Author: saso

Марио Балотели отпадна од составот на Италија во последен момент пред пријателскиот меч со Португалија вечерва. Напаѓачот беше остро критикуван за настапот во контролниот против Полска пред три дена, а за дуелот со Португалците дури и не се најде во групата, а како можна причина се споменува мала мускулна повреда која ја заработи на натпреварот со Полска. Балотели доби шанса за докажување од новиот селектор на “азурите” Роберто Манчини за првпат од Мундијалот 2014 година.

Read More

Играчот од средниот ред на англиската репрезентација Деле Али, нема да биде дел од репрезентацијата за претстојниот контролен натпревар со Швајцарија. Играчот има мал мускулен проблем и ќе се одмори неколку дена, но неговата повреда не е сериозна. Поради оваа причина, играчот од средниот ред веќе ја напуштил репрезентацијата, но Гарет Саутгејт нема да го повика замена за него. Англија ја очекува Швајцарија на тест дуел утре во Лестер на „Кинг Пауер“ стадионот.

Read More

Уште еден македонски борач се закити со злато на балканското првенство за ученици и кадети во Сараево. Откако вчера Бесир Алили го освои златниот медал во категоријата (-48 кг), денеска и борачот на БК Балканец Штип, Стефан Штерјов го освои првото место и се закити со златниот медал во категоријата (-44 кг). Штерјов почна сопобеда во четвртфиналето против Стефан Стојанов од Македонија. Потоа, во полуфиналето триумфираше против борач од Бугарија, а во финалето со резултат 5:4 го совлада борачот С. Боке од Турција.

Read More

Селекторот на репрезентацијата на Шпанија, Луис Енрике, ја коментираше победата над Англија (2:1) во Лигата на нациите. Тој, исто така, ја изрази својата доверба во квалитетите на голманот Давид Де Хеа. „Никогаш не сум се сомневал во Де Хеа. Како и секој друг, тој понекогаш може да прави грешки, но во него имаме еден од најдобрите играчи во светот. Јас сум сигурен за него. Ако се погледне статистиката, тој е најдобриот голман во светот“, смета Енрике.

Read More

Легендата на сплитски Хајдук, Зоран Вулиќ, и официјално е поставен за нов тренер на тимот. 56-годишниот стратег кој е вистинска легенда на сплиќани, доаѓа на жешкото столче на „Пољуд”. Последен пат Вулиќ беше на „Пољуд” во 2007 година, а ова е негово петто враќање во клубот. Тој ќе биде нов тренер на нашиот интернационалец Мирко Ивановски, кој ова лето направи трансфер во сплитскиот тим.

Read More

Во пресрет на денешниот дуел со Ерменија, еден од нашите интернационалци во Шпанија, Енис Барди, зборуваше за шансата на генерацијата да стигне до едно големо натпреварување. „Лигата на Нации ни овозможува шанса да направиме успех со А-репрезентацијата на Македонија и да се обидеме да се пласираме на Европско првенство. Тоа е резултат за кој сите ние сонуваме и пласман кој досега не сме го направиле со најдобриот состав.  Реално, имаме противници кои се послаби од нашата репрезентација, но во модерниот фудбал тоа не значи многу. Мораме да бидеме паметни, концентрирани во секоја минута од секој натпревар и да не води…

Read More

Англискиот дефанзивец Лук Шо е во добра состојба по тешкиот судир кој го имаше на вчерашниот меч со Шпанија, по што предвреме мораше да ја напушти играта. Портпаролот на ФА даде официјална изјава со која потврдува дека дефанзивецот е веќе во добра состојба, но ќе остане под надзор. „Лук Шо ги мина прегледите на скенер и останува под грижа на двајца членови на медицинскиот персонал. Тој ќе остане под надзор и останува да видиме какви ќе бидат резултатите од останатите прегледи“, велат од Федерацијата.

Read More

Германскиот репрезентативец Матс Хумелс нема да биде дел од составот на „панцирите“ за денешниот дуел со селекцијата на Перу. Дефанзивецот е со полесна повреда на петата и нема да му биде на располагање на селекторот Јоаким Лев. На негово место се очекува да стартува дебитантот Нико Шулц, а исто како стартер ќе биде и Џулијан Бранд.

Read More

Пред утрешниот дуел против нашата фудбалска селекција, денеска прес-конеференција одржаа и Ерменците. Селекторот на ерменскиот национален тим, Вардан Минасјан, истакна дека ќе бара подобра реализација од своите фудбалери на дуелот со Македонија. „Ние создадовме добри шанси на натпреварот со Лихтенштајн, но во повеќето од нив не можевме да погодиме. Сега треба да бидеме попродуктивни со Македонија. Несомнено, сакаме да постигнеме позитивни резултати. Македонија игра дома и затоа е фаворит“, рече Минасјан.

Read More

Рускиот вицешампион ЦСКА ќе го смени стадионот на кој ќе ги игра натпреварите од новата сезона во Лигата на шампионите, затоа што нивниот им е претесен да ги прими сите навивачи. Ова го најави генералниот директор на клубот, Роман Бабаев. Досега ЦСКА (М) беше домаќин на стадионот „ВЕБ Арена“, која очигледно не е со потребниот капацитет да ги прими сите фанови на ЦСКА кои сакаат да ги гледаат мечевите од Лигата на шампиони. Оваа сезона вицешампионите сакаат да го користат стадинот на кој се играше финалето на годинешното СП. „Чекаме конечна одлука на УЕФА, но не мислам дека ќе има…

Read More