Author: riste

Канцеларката на Германија Ангела Меркел беше во посета на германските фудбалски репрезентативци кои наскоро заминуваат за Русија , земјата домаќин на светското првенство. За време на вечера во Италија, Меркел, која владее совршено со рускиот јазик им раскажала на играчите многу за „земјата и нејзините жители”, соопшти менаџерот на тимот, Оливер Бироф. „На овој начин канцеларката покажа дека треба да мислиме и надвор од четирите знаменца на теренот. Посетата на Меркел беше корисна за играчите”, изјави претседателот на Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) Рајнхард Гриндел. Вториот капитен на тимот Сами Кедира додаде: „Таа ни посака успех. Вистински се радуваме кога не…

Read More

Познати се сите можни противници на Вардар во 1. квалификациско коло од Лигата на Европа. Нашиот преставник во квалификациите за пласман во Лига Европа во 1. квалификациско коло ќе биде во групата на носители. Доколку успее да се пласира во следната фаза, во 2. квалификациско коло, исто така ќе биде во групата на носители. Вардар во моментов има УЕФА коефициент 5.000.  Ждрепката е на 19. јуни во Нион кога Вардарци ќе го дознаат противникот во првото, и во евентуално второто квалификациско коло. МОЖНИТЕ ПРОТИВНИЦИ НА ФК ВАРДАР ВО 1. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО НА ЛИГА НА ЕВРОПА Вадуц (Лихтенштајн), Левадија Талин (Естонија),…

Read More

ФК Вардар и Бобан Бабунски денесе ја официјализираа соработката со нов едногодишен договор кој ќе го обврзе поранешниот фудбалер да остане во клубот до крајот на сезоната 2018/19. Негови асистенти ќе бидат Владимир Колев, Сашо Тодоровски и Раденко Бојовиќ, кои ќе му се приклучат од младинската школа на вардарци. Бабунски седна на клупата на „црвено-црните“ на девет кола до крајот на овогодишниот ПМФЛ шампионат кој екипата го заврши на второто место, зад шампионот Шкендија. Бабунски дојде како замена за Чедомир Јаневски кој си поднесе оставка по ремито со Шкупи во рамки од 27. коло. Вардар со него запиша две победи, едно реми…

Read More

Селекторот на репрезентацијата на Мексико Хуан Карлос Осорио го објави конечниот список на тимот кој ќе настапи на претстојното СП 2018 (14 јуни – 15 јули). Ветеранот, Рафаел Маркез, исто така беше на списокот на 56-годишниот слекетор на Мексико. За 39-годишниот поранешен дефанзивец на Барселона, ова ќе биде петтото Светско првенство. Тој ќе им се приклучи на сонародникот Антонио Карбахал, Германецот Лотар Матеус и Италијанецот Џанлуиџи Буфон, кои биле дел од пет мундијали. Карбахел и Матеус се единствените што играа на пет СП досега. Играчот на Пачука Ерик Гутиерес кој остана надвор списокот со 23 играчи, ќе патува со Мексико…

Read More

Интер е подготвен да понуди нов договор на Антонио Кандрева до јуни 2021 година. 31-годишниот играч не одигра добро оваа сезона и се очекуваше да биде ставен за продажба, откако не успеа да постигне ниту еден гол, а имаше само 8 асистенции. Кандрева често беше исвиркуван од фановите на „нероазурите”, но сега сосема изненадувачки се појави информацијата на „Скај Италија” дека тој нема да биде продаден, а дури и ќе добие предлог за продолжување на договор со клубот. Сегашниот договор на играчот беше до 2020 година, па тој ќе биде продолжен за уште една година. Фудбалерот сепак нема да добие…

Read More
NBA

Кошаркарите на Голден Стејт дојдоа до предност од 2:0 во финалната серија во борба за титулата со Кливленд. Голден Стејт го совлада Кливленд со 122:103 и во вториот домашен меч  со тоа дојде до убава предност пред да се префрли финалната серија кај Кливленд. Стеф Кари беше клучниот играч во победата на Голден Стејт. Тој продолжува да постигнува тројка по тројка и да се наметнува како еден од најдобрите стрелци во историјата на кошаркарската игра, а во натпреварот кој беше одигран синоќа од финалето на НБА лигата постави нов рекорд. Овој пат бекот на Голден Стејт го надмина Реј Ален…

Read More

Поранешниот тренер на Наполи, Маурицио Сари, се откажа од идејата да го тужи клубот. Тој се надева дека ќе постигне договор со раководство на мирен начин. Како што е познато, тренерот неодамна беше отпуштен, а неговото место го зазеде Карло Анчелоти, но според италиансикте закони, тој не може да ја преземе друг тим, додека не се постигне договор за раскинување на договорот кој сеуште му е важечки. Договорот на Сари, исто така, може да се прекине со плаќање на клаузулата од 8 милиони евра. Се очекуваше тоа да го стори Челзи, но тоа не се случи и рокот на клаузулата…

Read More

Данскиот напаѓач Никлас Бендтнер нема да игра на Светското првенство поради повреда. Тој доби повреда за време на натпреварот со неговиот клуб Розенборг во норвешкото првенство. Тоа се случи пред една недела, но потоа фудбалерот се приклучи на својот национален тим. Сепак, лекарите од репрезентацијата на Данска мислат дека нема да може да се опорави на време за Светското првенство. 30-годишниот фудбалер, познат по неговио прекар „Лорд“, тренираше цела недела одделно и не играше на мечот со Шведска во контролниот натпревар. Тој се обиде да направи фитнес сесија за да провери дали може да издржи оптоварување.По вчерашниот тренинг, селекторот на…

Read More

Португалскиот репрезентативец Нани најверојатно ќе ја продолжи кариерата во Мексико или Кина, според медиумите во Италија. Лацио е тимот каде Нани настапуваше минатата сезона откако беше продаден од Валенсија, но тимот од Рим не ја искористи понудата за откуп од 8 милиони евра. 31-годишниот Нани има договор со шпанскиот клуб за уште една сезона, но од „Местаља“ нема да му прават проблем на играчот ако има интерес за него. Португалецот имал понуда од мексиканската екипа Крус Азул и елитен кинески тим. Минатата сезона тој постигна 3 гола и 4 асистенции во 25 натпревари за Лацио.

Read More

Јувентус е заинтересиран за одбрандбениот играч на Рома Костас Манолас. 26-годишниот грчки фудбалер се смета за потенцијална замена за Меди Бенатија, кој ова лето може да го напушти Торино. Во изминатата сезона, Манолас имаше 45 натпревари од сите натпреварувања и постигна 4 гола. Тој беше автор на решавачкиот гол против Барселона за победа од 3:0, кој им донесе пласман на римјаните во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Read More