Author: saso

Фудбалскиот клуб Работнички пред стартот на новата сезона во Првата фудбалска лига на Македонија обезбеди нов генерален спонзор на клубот. Станува збор за најголемата софтверска компанија, „Сеавус“. „Огромно задоволство е да ја имаме компанијата „Сеавус“ за генерален спонзор на ФК Работнички. Се надеваме дека ова е првиот и мошне значаен чекор за една долгогодишна и плодна соработка, со која клубот ќе се издигне на повисоко ниво. Веруваме дека еден така докажан партнер во бизнисот ќе има значајна улога и во растот на фудбалскиот клуб Работнички во сите сегменти. Сакаме да се заблагодариме за подадената рака и веруваме дека заеднички можеме…

Read More

Денеска со ждрепка беа одредени двојките за првото коло од најмасовното домашно фудбалско натпреварување, Купот на Македонија. Во првото коло ждрепката сакаше бранителот на трофејот Шкендија да се сретне со екипата на Кожув, додека вицепрвакот Вардар за противник го доби тимот на Вардар од Форино. Во останатите двојки ќе играат: Струга Трим Љум – Победа Кораб – Борец Влазрими 77 – Беласица Вардар Неготино – Скопје Фортуна – Работнички Лабуништа – Академија Пандев Кит-Го – Шкупи Поешево – Брегалница Кожуф – Шкендија Вардар Форино – Вардар Осогово – Пелистер Тетекс – Гостивар Братство-Влазними – Силекс Тиквеш – Ренова Превалец -…

Read More

Македонски атлетичар Дарио Ивановски, не ги исполни очекувањата и истрча многу послабо од своето најдобро постигнување во квалификациите на Европското првенство во атлетика во Берлин на трката на 1500 метри. Нашиот атлетичар заврши на 33. место од пријавени 34 атлетичари. Времето на Ивановски со кое финишираше во првата квалификациска трка изнесуваше 3:57.52 минути. Послаб резултат од него оствари само Карлес Гомез од Андора. На Медитеранските игри во Тарагона минатиот месец Ивановски беше далеку подобар поставувајќи го најдоброто свое време на 1500 метри, 3.47.13 минути.

Read More

Претседателот на Реал (М), Флорентино Перез, денеска ќе има средба со Лука Модриќ и неговиот агент на кој треба да се искристализираат некои работи околу најавеното заминување на Хрватот. Авторитетните шпански меидуми најавуваат дека перез на оваа средба нема да оди со празни раце, туку со понуда за нов, подобрен договор за хрватскиот репрезентативец. Дали ова ќе биде одговорот на „кралевите“ на понудите на Интер или ќе има уште некоја дополнителна акција, останува да се види. Некои медиуми објавија дека Модриќ бил заинтересиран за оваа опција за продолжување на договорот, но останува да се разгледаат условите кои ќе ги понуди…

Read More

Украинскиот играч од средниот ред на Манчестер Сити, Александар Зинченко со голема веројатност кариерата ќе ја продолжи во друг англиски клуб. Во следниве 24 часа, Зинченко треба да потпише договор со новиот англиски премиерлигаш Вулверхемптон, кој бара универзален играч кој може да затвори неколку позиции. Според медиумите, “волците” веќе се согласиле да го купат Украинецот, а согласност веќе имаат и од раководството на Манчестер Сити. Последниот збор ќе го има фудбалерот, кој ќе мора многу брзо да одлучи, затоа што утре се затвора трансфер периодот. Ако биде постигнат, трансферот на Зинченко во Вулверхемптон ќе изнесува околу 16 милиони евра.

Read More

По Ацо Јоновски и Петар Ангелов, Филип Лазаров е третото македонски засилување за германскиот бундеслигаш Ратинген. Најавата на неговата промовиција беше пред месец дена, а денеска, конечно Лазаров го имаше и официјалното претставување во својот нов клуб. „За нас е голема чест што играч како Филип Лазаров се одлучи да ни се приклучи. Голема благодарност до Аце Јоновски кој многу помогна овој трансфер да се реалзира”, изјави менаџерот на клубот. Лазаров последната сезона ја мина во редовите на Бешикташ.

Read More

Напаѓачот на Арсенал, Лукас Перез, ги минал лекарските прегледи во Вест Хем што е последен чекор до потпишување на договор со „чеканите“. Како што објавија извори блиски до Вест Хем, Шпанецот ги завршил успешно лекарските тестови, по што се очекува да стане деветтото ново засилување за клубот ова лето. перез помина две сезони на „Емирати“ во дресот на Арсенал откако дојде од Депортиво Ла Коруња за 17 милиони фунти. 29-годишниот напаѓач не успеа да се снајде во тимот па беше испратен на позајмица во Депортиво минатата сезона. Сега останува да се комплетира трансферот во Вест Хем и да бидат обелоденети…

Read More

Менаџерот на Пол Погба, Мино Раиола, наводно веќе успеал да издејствува фантастична плата од 20 милиони евра на годишно ниво за евентуален трансфер на францускиот репрезентативец во редовите на Барселона. Погба им најавил на соиграчите од Манчестер Ј. дека сака да си замине, но Мурињо во моментов не сака да слушне за негова продажба иако односите меѓу двајцата не се најависоко ниво. Денешен „Дејли Меил“ тврди дека Погба му испатил СМС порака на првиот оперативец во клубот, Вудворт во која вели дека сака под итно д абиде продаден. Ако трансферот се реализира, Погба за 5 години престој на „Камп Ноу“…

Read More

Екипата на Шкендија вечерва на „ред Бул Арената“ во Салцбург против домашниот тим ќе го одигра првиот меч од 3. квалификациско коло во Лигата на шампионите. Ова ќе биде досега најсериозниот тест за шампионот, кој има желба да стигне и до плеј-офот во најквалитетното европско натпреварување. Во претхнодните две кола, македонскиот првак го елиминираше ТНС од Велс и молдавскиот шампион Шериф. „Среќни сме што сме тука за да се соочиме со еден голем тим како Салцбург. Тоа е силен противник, кој сигурно дека ќе ни зададе тешка задача. Добро го анализиравме противникот и знаеме што не очекува, но тоа не…

Read More

Џером Боатенг одбил да се пресели вор едовите на Манчестер Јунајтед, објавија утрово германските весници. Конкретно, весникот „Билд“ вели дека германскиот интернационалец лично му телефонирал на Жозе Мурињо оваа недела за да му каже дека не сака да се пресели на „Олд Трафорд“ ова лето. Според извештаите, Боатенг првично бил заинтересиран за преселба во Јунајтед, но се премислил по успешните разговори со новиот менаџер на Баерн, Нико Ковач. Разговорите за евентуален трансфер на Боатенг се појавија оваа недела откако Јунајтед гоодигра оној тест-меч со Германците пред стартот на новата сезона во Премиер лигата. Двта клуба имале разговори на оваа тема,…

Read More