Author: riste

Играчот од средниот ред на Барселона, Андре Гомеш планира да го напушти каталонскиот клуб ова лето, пишува „Трибалфудбал“. Според оваа објавена информација, 24-годишниот фудбалер е интересен за Јувентус, кој може да направи понуда за играчот пред крајот на сезоната. Гомеш никогаш не бил во можност да се натпреварува со ѕвездите на тимот Андрес Иниеста, Серхио Бусккес, Паулињо, Иван Ракитиќ и Филип Кутињо кој играат во средниот ред на Барселона. Играчот претходно даде интервју во кое тој изјави за неговиот тежок процес на адаптација во Барселона. Оваа сезона португалецот играше на само 14 натпревари од Ла Лига, а притоа често влегуваше…

Read More

Тренерот на Баерн Минхен – Јуп Хајнкес, оддаде почит на својот претходник Карло Анчелоти за шампионската титула на баварците која ја потврдија вчера. Анчелоти ја започна сезоната на чело на Баерн, но во септември беше отпуштен по неубедливи игри и на негово место дојде Хајнкес кој го однесе тимот до рекордна шеста последователна титула во Бундеслигата. „Тренерот носи одговорност на долг рок, но главните ликови се фудбалерите. Тие завршија извонредна работа. Сакам да кажам големо благодарам и на Карло Анчелоти за неговиот придонес, тој е одличен тренер”, коментирал по вчерашниот меч со Аугсбург и освојувањето на титулата , Јуп Хајнкес,…

Read More

Пол Погба беше еден од најголемите херои на Манчестер Јунајтед во победа од 3:2 над Манчестер Сити. Французинот постигна два гола на овој натпревар. „Граѓаните” имаа шанса да ја освојат титулата во Премиер лигата, но Полгба постигна два гола најнапред за израмнување, а потоа неговата екипа го сврте резултатот и не му дозволи на градскиот ривал да ја слави титулата, а тоа му беше мило на Погба што не дозволи тоа да се случи. „Се разбира дека е одлично што постигнав два гола, но уште подобро е што го победивме Манчестер Сити и не дозволивме да не победат и да…

Read More

По вчерашните квалификации за трката за ГН на Бахреин се потврди дека не бил случајност одличниот викенд од првата трка во Мелбурн за тимот на Ферари. Пилотите на Ферари тоа го покажааи синоќа на квалификациите во Бахреин, каде неговите пилоти ги освоија првите две места и обезбедија стартни позиции на денешната трка. Себастијан Фетел ја освои пол-позицијата пред Кими Раиконен и Валтери Ботас од Мерцедес. Разочарувачко за Мерцедес беше четврто место освои Луис Хамилтон, кој поради казната од пет места, денес ќе мора да стартува од деветтото место. Трката за ГН на Бахреин е на програмата денес со почеток од…

Read More

Македонскиот олимписки комитет (МОК) во партнерство со општините и основните и средните училишта од општините Карпош, Чаир, Прилеп и градот Скопје, оваа недела, заеднички ја одбележуваат манифестацијата  „6 Април-Меѓународниот ден на спортот за развој и мир“. Преку проектот на МОК, МАЛИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ и преку акцијата која е посветена на промоцијата на Олимпизмот и спортот, образованието, здравиот начин на живот, развојот и мирот во светот, голем број на граѓани, млади спортисти и ученици учествуваа во славењето на овој глобален настан,искажувајќи ја својата посветеност и поддршка, но и порака за важноста на развојот на спортот и Олимпиското движење во Република Македонија. Македонскиот олимписки комитет на С.У.Г.С. “Георги Димитров“, О.О.У. “Аврам Писевски“ – Бардовци од општина Карпош…

Read More

Македонскиот Олимписки комитет (МОК) заедно со Пинг понг Федерација на Македонија (ППФМ), а во соработка со ППК Младост96 и огромна подршка од градот Прилеп, на плоштадот „Методија Андонов Ченто”, утре (четврток 05.04.) во периодот од 10:30 до 14:00 часот, по втор пат ќе организираат настан по повод светскиот ден на спортот односно на пинг понгот. На самиот настан ќе присуствуваат Претседателот на МОК г-дин Васил Тупурковски, членови на ППФМ и огромен број на дечиња и љубители на пинг понгот од сите возрасти од градот Прилеп. Ова е уште еден убав начин да се одбележи денот на спортот.

Read More

Барселона ја пречекува Рома во првиот четврт-финален меч од Лигата на шампионите и ќе се обиде да реши сè околу конечниот победник уште на „Камп Ноу“. Каталонците се на чекор од титулата во „Ла Лига“, освен тоа се во финалето за Купот на кралот и имаат реални шанси да ја завршат сезоната со три титули. Тие дефинитивно може да се задоволни од ждребката, но Рома не е тим за потценување и го покажа тоа уште во групната фаза, каде заврши на првото место во друштво на Челзи и Атлетико Мадрид. Потоа Рома играше со Шахтјор Донецк, за да го постигнат…

Read More

Вечерва на „Енфилд“ ќе имаме англиска пресметка во ¼ финалето од Лигата на шампионите, што значи дека Англија ќе има сигурен ½ финалсит од ова натпреварување. Англија учествуваше со 5 екипи во елиминациската фаза од Лигата на Шампионите, но три од нив (Челзи, Манчестер Јунајтед и Тотенхем), веќе испаднаа. Само Ливерпул и Манчестер Сити ги поминаа првите елиминациски натпревари, обезбедија ¼ финале, но ќе се соочат меѓусебе во оваа фаза од ЛШ. Двата тима беа немилосрдни во претходната етапа, обезбедувајќи пласман понатаму уште по првите натпревари против Порто и Базел. Двата тима ќе го пренесат своето ривалство од домашната сцена,…

Read More

Тренерот на Интер, Лучиано Спалети ќе добие нов договор, ако успее да избор место во Топ 4 на Серија А со својата екипа, пишува„Газета дело Спорт“. Италијанскиот стручњак го презеде гигантот од Милано, заменувајќи го на оваа функцијата Стефано Пиоли по крајот на изминатиот шампионат. Кинеските сопственици на клубот сакаат Интер да игра по секоја цена во Лигата на Шампионите од следната сезона, а евентуалниот пласман ќе му донесе добивка на Лучано Спалети, на кого ќе му биде предложен договор до 2021-ва година. Исто така од „Сунинг груп” имаат намера да направат голема селекција со која би ја засилиле конкуренцијата…

Read More

Милан веќе сериозно размислува за нови засилувања во текот на следното лето. Раководството на  „росонерите” ја разгледува можноста да привлече во составот на Џенаро Гатузо доста фудбалери, меѓу кои се издвојуваат имињата на полудефанзивецот на Баерн Минхен Артуро Видал и крилото на Лион Мемфис Депај, пишува во денешното издание на „Тутоспорт“. Сепак, за да се реализираат ваквите трансфери се ќе зависи од финансискиот статус на клубот. Договорот на Видал со Баерн истекува по една година, но се очекува Чилеанскиот репрезентативец да посака да ја напушти „Алијанц Арена” предвреме. Ова значи дека Милан ќе има можност да го купи поранешниот играч…

Read More