Author: dino

Фудбалерот на Рома, Даниеле Де Роси, беше пресреќен по вчерашната победа против Барселона со 3-0 која ја однесе „волчицата“ меѓу најдобрите четири екипи на Стариот континент. „На првиот меч се виде дека Барселона го нема квалитетот од минатото. Тогаш постигнавме два авто-гола и немавме среќа во одредени ситуации. Знаевме дека поразот од 4-1 не е реален“ – изјави играчот на Римјаните. „Пред почетокот на мечот им реков на соиграчите дека треба да веруваат во успех. Фановите беа извонредни а нашиот тренер смисли одлична формација е успех. Беше тешко да се постигнат три гола и да се зачува сопствената мрежа, но,…

Read More

Тенисерите на Хрватска со победата против Казахстан влегоа во 1 / 2 финалето во Дејвис Купот и си обезбедија дуел со САД. „Коцкестите“ ќе ја имаат улогата на домаќини а тениската федерација на Хрватска допрва ќе реши на која локација ќе се реализира мечот откако ќе ја слушне желбата на играчите дали сакаат да играат на отворено или пак, во сала. Според правилата на ИТФ, за мечевите во 1 / 2 финалето мора да има најмалку 8.000 места за седење доколку ИТФ не дозволи бројката да биде намалена. Хрватите досега имаа одиграно четири средби против САД и имаат максимален ефект…

Read More

Претседателот на фудбалскиот состав Реал Мадрид, Флорентино Перез, призна дека во минатото се обидел да ја привлече легендата на Рома, Франческо Тоти. Така наречениот принц на Рим ја помина целата кариера на „Олимпико“ иако повеќе европски гиганти се обидоа да го обезбедат неговиот потпис. „Тоти е една од легендите што сите сакаа да ја имаат. Кога започна мојата ера во Реал Мадрид му се јавив на Тоти и го прашав дали сака да премине во нашиот тим, но, тој ми одговори дека не може да ја напушти Рома ” – изјави Перес за „Gazzetta dello Sport“ и се надоврза на…

Read More

Претседателот на фудбалскиот состав Рома, Џејмс Палота, негира дека голманот Алисон ќе го напушти тимот по крајот на сезоната. Американскиот сопственик пристигна во главниот град на Италија за да го гледа денешниот реванш со Барселона во елиминациската фаза на најкомерцијалниот европски турнир. „Зошто треба Алисон да си замине? Тој има договор со тимот и има одлични квалитети. Не гледам причина да го напушти тимот” – вели Палота. „Мислам дека одигравме одлично во првиот дуел со Барселона. Немавме среќа и си постигнавме два авто-гола. Не ни беа досудени и два пенала. Имаше игра со рака и требаше да добиеме пенал. Момците…

Read More

Швајцарскиот фудбалски состав Грасхоперс го тренерот Мурат Јакин, откако 27-кратниот шампион се спушти во зоната за испаѓање во локалната Супер лига. Поранешниот тренер на Базел и на Спартак (Москва) ќе ги напушти сино-белите заедно со неговиот брат Хакан Јакин. Мурат пред седум месеци го презема кормилото на Грасхоперс, но, не успеа да ја направи потребната промена во клубот. Грасхоперс е во моментов на 6-то место со 32 поени откако во последните девет средби забележа само две победи. Грасхоперс кој последен пат беше шампион на Швајцарија пред 15 години, сега има само 4 бодови повеќе од последниот на табелата екипата на…

Read More
NBA

Кливленд се засили со искусниот центар, Кендрик Перкинс, за претстојните средби од плеј-офот во НБА лигата. 33-годишниот Перкинс ја помина летната подготовка со вице-шампионот, но, во средината на октомври беше испратен во вториот тим на клубот. Таму во 27 средби имаше во просек по 8,9 поени и 7,2 скока. Искусниот центар за последно играше за Њу Орлеанс во сезоната 2015/2016 кога постигна по 2,5 поени и 3,5 скока во 37 средби. Перкинс е шампион на НБA со Бостон во 2008 година а во 2015 година беше дел од составот на Кливленд во плеј-офот, но, забележа само 33 mинути во вкупно…

Read More

Напаѓачот на Чикаго, Патрик Кејн, ќе биде капитен на националниот тим на САД на Светското првенство во хокеј на мраз кое ќе се реализира во месеј мај во Данска. 29-годишниот Кејн учествувал само еднаш на светските шампионати и тоа во 2008 година кога  дебитираше во екипата на Чикаго во НХЛ лигата. Кејн во 2010 година стигна до сребрен медал на Олимпијадата во Ванкувер. Тренер на Американците ќе биде Џеф Блашил кој во НХЛ го води тимот на Детроид а негови помошници ќе бидат Дан Балсма, Дон Гранато и Сет Аперт.

Read More

Фудбалерите на Манчестер Сити денеска ќе имаат тешка задача да ја анулираат негативата од првиот меч кога загубија кај Ливерпул со 3 спрема 0. „Граѓаните“ кои се влезени во лоша серија  ќе мора да одиграат маестрално за да влезат меѓу најдобрите четири во Лигата на шампионите. „Црвените” имаат одлична традиција кога станува збор за  1/4-финалето бидејќи од 13 учества во дури девет наврати продолжиле во наредната рунда. Згора на тоа, гостите можат да се пофалат и со позитивен биланс против англиските тимови – 5: 3 иако никогаш не победиле на противничкиот стадион. Веројатно состави: Манчестер Сити (4-3-3): Едерсон; Вокер, Компани,…

Read More

Јужноафриканецот Акани Симбин ја освои титулата на 100 метри кај мажите на Игрите на Комонвелтот во Голд Кост а претставничката на Тринидад и Тобаго, Мишел-Ли Ахи успеа да победи во истата дисциплина кај жените. 24-годишниот Симбин се закити со златниот медал откако патеката ја помина за 10.03 секунди. Неговиот сонародник, Хенрик Бруинтие, го освои среброто а фаворитот за титулта, Јохан Блејк (Јамајка), остана со бронзен медал.Кај жените Ахиј триумфираше со резултат од 11.14 сек пред Кристал Вилијамс и Гаион Еванс, двете од Јамајка кои постигнаа идентичен резултат од 11.21 секунда. Англичанка Аша Филип остана на четвртото место. „Дојдов тука и…

Read More

Поранешниот генерален менаџер на Лос Анџелес Лејкерс, Мич Купчак, потпиша договор со кошаркарскиот состав на Шарлот Хорнетс. 63-годишниот специјалист ја презема функцијата претседател и генерален менаџер на клубот од НБА, објавија денеска светските агенции. Тој во екипата на Шарлот ќе го замени Рич Чо, кој полека го одработува договорот и нема да добие нова шанса. Ќе потсетиме дека тимот на Шарлот Хорнетс е во сопственост на легендарниот, Мајкл Џордан. „Среќен сум што ќе му се приклучам на Шарлот.  Разбирам колку е значајна кошарката за градот и за државата. Уверен сум дека сите ние ќе изградиме еден победнички тим со кој…

Read More