Author: riste

Поранешниот дефанзивец на Шахтјор Донецк Дарио Сарна ќе ја продолжи својата кариера во Италија. 36-годишниот Хрватски интернационалец се согласи на договор со тимот на Каљари, пренесоа медиумите во Италија. Следната недела, Срна ќе помине низ лекарски прегледи и ќе потпише со Каљари. Срна во моментов не може да игра поради дисквалификација поради допинг. Казната на Дарио Срна истекува на 23-ти август по што ќе може да настапува за својата нова екипа.

Read More

Хрватската фудбалска репрезентација славеше во првиот натпревар на СП во Русија против селекцијата на Нигерија со 2:0. Со оваа победа Хрватска покажа дека има репрезентација за висок дострел на ова СП, а по нерешениот резултат на Аргентина и Исланд во првиот натпревар од групата Д сега може да конкурираат и за првата позиција во оваа група. Репрезентацијата на Хрватска успеа да дојде до водство на оваа средба прилично среќно. По корнерот кој што беше изведен , Манџукиќ ја зафати топката со глава, таа заврши на ногата на Крамариќ и се одби до Етебо кој си постигна автогол за водство на „коцкестите“…

Read More

Фудбалерот на Аргентина, Хавиер Маскерано беше разочаран од денешното реми против тимот на Исланд. Аргентина одигра 1:1 со дебитант на Светското првенство, пропуштија шанса да освојат важни бодови во битката за првото место во групата Д. „Сметам дека пропуштивме премногу шанси. Не мислам дека стоевме добро на теренот. Противникот многу ни отежна и дефинитивно не почнуваме добро на ова СП. Сепак остануваат уште два натпревари и сметам дека нерешениот резултат не е толку многу фатален. Треба да ја задржиме смиреност и да покажеме навистина што можеме. Се надевам дека ќе постигнеме повеќе голови во следните дуели”, коментираше Маскерано.

Read More

Предводникот на селекцијата на Исланд, Хејмир Халгримсон, не ја криеше радоста од освоениот бод на денешниот натпревар со Аргентина. Дебитантот на Светското првенство ги изненади „гаучосите“, бидејќи натпреварот заврши нерешено 1:1 во првото коло од групата Д. „Моите играчи се херои, но овој резултат не ме изненади. Нерешениот резултат е плод на целата работа на нашиот стручен штаб и екипа – такви играчи е тешко да се сопрат, нашата идеја беше да го ограничиме просторот на нивните напаѓачи и мислам дека треба да бидеме задоволни од она што се случи денес”, рече Халгримсон.

Read More

Фудбалерот на Арсенал, Џек Вилшер ќе го напушти клубот во наредните денови, соопшти „Мирор”. 26-годишниот играч беше информиран од новиот менаџер на „топџиите” дека не спаѓа во неговите планови за новата сезона и може да остане во тимот, единствено ако ја прифати улогата на цврста резерва. До неодамна се сметаше дека Вилшер кој станува слободен агент, ќе потпише нов договор со клубот, но одлуката на Емери да не му даде доверба ќе го натера фудбалерот да го напушти „Емирати”. Според „Мирор” тимовите на Вилверхемтон, Евертон и Вест Хем имаат интерес кон Вилшер, како и италијанските Сампдорија, Милан и Јувентус.

Read More

Напаѓачот на Милан Никола Калиниќ, е многу близу до трансфер во Севиља. По пристигнувањето од тимот на Фиорентина, напаѓачот разочара со својот настап и многу нереализирани шанси пред противничкиот гол. Интерес за Калиниќ покажува тимот на Севиља, кој е подготвен да го привлече напаѓачот за позајмица. Договорот ќе содржи клаузула за откуп од 20 милиони евра. Толку пари беа платени на Фиорентина од Милан пред една година за потписот на хрватскиот репрезентативец. Во последната сезона Калиниќ постигна само 6 голови во 41 натпревар.

Read More

На иранските жени ќе им биде дозволено да ги следат натпреварите на националниот тим за време на Светското првенство 2018 година. Навивачите ќе ги гледаат натпреварите на големи екрани. Домаќин ќе биде најголемата фудбалска арена во земјата – стадионот „Азади“ во главниот град Техеран. За навивачите ќе се организира семејно шоу, каде што ќе бидат примени жени и деца. И покрај фактот што сé уште нема донесено конечна одлука жените да следат машки фудбалски натпревари, овој настан би можел да стане сериозен преседан во историјата на женските права и слободи во Иран. Се уште постои забрана за припадничките на понежниот…

Read More

Одбрандбениот играч Роналд Матарита отпадна од составот на Костарика за Светското првенство 2018 поради повреда во ахиловата тетива. Неговото место ќе го завземе Кенер Гутиерес. Тој ќе се приклучи на тимот од Централна Америка во текот на утрешниот ден. 23-годишниот лев дефанзивец Матариата заработил повреда пред неколку дена и ќе биде подложен на третман и рехабилитација што ќе трае повеќе од две недели. Селекторот Оскар Рамирез испратил повик до 29-годишниот Гутиерез, кој веднаш се упатил кон Самара. Во недела, Костарика го одигра својот прв натпревар од групата Е на Светското првенство 2018 против Србија.

Read More

Челзи ја отфрлил понудата на Арсенал од 17 милиони фунти за нивниот играч Давид Луис, пренесуваат медиумите во Лондон. Во исто време, лондончани немаат намера да се откажат од својата идеја за задржување на Бразилецот во своите редови на подолг период и планираат да му дадат предлог за нов договор со подобри услови. Луис не беше еден од омилените играчи на Антонио Конте, а минатата сезона играше само на 17 натпревари во сите натпреварувања, а постигна 2 гола. Самиот играч неодамна откри за својата желба да го напушти „Стемфорд Бриџ“  и да оди во тим каде ќе може да игра…

Read More

Поранешниот тренер на Лил и Атлетик од Билбао Марсело Биелса стана нов тренер на Лидс Јунајтед, тим кој игра во англискиот чемпионшип, објави прес-службата на англискиот тим на Твитер. 62-годишниот аргентински тренер склучил двегодишен договор со клубот со можност за продолжување уште една година. Биелса доаѓа во клубот од „Иланд Роуд“ и ќе му биде тренер на нашиот репрезентативец Алиоски кој ја имаше првата сезона во оваа екипа. Аргентинецот имаше неколку добри резултати водејќи ги клубовите на чие чело беше , но имаше и некои епизодни улоги. Под негово водство Атлетик Билбао  во сезоната 2011/12, стигна до финалето на Лигата на Европа…

Read More