Author: dino

Ракометарите на Вардар го совладаа Металург со 30 спрема 26 и сосема очекувано го освоија првото место во Купот на Македонија. Вардарци во денешното финале одиграно во салата „Младост“ во Битола само го потврдија квалитетот и лесно стигнаа до посакуваната победа. Металурзите иако се обидоа да парираат, на крајот мораа да му честитаат на подобриот тим. Вардар сега има 13 трофеи од Купот –  (1997, 2000, 2001, 2003, 2004, 2007, 2008, 2012, 2014, 2015, 2016, 2017 и 2018). Натаму следуваат. Металург –  5 (2006, 2009, 2010, 2011, 2013), Пелистер – 5 (1995, 1996, 1998, 1999, 2005) Борец –  1 (1994), Шевро Куманово…

Read More

Кошаркарскиот состав на Работнички пред стартот на финалната серија во плеј-офот со МЗТ Скопје, испрати соопштение до јавноста. – Работнички донесе одлука дека нема да прифати организирана гостинска навивачка група. Оваа постапка не ја покренуваме заради некаква скриена намера, туку, поради последните случувања во салата „Градски Парк“ кога настана прекин поради фрлање на тврди предмети, плукање и недолично однесување. Инцидентот беше предзвикан токму од трибината на која беше сместена гостинската навивачка група а клубот беше парично казнет“ – се вели во дел од соопштението на Работнички. -Свесни сме за капацитетот и условите кои ги нуди салата „Градски Парк“ и затоа…

Read More

Фудбалерот на Ливерпул, Фирмињо, се надева дека ќе го постигне десетиот гол во Лигата на шампионите во големото финале со Реал Мадрид закажано на 26 мај на стадионот во Киев. „Јас секогаш сакам повеќе и никогаш не сум задоволен”, рече 26-годишниот фудбалер на „црвените“, кој има блескава сезона. Тој во интервјуто за сајтот на УЕФА вели дека омилен играч и воедно и идол му бил Роналдињо. Фирмињо даде и негово мислење за досегашните мечеви во ЛШ. „Сите натпревари а посебно со Манчестер Сити и со Рома ги одигравме одлично. Ја играм првата сезона во Лигата на шампионите и сум еден…

Read More

Тренерот на кошаркарите на Фенербахче, Жељко Обрадовиќ, на завршниот Ф4 турнир кој ќе се реализира од денеска до недела во Белград, ќе се обиде да го освои десеттиот пехар во Евролигата. „Многу сум среќен што можам да поминам одредено време со значајни луѓе. Знам колку е тешко да се стигне до завршниот турнир“ вели тофејниот тренер кој со неговиот тим ќе ја брани титулата од претходната сезона. „Пред финалето размислувам само за дуелот со Жалгирис. Атмосферата ќе биде одлична, од Истанбул ќе дојдат многу навивачи а Белграѓани ќе имаат избор за кого да навиваат“ – вели Обрадовиќ.

Read More

Легендата на Јувентус , Џиџи Буфон, кој на крајот на сезоната ќе си замине од Торино, добил понуда од францускиот фудбалски шампион, ПСЖ, објавија дел од медиумите. Според „ЕСПН“ кој се повикува на извори од клубот од „Паркот на принцовите“, ПСЖ бара стабилен и искусен голман. Тоа го потврди и Силвио Мартина, агентот задолжен за трансфери на легендарниот голман. „Има понуди за Буфон, но засега ништо немаме решено. Џиџи прво ќе оди на одмор а потоа ќе видиме што ќе се случи“, потенцирал менаџерот на италијанскиот голман.

Read More

Емерик Лапорте кој не беше повикан од селекторот на фудбалерите на Франција за годинашниов  Мундијал во Русија, се надева дека ќе добие повик од селекторот на „црвената фурија“  бидејќи има и шпански пасош. Според информациите кои доаѓаат од земјата на „Галските петли“ Лапорте е подготвен да го промени националниот дрес и да настапи за селекцијата од Пиринеите. Тој е роден во Франција но поголемиот дел живот го помина во Баскија и кариерата ја изгради во Атлетик Билбао и има и шпанско државјанство. Предводникот на Шпанија, Лопетеги,  конечниот список за Мундијалот ќе го соопшти в понеделник.

Read More

Трката во Формула 1 реализирана на патеката во Шпанија ќе остане во лошо сеќавање на луѓето од Ферари. Нивните болиди ја немаа потребната брзина, гумите на Пирели не одговорија на условите на патеката а Кими Раиконен не успеа да ја помине целта бидејќи имаше проблеми со моторот. Запрашан дали е изненаден од враќањето на Мерцедес на победничките патеки, Раиконен одговори. „Тие беа многу блиску до нас, мислам дека среќата ги следеше во Барселона. Можеби беа подобри поради патеката или во прашање е нешто друго, ќе видиме понатаму“ – изјави Раинокен.

Read More
NBA

Кевин Дурант беше најдобар играч на Голден Стејт на теренот на Хјустон во разигрувањето за титулата во кошаркарската НБА лига. Сепак неговата добра партија не беше доволна да се избегне поразот од 127 спрема 105 по  што Хјустон дојде до изедначување во победи на 1-1. „Ние не сме непобедливи. Да, ние сме добар тим, но, и друга страна има одлични кошаркари. Шармот на играта е во тоа. Убавина. Понекогаш победувате. Понекогаш добивате удар во лицето. Целата убавина е како ќе реагирате на ударот “, рече Дурант по мечот со Хјустон. Наредните два натпревара од финалето на Западната конференција ќе се…

Read More

Во пресрет на финалето на Лигата на шампионите во фудбал меѓу Реал Мадрид и Ливерпул, островски медиуми излегоа со интересна статија околу односот на тренерот на „црвените“, Јирген Клоп и спортскиот директор, Мајкл Едвардс. Според наведенот, тие максимално се респектираат и најчесто додека појадуваат или ручаат заедно, ги разгледуваат детално сите фудбалери. Додека Едвардс ги преферира активностите што му овозможуваат да се движи на трансфер-пазарот,  Клоп никогаш не се меша во трансферната политика. Затоа Мајк Гордон вели дека блискоста меѓу спортскиот директор и Клоп е главното оружје за сегашниот успех на клубот.

Read More

Македонскиот тенисер, Томислав Јотовски, со победа го започна настапот на фјучерсот во Добој (БИХ) кој се реализира за награден фонд од 15.000 американски долари. Тој во првото коло славеше против Ден Пропоџа од Австралија со убедливи 2 спрема 0 по сетови 6-3 и 6-0. Во меч кој траеше околу 50 минути, Јотовски имаше одличен процент на прв сервис – 29/41 (71.00 %). Македонецот имаше и одличен процент на освоени  поени по прв сервис или 79 проценти.

Read More