Author: dino

Даниел Рикардо со болидот на Ред Бул победи во денешната возбудлива трка во Формула 1 возена за ГП на Кина на патеката во Шангај. Австралиецот имаше проблеми за време на подготовките и трката ја започна од шестото место, но, одлично го искористи движењето на безбедносното возило и дојде до победата во третата сезонска трка. Возачот на Мерцедес, Валтер Ботас, водеше во поголемиот дел од трката, но, Рикардо успеа да го остави Финецот на второ место. Неговиот сонародник, Кими Раиконен од Ферари, на крајот се искачи на третото место на подиумот.  Бодови уште освоија и Верстапен, Фетел, Хамилтон, Хулкенберг, Алонсо, Саинц…

Read More

Во очи на ждрепката за полуфиналето од ЛШ, од Баерн (М) и официјално го објавија наследникот на Јуп Хејнкес на кормилото на тимот следната сезона. Неговото име е Нико Ковач и тој доаѓа во Минхен од Ајнтрахт (Ф) на 1 јули оваа година. Договорот на Ковач со баварскиот гигант ќе биде за период од три години. Во моментов Хрватот е на чело на Ајнтрахт и има реална шанса да го однесе тимот до настап во европските купови. Минатата сезона Ковач успеа со Ајнтрахт да дојде и до финалето од Купот на Германија.

Read More

Светскиот шампион Луис Хамилтон оствари најдобро време во двете тренинг сесии пред трката за Големата награда на Кина во Шангај. Британецот беше побрз од Финецот Кими Раиконен на Ферари кој заврши со второ најдобро време. Трет беше уште еден Финец, Валтер Ботас, а четврти Себастијан Фетел. Макс Верстапен забележа подобрување на времето и на крајот се задоволи со петто најдобро време во Шангај денеска.

Read More

Реал Мадрид-Баерн Минхен и Ливерпул -Рома се полуфиналните двојки во Лигата на фудбалските шампиони. По денешното составување на двојките во седиштето на УЕФА во Нион, бранителот на пехарот ќе гостува во првиот меч на „Алијанц Арена“ додека реваншот ќе го одигра на „Сантијаго Бернабе“. Англиско-италијанската пресметка меѓу Ливерпул и Рома ќе стартува на Островот а ќе заврши на теренот на Римјаните. Првите полуфинални натпревари се играат на 24. и 25. април, а реваншите се на 1. и 2. мај. Финалето е на распоред на 26. мај на Олимпискиот стадион во Киев.

Read More

Англискиот Арсенал ќе игра со шпанскиот Атлетико Мадрид а Олимпик Марсеј од Франција ќе се сретне со австрискиот Салзбург во полу-финалните пресметки во фудбалската Лига на Европа. Ждрепката беше немилосрдна за „топчиите“ и „јорганџиите“ кои ќе мора да ги одмерат сили на само еден чекор пред големото финале. Двата тима во конкуренција на Олимпик Марсеј и Салзбург се наметнуваа како фаворити, но, сега еден од нив ќе мора да отпаден во последниот елиминациски филтер. Првите мечеви во Лондон и на „Велодром“ ќе бидат одиграни на 26 април а реваншите на „Винсенте Калдерон’ и во Австрија се закажани за 3 мај.…

Read More

Нов допинг скандал е на повидок во бијатлонот. Според последната информација на „Ле Монд“, двократниот олимписки шампион од 2010 година, Евгени Устигов, може да биде казнет поради користење на допинг. Интересен е фактот дека Меѓународната унија за бијатлон (IBU) не информираше за ситуацијата околу Устигов додека „WADA“ го разгледува случајот. Информацијата е објавена од Григориј Родченков, кој е во основата на сите допинг разговори околу Русија во последниве неколку години. Русинот освои два медала на Игрите во Ванкувер во 2010 – злато во масовен старт и бронза во класичната трка.

Read More

„ESPN“ направи анонимна анкета меѓу 13 кошаркари на Кливленд Кавалирс за различните индивидуални признанија а во гласањето за „MVP“ тие се речиси едногласни – 12 од нив потенцирале дека Леброн Џејмс треба да ја добие наградата. Еве како играчите на Кливленд гласале за другите награди: Дебитант на годината – Донован Мичел (7 гласови), Бен Симонс (4 гласови), „прогресивен играч” – Виктор Оладипо (11), Клинт Капело (1), Никола Јокиќ (1). „Дефанзивец на годината” – Руди Гобер (5), Џош Ричардсон (2), Пол Џорџ (1), Андре Роберсон (1), Маркус Смарт (1), ДеАндре Џордан (1), Џорџ Хил (1), Клинт Капело (1). „Тренер на годината”…

Read More

Кевин Дурант сака да ја поправи грешката од минатата година кога потпиша договор со екипата на Голден Стејт Вориорс за далеку помала заработувачка во однос на сумата што можеше да ја добие во Оклахома Сити Тандер. Според медиумите во САД, 29-годишниот кошаркар кој има освоено една НБА титула, еднаш беше МВП на лигата и дури девет пати настапи на „Ол-стар“ мечевите, сега ќе побара нов договор со далеку поголема плата. Дурант одигра 68 натпревари на кои во просек имаше по 26,4 поени, 6,8 скокoви и 5,4 асистенции.

Read More

Во СЦ Јане Сандански денеска започнува завршниот турнир во ракометната СЕХА лига. Вардарци од 17.45 ќе играат со Мешков Брест од Белорусија додека од 20.15 часот ППД Загреб (Хрватска) ќе излезе на мегдан со Целје (Словенија). „Црвено-црните“ и хрватскиот шампион ППД Загреб немаат пропуштено Ф4 турнир, Мешков не играше на првиот во додека тимот од Словенија е дебитант. Четата на Раул Гонзалес ќе се обиде да ја освои четвртата титула, унгарскиот состав Веспрем има две а Загреб само еднаш го подигнал победничкиот пехар. Победниците од денешните мечеви в недела од 20.15 часот ќе се сретнат во големото финале додека поразените…

Read More

Капитенот на Арсенал, Лоран Кошчелни, признава дека неговиот состав одиграл слабо на вчерашниот меч со ЦСКА Москва иако успеа да обезбеди место меѓу најдобрите четири екипи во Лига Европа. Средбата во Русија заврши нерешено 2 спрема 2 а „топчиите“ одат во наредната рунда благодарение на победата во првиот меч во Лондон со 4 спрема 1. „Тоа не беше планот. Мислам дека ни недостигаше многу движење за да парираме.Тие ги искористија шансите и ни направија многу проблеми. Треба да бидеме сигурни во себе. Тоа е нашата последна шанса да се пласираме во Лигата на шампионите и затоаќе се бориме до крајот…

Read More