Author: dino

Големата ѕвезда на Сасуоло од штотуку завршената сезона, Матео Политано, сака да ја продолжи кариерата во Интер. 24-годишниот фудбалер во текот на зимата беше на чекор до тимот на Наполи, но, договорот пропадна во последната минута. Сега се појавија информации дека екипата од Неапол ќе направи повторен обид да дојде до потписот на Политано иако според „Газета Дело Спорт“,  во игра се вклучува и тимот на Интер. Наводно, тренерот на „нероаѕурите“, Лучијано Спалети, посакал да го купи голгетерот на Сасуоло  и со тоа да ја засили конкуренцијата во нападот. Во моментов, Интер е принуден да продаде дел од играчите за…

Read More

Министерот за спорт на Египет, Халед Абдел Азиз, преку неговиот профил на – „Фесјбук“, објави, дека Мохамед Салах кој се повреди на вчерашниот меч со Реал Мадрид во Лигата на шампионите, ќе се рехабилитира најмалку две недели. „Салах има проблем со рамото, тоа е простата дијагноза. Се очекува неговото лекување да трае две недели. Медицинскиот штаб на националниот тим ќе има континуирана соработка со колегите од Ливерпул кои ги направија прелиминарните истражувања“ – напиша Азиз. „Салах откако ќе ја заврши рехабилитацијата во Ливерпул, ќе и се приклучи на нашата репрезентација на подготовките во Италија ” – наведе Азиз. Светското првенство…

Read More

Велшкиот фудбалски репрезентативец во редовите на Реал Мадрид, Герет Бејл, блесна во полн сјај на вчерашното финале во Лигата на шампионите против Ливерпул. Тој иако влезе од клупата на 30-на минути пред крајот, успеа со два прекрасни погодока да му ја донесе третата титула во серија на  „кралскиот клуб“. „Бев разочаран што започнувам како резерва, но, тоа беше одлука на тренерот. Кога ќе влезам како замена, се обидувам да оставам впечаток  и мило ми е што го сторив тоа“ – изјави брзоногиот фудбалер и наметна дилема дали ќе остане во тимот иако имаше шпекулации дека ќе биде ставен на трансфер…

Read More

Ракометарите на Вардар денеска против ПСЖ од 15.00 часот ќе се борат за третото место на завршниот Ф4 турнир во Лигата на шампионите кој се одржува во германскиот град, Келн. Вчера „вардарци“ загубија од Монпелје додека ПСЖ беше поразен од тимот на Нант. Големото финале меѓу Монпелје и четата на нашиот Кире Лазаров во „Ланксес Арена“ ќе започне во 18.00 часот. Третпат во историјата на „фајнал-фор“ турнирите, две екипи од иста држава ќе се борат за победничкиот пехар. Претходно тоа го направија Атлетико Мадрид и Барелона (2011) и Фленсбург и Кил (2014).  Треба да се напомене дека Нант е третиот дебитант кој…

Read More

Реал Мадрид испиша нова стрaница во фудбалската историја откако стана првиот тим што три сезони по ред го освоил победничкиоот пехар во Лигата на шампионите. Шпанскиот гигант успеа да го совлада во финалето во Киев тимот на Ливерпул со 3 спрема 1 благодарение на головите на Бензема и Герет Бејл. Французинот во 51 минута искористи неверојатна грешка на голманот Кариус додека Велшанецот со два-евро гола практично го задржа пехарот од претходните две сезони на „Сантијаго Бернабе“. Кристијано Роналдо по мечот во Украина успеа да дојде до петтиот пехар во елитата додека тренерот, Зинедин Зидан, е првиот кој успеа да спои…

Read More

Ракометарите на Вардар  нема да ја бранат титулата европски шампион откако загубија од Монпелје со 28 спрема 27 второто полу-финале на Ф4 турнирот во Келн. „Црвено-црните“ потфрлија во одбраната, Штербик остана без вообичаениот ефект а Милиќ иако имаше неколку значајни одбрани не можеше да го сврти мечот. Циндриќ, Дибиров, Борозан и другите ѕвезди беа далеку од посакуваниот ритам. Французите  беа крајно мотивирани, луцидни, брзо дејствуваа и во одбаната и во нападот и практично од самиот почеток го диктираа темпото. Во нашиот тим Вуко Борозан и Лука Циндриќ постигнаа по шест голови додека кај противникот се издвои Валентин Порт со осум…

Read More

Возачот на Ред Бул, Даниел Рикардо, ја обезбеди првата позиција за утрешната трка во Формула 1 која ќе биде возена низ улиците на Монако. Австралиецот во третата сесија извозе круг за 1:10.810 што е нов рекорд низ улиците на Монте Карло. Германецот Себастијан Фетел се избори за второто место а Британецот, Луис Хамилтон заврши како трет. Друштво во вториот ред ќе му прави Кими Раиконен. Во првите десет позиции обезбедија и: Валтери Ботас, Естебан Окон, Фернандо Алонсо, Карлос Саинц, Серхио Перез и Пјер Гасли.Макс Верстапен по сударот во третиот слободен тренинг не ги започна квалификациите и утре ќе стартува од…

Read More

Финалето во Лигата на фудбалските шампиони во 2020 година ќе биде реализирано на стадионот „Ататурк“ во Истанбул. Тоа значи дека завршницата на елитната конкуренција во Европа повторно се враќа во Турција на истиот стадион на кој во 2005 година беше одигран мечот меѓу Ливерпул и Милан. Тогаш англичаните губеа со 3-0 по првиот дел но, во вториот успеаа да изедначат а на крајот и да го освојат победничкиот пехар. Стадионот „Ататурк“ само во одредени случаеви го користи Галатасарај кога настапува во европските купови. Финалниот меч од Лига Европа во 2020 година ќе биде реализиран на стадионот во Гдањск (Полска) додека…

Read More

Светското првенство во Русија ќе биде организирано на највисоко ниво, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Пешков. „Тоа ќе биде светски фудбалски празник … Што и да каже било кој тоа ќе биде најдоброто Светското првенство некогаш организиран на планетата Земја “ – изјави Пешков во интервју за телевизијата „НТВ“ на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург. Светското првенство  ќе се одржи од 14 јуни до 15 јули во : Москва, Санкт Петерсбург, Самара, Саранск, Ростов-на-Дон, Сочи, Казан, Калининград, Волгоград, Нижни Новгород и Екатеринбург.

Read More

Шпанецот, Андрес Иниеста, денеска потпиша договор со јапонскиот елитен фудбалски клуб Висел Кобе. 34-годишниот плејмејкер за три сезони ќе добие околу 90 милиони долари. Иниеста на специјална прес-конференција во Токио беше претставен од сопственикот на тимот, Хироши Микитани. Фудбалерот ја напушти Барселона по 22 години со одиграни 674 натпревари и освоени 32 трофеја. Неговиот нов тим по 15 кола се наоѓа на шестото место на табелата во тамошниот шампионат. Легендата на Барса е еден од најтрофејните играчи во светот. Тој во богата ризница има пехари од шпанската Ла Лига и Купот на земјата, Лигата на шампионите, Европскиот и Светскиот суперкуп,…

Read More