Author: dino

Напаѓачот на Франција, Килијам Мбапе, иако има само  19 години во континуитет се поврзува со големите фудбалски имиња. Тој на натпреварот со Аргентина стана првиот тинејџер во последниве 60 години кој во елиминацискиот дел на Мундијалите дал два гола на еден меч. Тоа претходно го направи легенардниот Пеле кој на 17 години во дебитантскиот настап на СП ја затресе во два наврата мрежата на Шведска. Мбапе сега покажа неверојатни спринтови со кои може да му парира на „најбрзиот човек на планетава“ атлетичарот,  Усаин Болт. Интересно тоа што Мбапе има спортски гени. Неговата мајка Фејза Ламар, играла ракомет  кон крајот на…

Read More

Напаѓачот на Франција, Оливие Жиру,  пред полу-финалето со Белгија, вели дека легендата на францускиот фудбал, Тиери Анри,  ја избрал погрешната страна откако прифати да биде помошник-тренер во националниот тим на Белгијците. „Чудно е што Тиери Анри ќе биде против нас. Се разбира дека би сакал Анри да беше во нашиот камп и да дава совети на нашите напаѓачи“ вели 31-годишниот Жиру кој пред неколку години беше критикуван токму од Анри. „Тоа што го рече Анри останува во минатото.Треба да одиграме добро на мечот со Белгија и да бидеме компактни“ – вели напаѓачот на „триколорите“.

Read More

Претседателот на хрватската фудбалска федерација, Давор Шукер, апелира да се престане со споредбите меѓу неговата генерација која во 1998 година во Франција го освои третото место на Мундијалот и сегашнава која има реална шанса во најмала рака да го повтори тој успех на терените во Русија. „Треба да прекинеме со споредби и да заборавиме што се случи пред 20 години. Треба да бидеме задоволни од досега прикажаното во Русија. Јас сум горд бидејќи Хрватска повторно може да биде големо изненадување“ вели Шукер. „Русија одигра одличен меч против нас а Модриќ  повторно докажа дека е фудбалер од светска класа иако имаше…

Read More

Фудбалерот, Кевин Гамеиро, е ново име во редовите на Валенсија откако елитниот шпански прволигаш успешно ги финишираше преговорите со Атлетико Мадрид и плати отштета од 20 милиони евра. Напаѓачот има богато искусто во Примера Дивизион бидејќи подолг период настапуваше во Севилја и Атлетико Мадрид. Гамеиро откако не влезе во плановите на Диего Симеоне се определи да ја промени средината и да потпише се Валенсија. Тој на „Месталја“ доаѓа како замена за Симоне Заза кој во текот на летово си замина од тимот. Гамеиро ќе заработува околу три милиони евра по сезона.

Read More

Шведска има сила да ја победи Англија и да го освои Светското првенство доколку тимот се справи со притисокот кој е вообичаен пред големите мечеви, изјави поранешниот капитен и најдобар стрелец на „викинзите“, Златан Ибрахимовиќ. Тој разговараше со американските новинари во центарот за обука на ЛА Галакси и рече дека ќе биде тешко бидејќи влогот во сегашнава фаза е навистина премногу голем. „Сега нема толку големо значење колку си добар. Од четврт-финалето натаму, има многу емоции и кој ќе ги совлада најдобро тој ќе има предност. Мислам дека Шведска може да го направи тоа и да победи” – рече 36-годишниот…

Read More

Белгиска продавница за бела техника може да претрпи сериозен финансиски удар доколку белгиските фудбалери на Мундијалот во Русија продолжат да ги решетаат противничките мрежи.Имено, пред почетокот на Светското првенство беше направена промоција дека парите за секоја купен телевизор ќе им бидат вратени на клиентите доколку Белгија постигне повеќе од 15 голови. Во компанијата очигледно размислуваат за најлошото сценарио бидејќи Белгија даде 9 голови во групната фаза а потоа уште три во 1/8-финалето со што се доближува полека до 15 погодоци. Меѓу клиентите на продавницата е познатиот белгискиот напаѓач, Дрис Мертенс  кој изјави. „Сосема е можно телевизорите да бидат бесплатни за…

Read More

Шармантна Мис на Уругвај 2014, Јоана Рева, е вклучена во мундијалската еуфорија додека тече шампионатот во Русија. Дамата која беше избрана за најубава во нејзината татковина во 2014 годината кога се случи инцидентот на СП со гризењето меѓу Луис Суарез (Уругвај) и Џорџо Киелини (Италија), освои повеќе нови следбеници на социјалните мрежи. Таа презеде нови чекори и предизвика реакција кај многу фанови на фудбалот. Рева се појави на фотографиите во секси издание со високи спортски чорапи и долна облека.

Read More

Репрезентативецот на Хрватска, Дејан Ловрен, потенцира дека „коцкестите“ ќе се обидат во најмала рака да го повторат успехот на генерацијата од 1998-година која на Мундијалот во Франција го освои третото место. „Го пропуштив Европското првенство во 2016-та година, но, сега сум радосен бидејќи сум на Мундијалот и учествувам во прекрасните натпревари и нашите победи“ вели Ловрен. „ Фудбалерите кои се тука во репрезентацијава уште ги паметат и максимално ги почитуваат резултатите на играчите кои пред 20 години освоија бронза од Франција ’98 “. Работиме напорно и се надеваме дека ќе постигнеме нешто посебно”, рече Лорен.

Read More

Шеик Тамим бин Хамад ал Тани од Катар ќе присуствува на финалето на Светското првенство во фудбал на стадионот “Лужники” во рускиот главен град Москва на 15-ти јули. Тоа го изјави амбасадорот на  Катар во Русија, Фахд Мохамед ал-Атија. „Можам да потврдам дека Емирот на Катар ќе пристигне за да го гледа финалето на шампионатот”, рече дипломатот. Катар ќе биде домаќин на наредното Светско првенство во 2022 година. Играчот од средниот ред на Хрватска, Матео Ковачиќ, се вратил во тренинг процес в пресрет на дуелот со Русија во рамките на 1/4 финалето на Мундијалот во Русија. Тој заработи повреда на…

Read More
NBA

Луѓето од Лос Анџелес Лејкерс немаат намера да ги исполнат барањата на Сан Антонио Спарс и во замена за Ленард да испратат неколку помлади кошаркари од типот на: Бреднон Инграм, Кајл Кузма и Џош Харт. Згора на тоа „Лејкерси“ треба да се откажат од правото на избор на два пика во првиот круг на драфтот што е сосема неприфатливо за тимот од Калифорнија. Според објавеното, „езерџиите“ може да почекаат до наредното лето за да го ангажираат Каваи Ленард бидејќи тогаш ќе му истече договорот и ќе биде слободен играч. Тој во 2011 година беше избран од Јута како 15.пик на…

Read More