Author: saso

Ферари се уште не одлучил за иднината на Кими Раиконен, и покрај сериозните гласини дека Финецот може да си замине. Во текот на оваа сезона, се појавија шпекулации дека Кими следната сезона ќе биде заменет со некој од помладите пилоти во Ферари, но засега нема потврда на информациите. Луис Камилери, новиот шеф на Скудерија, објави дека во оваа фаза се уште не е јасно што ќе се случи со Кими, а во голема мера се зависи од шефот Маурицио Аривабане. „Се уште не сме одлучиле. Кога ќе го правиме тоа, медиумите веднаш ќе бидат известени. Сепак, ние не оставаме ова…

Read More

Кавадарци во следните три дена ќе биде домаќин на велосипедската кадетско-јуниорска балканска елита. Во организација на Велосипедската федерација на Македонија, а под покровителство на Агенцијата за млади и спорт и Општината Кавадарци, ќе се одржи еден од најмасовните велосипедски настани во Македонија. Предвидено е учество на 12 држави од Балканот, членки на Балканската велосипедска унија (BCU), а секоја држава може да учествува со максимум по 14 велосипедисти  во машка и во женска конкуренција. Рангирањето е во поединечна конкуренција, а победникот во секоја категорија ќе ја понесе титулата – балкански шампион.

Read More

Чиле ќе биде без Алексис Санчез за претстојните пријателски натпревари против Јапонија и Јужна Кореја. Санчез е изоставен од репрезентација по барање на Манчестер Јунајтед. најдобриот голгетер на Чиле со 39 гола во националниот тим нема да биде во списокот од 24 имиња кои селекторот Руеда ги повика за овие две контролни средби. Отсуството на Алексис Санчез се должи на фактот дека неговиот клуб побарал Алексис да паузира за да не ја обнови мускулната повреда.

Read More

Тренерскиот штаб на кошаркарската репрезентација на Србија ја објави листата на кошаркари кои ќе бидат дел од тимот кој ќе ги продолжи септемвриските квалификации за СП 2019. Меѓу шеснаесет повикани играчи се најдоа и кошаркарите на Сакраменто, Немања Бјелица и Богдан Богдановиќ, но ги нема оние кои настапуваат за ЛА Клиперс, Теодосиќ и Марјановиќ. За време на есенските квалификации, Србија ќе игра со Грција на 13 септември и против Естонија на 16 септември.

Read More

Ливерпул и Челзи ќе се сретнат меѓусебе во 3. коло од Лига Купот на Англија. Вака сакаше ждрепката по комплетираното 2. коло во едно од куп-натпреварувањата на Островот. Интересно е што натпреварот на „Енфилд“ ќе се одигра само неколку дена пред натпреварот кој овие два тима ќе го одиграат во рамките на редовното коло од Премиер Лигата на „Стенфорд Бриџ“ на 29 септември. Всушност, и двата дуела се во иста недела. Манчестер Сити кој е бранител на трофејот во 3. коло ќе игра со екипата на Оксфорд Јунајтед, додека Манчестер Јунајтед ќе го пречека второлигашот Дерби Каунти предводен од Френк…

Read More

По одигрувањето на реванш натпреварите од плеј-оф рундата, познати се сите учесници во групната фаза на Лигата на Европа. Попладнево од 13 часот во Монако со ждрепка ќе се одредат и групите за групната фаза во ова натпреварување, каде има и неколку клубови со македонски интернационалци. Според коефициентот на УЕФА листата, во групата на носители се најдоа екипите на: Севиља, Арсенал, Челзи, Зенит, Динамо (К), Баер (Л), Бешикташ, РБ Салцбург, Олимпијакос, Виљареал, Андерлехт и Лацио. Во вториот шешир се: Спортинг (Л), Лудогорец, ФК Копенхаген, Олимпик (М), Селтик, ПАОК, Милан, Генк, Фенербахче, Краснодар, Астана и Рапид (В), додека во третата група…

Read More

Холандскиот репрезентативец Квинси Промес полета за Севиља за да биде подложен на медицински преглед во клубот кој вчера се избори за место во групната фаза од Лигата на Европа. Напаѓачот на руски Спартак (М) како и што се најавуваше минатите денови ја напушта досегашната средина и се сели во Андалузија. Се претпоставува дека Промес ќе потпише договор со шпанскиот клуб веднаш по медицинските прегледи кои треба да минат утринава. Ако Холанѓанецот успешно ги мине прегледите, трансферот ќе мора да биде завршен до полноќ.

Read More
NBA

Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Дејвид Вест, кој е двократен НБА шампион со тимот на „Воините“  одлучи да ја заврши својата 15 годишна НБА кариера. 38-годишниот кошаркар беше дел од шампион од од Калифорнија во 2017 и 2018, а пред тоа играше и за Њу Орлеанс Хорнетс, Индијана Пејсерс и Сан Антонио Спарс. Ветеранот не беше стандарден во тимот, но имаше сериозен удел во ротацијата на тимот. Минатата сезона ја заврши со просек од 6,8 поени и 3,3 скока по натпревар.

Read More

Во последниот ден од европскиот трансфер период, француски Монако оствари добар трансфер, откако објави дека и официјално го доби белгискиот репрезентативец Насер Чадли. Белгијанецот доаѓа во кнежевството од екипата на Вест Бромвич за сума од 13 милиони евра, а договорот со новиот тим е за период од три години. „Монако е силен тим и јас сум среќен што ќе играм тука. Ќе направам сé да помогнам да ги исполниме целите во сезоната“, изјави Чадли. Напаѓачот беше дел и од репрезентацијата на Белгија која настапи на годинешното светско првенство во Русија.

Read More

Фудбалерот од средниот ред на екипата на Стоук, Чупо Мотинг, најверојатно во текот на денешниот ден ќе го комплетира трансферот во францускиот шампион ПСЖ. Како што објавија француските медиуми, камерунскиот фудбалер ќе се пресели во шампионот на Франција како слободен агент. Чупо Мотинг веќе пристигна во Париз, каде што денес ќе потпише договор со новиот клуб. Вреди да се напомене дека играчот е добро запознаен со актуелниот тренер на парискиот тим, Томас Тухел, под чие раководство настапуваше во екипата на Мајнц. Камерунецот се пресели во Стоук од Шалке минатото лето како слободен агент. Во последната сезона на англиската Премиер лига…

Read More