дел Пијеро, вели дека доаѓањето на Кристијано Роналдо во тимот од Торино ќе ја направи „старата дама“ супериорна и ќе ги натера другите екипи во Италија да се обидат да парираат со играчкиот ростер. „Тоа што се случи е многу големо за Јуве и за италијанскиот фудбал. Денеска во целиот свет се зборува за Серија А, тоа доволно говори колку е голем Роналдо. Кристијано е неверојатен а најмногу ми се допаѓа неговата неуморна желба за победа“ вели Дел Пијеро. „Јувентус сака да биде еден од најдобрите клубови во светот а со Роналдо може да ја освои…

Read More

Хари Кејн кој е капитен на Англија и воедно најдобар стрелец на Мундијалот во Русија, планира да се појави во финалниот меч. Напаѓачот на  Тотенхем очекува неговата земја да излезе како победник по средбата со Хрватска. „Ние сме пример за многу млади. Како професионалец, знам дека имам значајна улога како на теренот така и надвор од него. Треба да ги инспирираме луѓето и децата кои го гледаат турнирот “ вели Кејн. „Многу сум горд што сум тука за да го водам тимот со капитенската лента. Никој не сака да се врати дома. Ние сме на само еден чекор од најголемиот…

Read More

Белгискиот фудбалски репрезентативец, Еден Азар, во пресрет на средбата со Франција во 1/2 финалето на СП 2018, имаше ласкави зборови за младиот напаѓач на „триколорите“, Килијан Мбапе. Фудбалерот на ПСЖ е еден од најзаслужните за пласманот на неговата земја во полу-финалето на Мундијалот во Русија. Затоа, Азар проценува дека Мбапе ја заслужува наградата „Златна топка“ која му се доделува на најдобриот фудбалер на Мундијалот. „Го почитувам Мбапе бидејќи со само 19 години покажува врвен фудбал. Тој е потенцијален добитник на „Златната топка“ и според мене го заслужува тоа признание“ – изјави Азар пред утрешниот меч Белгија-Франција.

Read More

Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, потенцира дека неговите фудбалери се максимално подготвени да го запрат првиот голгетер на Мундијалот, Хари Кејн. Англичанецот со 6 голови е лидер на листата и со самото тоа се наметнува како главна опасност по голот на “коцкестите“. Сепак, стратегот на хрватскиот национален тим верува дека напаѓачот на „трите лава“ нема да се наметне и дека нековите играчи ќе го запрат како што беше случај со Меси на средбата со Аргентина. „Кејн е навистина добар на Мундијалот, но, верувам дека ние можеме да го неутрализираме. Имаме играчи кои имаат искуство да го запрат. Тука се Ведран…

Read More

Англискиот фудбал доби многу со присуството на странските тренери во Премиер лигата, изјави легендарниот германски фудбалер Лотар Матеус. Менаџерите: Јирген Клоп (Ливерпул), Жозе Мурињо (Манчестер Јунајтед) и Пеп Гвардиола (Манчестер Сити), дефинитивно помагаат за развојот на англиските фудбалери, категоричен е поранешниот фудбалер на Германија. Уругвајскиот голман, Фернандо Муслер,  преживеа двојната семејна трагедија додека играеше на Мундијалот во Русија. Прво починал неговиот вујко а само 48 часа подоцна Фернандо мораше да ја преживее загубата на неговата баба. Луис Енрике е апсолутен фаворит за селекторската функција во Шпанија. Претседателот на Федерацијата, Луис Рубиалес, имал кратки средби со неколкуте кандидати по што  Флорес…

Read More