Author: dino

Ракометарките на Вардар и во петтиот обид не успеаа да го освојат врвот на Европа. Тие денеска во финалето во Будимпешта загубија по продолжение од унгарскиот Ѓер со 27 спрема 26 откако во регуларниот дел мечот заврши 20 спрема 20. Тоа беше практично последниот меч за „црвено-црните“ во сегашниов состав во евро-конкуренцијата бидејќи од наредната сезона тимот ќе се потпира само на домашните ракометарки .Во крајно изедначен меч во регуларните 60-ет минути ниту еден од тимовите не успеа да се наметне. Одбраните беа посилниот дел а нападот не ја донесе посакуваната предност за двата тима. Во продолженијата, составот на Ѓер…

Read More

Возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Валтери Ботас, покажаа најмногу на денешната трка во Формула 1 возена за Големата награда на Шпанија на патеклата во Барселона и постигнаа еден-два победа за нивниот тим. Британецот доминираше откако ја поведе трката од пол-позицијата додека  Ботас ја искористи лошата стратегија на Ферари и успеа да се пробие на второто место. Последното место на пиедесталот го пополни, Макс Верстапен од Ред Бул. Четврти беше Себастијан Фетел а бодови уште освоија и:Даниел Рикиардо, Кевин Магнусен, Карлос Саинц, Фернандо Алонсо, Серхио Перез и Шарл Леклер. Во генералниот пласман, Хамилтон има 95 бодови по пет извозени трки,…

Read More
NBA

Предраг Пеџа Стојаковиќ, поранешниот кошаркарски репрезентативец на Србија кој играше за неколку екипи во НБА лигата,  сега е поставен за генерален менаџер на Сакраменто Кингс. Одлуката ја донел првиот човек на тимот, Владе Дивац. Според објавеното, Стојаковиќ кој со тимот на Далас во 2011 година го освои шампионскиот прстен, сега ќе биде на раководната функција во Сакраменто Кингс. Србинот кој во богатата кариера играше за Црвена Ѕвезда и грчкиот ПАОК, од 1998-та го облече дресот на Сакраменто Кингс и таму остана до 2006 година по што направи трансфер во Индијана. Популарниот Пеџа кој ќе остане запаметен по неговите шутеви за…

Read More

Марио Балотели кој одигра две одлични сезони во дресот на францускиот состав Ница, ќе добие повик да настапи во репрезентацијата на Италија, објавија денеска дел од медиумите во неговата татковина. Според наведеното, селекторот на „аѕурите“, Роберто Манчини, сака да го повика напаѓачот кој последен пат беше активен со репрезентативните колеги во 2014 година. Балотели кој досега ги носеше дресовите на: Манчестер Сити, Интер, Милан и Ливерпул, може да се врати во Серија „А “ доколку се остварат шпекулациите дека за неговите услуги се заинтерсирани луѓето од Фиорентина.

Read More

Рафаел Надал потврди дека е – „Крал на земја“ откако забележа триумф против Диего Шварцман и се квалификуваше за 1/4-финалето на тенискиот турнир во Мадрид. Шпанецот на тој начин стигна до 50-та победа со што го надмина легендарниот, Џон Мекинро (САД) кој има остварено 49 победи во серија на иста подлога. Надал во четвртфиналето ќе излезе на мегдан со Доминик Тим кој како потсетување, му беше противник во минатогодишното финале токму на турнирот во Мадрид.

Read More

Четврта година по ред Манчестер Јунајтед е највредниот фудбалски бренд во светот според извештајот на – „Бренд финанси“. Вредноста на англискиот состав се проценува на 1 милијарда и 551 милиони евра. Веднаш за „црвените ѓаволи“ е европскиот шампион Реал Мадрид со 1 милијарда и 288 милиони евра додека Барселона е на третото место со 1 милијарда и 237 милиони евра. Тука се издвојуваат и Баерн Минхен со 1.151 милијарди евра, Манчестер Сити 1.090 милијарди евра, Ливерпул со 986 милиони евра  и Челзи со 978 милиони евра. Интересно е дека меѓу првите десет на листата нема ниту еден тим од Италија.

Read More

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет Д-р Васил Тупурковски и неговиот колега од Намибијскиот олимписки комитет, Сер Aбнeр Ксоагуб, потпишаа договор за соработка во областа на спортот. Двата субјекта ќе соработуват во унапредување на стручниот кадар, обуките за тренери, размена на научни искуства од областа на спортот, развој и обука на спортскиот менаџмент и спортската администрација. Со договорот се регулира и соработката на МОК со Намијбијскиот олимписки комитет во однос на координација на Олимписките програми на Националните спортски федерации и нивна поблиска комуникација и соработка за унапредување на спортските перформанси на најдобрите спортисти од двете земји.

Read More

Голманот на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа по вчерашниот меч без голови на теренот на Вест Хем одигран во рамките на Премиер лигата, сосема заслужено ја доби наградата – „Златна ракавица“. Шпанскиот чувар на мрежата со освојување на наградата само ги потврди изјавите на многумина дека во овој момент е најдобар голман во најсилната фудбалска конкуренција на Англија. Тој на дуелот со „чеканите“ по 18 пат во сезонава ја сочува мрежата недопрена што автоматски значеше дека ќе ја освои наградата која по 9 години (Едвин Ван Дер Сар – 2009) повторно завршува во рацете на голман на „црвените…

Read More

Напаѓачот на Валенсија, Симоне Заза, кој постигна 18 голови во досегашниот дел од сезоната може да се врати во фудбалска Италија. Голгетерот иако пружа добри партии сепак не успеа да се вклопи во системот на тренерот на Шпанците кој преферира игра со двајца брзи напаѓачи. Според наведеното во медиумите, стратегот на Милан, Џенаро Гатузо, проценил дека Заза може да ја пополни празнината во нападот на “росонерите“ посебно ако се знае дека Никола Калиниќ и Андре Силва, најверојатно ќе бидат ставени на траснфер-листата. Ќе потсетиме дека Заза во претходното лето за 16 милиони евра го напушти Јувентус и се пресели во…

Read More

Ракометарките на Вардар на завршниот Ф4 турнир во Будимпешта во текот на викендот по петти пат ќе се обидат да го освојат победничкиот пехар во Лигата на шампионите. Нашиот тим од вчера е во Унгарија и во победничко расположение ги одработува завршните подготовки за полуфиналниот меч со Ростов Дон. Европски вице-првак на саботниот меч ќе ја има улогата на фаворит против дебитантот од Русија кој за прв пат ќе има можност да настапи на завршниот фајнал-фор турнир. Нашето крило, Јованка Радичевиќ, предупредува дека противникот има опасен контра-напад. „Треба да внимаваме на играта на противникот и да бидеме добри во одбраната.…

Read More