Author: dino

Нико Ковач ќе го наследи Јуп Хајнкес на клупата на Баерн Минхен. 46-годишниот стратег кој има одлични резултати со екипата на Ајнтрахт Франкфурт, можеби неочекувано излезе во преден план откако главниот кандидат за клупата на Баварците, Томас Тухел, се определи да ја прифати понудата од ПСЖ. Хрватот од 2001 до 2003 година успешно ги бранеше боите на германскиот состав. Тој одигра 34 средби

Read More

Новинарите во Шпанија денеска експресно го пронајдоа виновникот за шокантниот пораз на Каталонците на теренот на Рома и елиминацијата во Лигата на шампионите. Тие го вперија прстот кон Хрватот, Иван Ракитиќ. Еве само дел од тоа што го напишаа влијателните медиуми на Пиринеите. „Неговата задача беше да му помага на Бускетс во средината како и да повлече напад кога е тоа потребно, но, тој не го направи ниту едното, ниту другото. Негов најлош натпревар во најлош момент“, пишува Мундо Депортиво. „Марка“ наведе дека Ракитиќ не успеал да го наметне неговиот стил на игра на средината а „АС“ дека било невозможно да…

Read More

Претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски, како дел од Комисијата на ФИФА за утврдување на условите кои го нудат државите кои се кандидираат за домаќини на Светскиот Куп во 2026 година, во наредните денови ќе биде во работна посета на Северна Америка и Мароко. „Фудбалот е игра за сите, било каде во светот а примарна цел на ФИФА е да го промовира неговиот развој. Фудбалот е заеднички јазик во земјите кои во наредните десетина дена ќе ги посетиме и преку дијалог ќе се соочуваме со предизвиците. Страста за фудбалот не е нималку спорна ниту во Северна Америка, ниту…

Read More

Легендарниот голман на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, откри со каква порака ги мотивирал соиграчите пред денешното гостување кај Реал мадрид во Лигата на шампионите. Бидејќи италијанскиот тим има речиси невозможна мисија да ја анулира негативата од првиот меч од 3:0, лесно може да се случи токму денешниот натпревар да му биде последен на Буфон во Лигата на шампионите. Запрашан дали очекува стоечки овации од гледалиштето на „Бернабе“, популарниот Џиџи имаше интересен одговор. „Научив дека ништо не треба да очекувате во животот. Се сеќавам дека тука имам добиено убав спортски аплауз, но, навивачите на Реал не ми должат ништо. Не очекувам овации“…

Read More

Аргетинската ѕвезда, Лео Меси, не им честиташе на играчите на Рома по сензационалната елиминација во Лигата на шампионите. Тој откако заврши мечот експресно побегна во соблекувалната што не е вообичаено за големите ѕвезди. Меси очигледно крајно фрустриран по неочекуваниот убедлив пораз од 3-0, немаше желба да му честита на противникот а тоа добро го уловија телевизиските камери. Барселона иако ја имаше улогата на голем фаворит по победата на домашен терен од 4 спрема 1, сепак не успеа да влезе во 1 / 2 финалето во Лигата на шампионите.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, објасни што му кажал на судијата на вчерашниот реванш меч со Ливерпул во 1 /4 финалето во Лигата на шампионите. Неговиот тим загуби на „Етихад“ со 2 спрема 1 и со двата пораза од „црвените“ го заврши настапот во најсилната конкуренција во Европа. „Му реков дека тоа беше чист гол кога топката дојде до Сане, затоа ме исклучи од натпреварот“ – рече Гвардиола. На снимките јасно се гледа дека не станува збор за никаков прекршок врз голманот на  Клариус и дека Сане не се наоѓа во недозволена позиција.

Read More

Претседателот на фудбалскиот состав Рома, Џејмс Палота, ја славеше историската победа против Барселона заедно со фановите на плоштадот во Рим. Неговата радост беше толку голема што и тој се фрли во една од фонтаните. „Никогаш не сум ја видел Рома да одигра толку доминантно против еден противник. Немавме среќа во првиот меч, со недосудени пенали и се останато. Тоа што се случи вечерва беше неверојатно“, изјави Палота. Рома сега ќе го чека противникот за наредната фаза во Лигата на шампионите.

Read More

Легендата на фудбалскиот состав Барселона, Андрес Иниеста, по вчерашната елиминација во Лигата на шампионите најави дека ќе си замине од тимот. „Не очекувавме да ја испуштиме предноста од првиот меч. Сите сме разочарни бидејќи сакавме да ја освоиме Лигата на шампионите“ – вели Иниеста. „ Поразот многу боли бидејќи ни ги уништи плановите. Веројатно тоа беше мојот последне меч иако сега не е моментот да се каже такво нешто“ потенцираше Иниеста кој најверојатно ќе мора да се задоволи со пехарите во Примера и во Купот на Шпанија.

Read More

Фудбалерот на Рома, Даниеле Де Роси, беше пресреќен по вчерашната победа против Барселона со 3-0 која ја однесе „волчицата“ меѓу најдобрите четири екипи на Стариот континент. „На првиот меч се виде дека Барселона го нема квалитетот од минатото. Тогаш постигнавме два авто-гола и немавме среќа во одредени ситуации. Знаевме дека поразот од 4-1 не е реален“ – изјави играчот на Римјаните. „Пред почетокот на мечот им реков на соиграчите дека треба да веруваат во успех. Фановите беа извонредни а нашиот тренер смисли одлична формација е успех. Беше тешко да се постигнат три гола и да се зачува сопствената мрежа, но,…

Read More

Тенисерите на Хрватска со победата против Казахстан влегоа во 1 / 2 финалето во Дејвис Купот и си обезбедија дуел со САД. „Коцкестите“ ќе ја имаат улогата на домаќини а тениската федерација на Хрватска допрва ќе реши на која локација ќе се реализира мечот откако ќе ја слушне желбата на играчите дали сакаат да играат на отворено или пак, во сала. Според правилата на ИТФ, за мечевите во 1 / 2 финалето мора да има најмалку 8.000 места за седење доколку ИТФ не дозволи бројката да биде намалена. Хрватите досега имаа одиграно четири средби против САД и имаат максимален ефект…

Read More