Author: riste

Даглас Коста и Ренато Аугусто ќе го пропуштаат пријателскиот натпревар против Хрватска кој ќе се игра во Ливерпул поради повреди. Бразилската фудбалска федерација соопшти дека и двајцата ќе бидат подготвени за првиот натпревар од Светското првенство. Коста уште не почнал да тренира со националниот тим, бидејќи има проблеми со колкот. Десното колено на Аугусто има оток од средата. Играчот на Пекинг Гуан најверојатно ќе биде заменет од полудефанзивецот на Манчестер Сити Фернандињо во почетниот состав. Десниот дефанзивец Фагнер се опоравил од повредата и ќе може да игра против Хрватска на „Енфилд“. Неимар не се очекува да го започне натпреварот, но…

Read More

Раководството на ПСЖ се уште го нема промовирано потпишувањето на договор со голманот Џанлуиџи Буфон. Според медиумите во Италија клубот чека каков ќе биде периодот на казната која ќе ја заработи за исклучувањето, а треба да ја објават од УЕФА. Како фудбалер на Јувентус Буфон беше исклучен во реваншот од 1/4-финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид (3:1), откако го нападна вербално главниот судија на натпреварот Мајкл Оливер. Двете страни веќе се согласија за двегодишен договор. Во исто време клубот одлучи да ја почека одлуката на УЕФА, за да знае колку долго ќе биде дисквалификуван Буфон. 40-годишниот голман може…

Read More

Крилото на Спортинг (Лисабон) Желсон Мартинс на списокот на желби за трансфер во Арсенал, пишуваат денеска медиумите на Островот. Крилниот фудбалер има договор со португалскиот тим до 2022-та, во кој фигурира и откупна клаузула во износ од 52,7 милиони фунти. Тој одигра 46 средби и постигна 13 гола во штотуку завршената сезона што му донесе и покана за настап во португалската репрезентација за Светското првенство во Русија. „Топџиите” пројавуваат интерес и кон дефанзивниот играч од средниот ред на Спортинг – Вилијам Карваљо, кој исто така е дел од националната селекција на Португалија за СП 2018.

Read More

Атлетико Мадрид и Монако се договориле за трансферот на Жибрил Сидибе. Според  весникот „L’Equipe“, шпанскиот клуб ќе плати 30 милиони евра за 25-годишниот дефанзивец на француската репрезентација. Арсенал и Манчестер Јунајтед исто така беа многу заинтересирани за играчот кој повеќе сакаше да игра во Ла Лига. Во сезоната 2017/18, Сидибе одигра 34 натпревари во сите натпреварувања, а постигна 3 гола и имаше 8 асистенции.

Read More

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лорентис, изјави дека одбил да го продаде Жоржињо во Манчестер Сити и покрај гласините за веќе договорен трансфер на играчот. „Неодамна ја одбив последната понуда на Манчестер Сити, со вкупна понуда од 50 милиони евра, вчера го договоривме трансферот на Симоне Верди”, изјави Де Лаурентис за „Кориере Дело Спорт“, доколку Марек Хамшик сака да замине во Кина ние нема да му правиме проблем. Жоржоњо дојде во Наполи во 2014 година од Верона. Минатата сезона, тој играше 42 натпревари од сите натпреварувања, постигна 4 гола и 4 асистенции.

Read More

Дефанзивецот Стефан Лихтштајнер се согласи да се пресели во Арсенал, а трансферот официјално ќе биде објавен пред почетокот на Светското првенство. Ветеранот сигурно заминува по седум години поминати во Јувентус, по неговото истекување на договорот на 30 јуни. Во последниве денови се зборуваше дека швајцарецот е пред трансфер во Арсенал, најновите информации се дека тоа ќе се случи многу наскоро. Тој се согласи да потпише договор за една година, оставајќи ги двете страни официјално да го објават ова. Лихтенштајн во моментов се подготвува за Светското првенство во Русија со репрезентацијата на Швајцарија.

Read More

Играчот од средниот ред на Баерн Минхен Артуро Видал најави дека е подготвен да замине во текот на летото. Чилеанецот неодамна наполни 31 години и интерес кон него не недостасува, а тој влегува во радарот на неколку клубови од Серија „А”. „Имам договор со Баерн за уште една година. Јас сум мирен, бидејќи знам што можам и како играм во важни натпревари. Затоа имам толку многу можности на пазарот, но овојпат не сакам да брзам. Мојот агент ќе ги договори работите. Решив да останам и да бидам добро подготвен за новата сезона. Ако одлучам да го променам тимот, ќе го…

Read More

Арсенал е уште еден од клубовите кои се заинтереситрани за напаѓачот Марио Балотели, пишува „Газета дело Спорт“. Италијанецот во моментов е слободен играч, и затоа тој е многу атрактивен на трансфер пазарот. Досега интерес за Балотели има од Борусија Дортмунд, Рома, Наполи, Олимпик Марсеј и неколку други екипи од Серија „А“. „Топџиите” сега им се придружија на овие екипи. Идејата за привлекување на Балотели е од новиот менаџер на Арсенал Унаи Емери. Шпанецот е свесен за квалитетите на „Супер Марио“, кој последните две сезони настапуваше за тимот од Ница во Лига 1 во Франција, додека Емери беше на чело на…

Read More
NBA

Голден Стејт го доби првиот натпревар од НБА финалната пресметка со  Кливленд. Актуелниот шампион славеше со 124:114 по продолжение на првата средба која беше одиграна синоќа. Ѕвездата на Кливленд Леброн Џејмс го постигна својот рекорд од 51 поен постигнат на еден натпревар од плеј-офот, но тој не стигна до победа со својата екипа. Џејмс е вториот играч по легендата Мајкл Џордан, кој успеа да постигне повеќе од 50 поени во НБА финалето од 1970 година до сега. Дури и феноменалниот натпревар на Леброн не беше доволен, а Кливленд успеа да дојде само до продолжение. Кливленд можеше и да победи во…

Read More

Раководството на Челзи одби да ја плати сумата за прекин на договорот на Маурицио Сари со Наполи, и сега е речиси сигурно дека Сари нема да биде на чело на лондончарите. Крајниот рок за плаќање на осумте милиони евра утврдени во договорот за тренерот на Наполи истекуваше синоќа, но таквата сума не беше префрлена на сметака на тимот од „Сан Паоло“. Иако беше отпуштен од Наполи, а на негово место донесен Карло Анчелоти, според италијанскиот закон, договорот на тренерот останува во сила ако не се прекине со заеднички договор. Сега последната опција за Сари е да се обиде да го…

Read More