Author: saso

NBA

Едно од легендарните имиња на НБА лигата, Винс Картер, кој во сезоната 2018/19 ќе ја продолжи својата кариера во Атланта Хокс, изјави дека скоро 100% е веројатноста дека оваа ќе му биде и последна сезона во играчката кариера. 41-годишниот кошаркар се согласи со Хокс на едногодишен договор по кој веројатно оди во пензија. „Имам желба да играм, и без оглед колку време сум на теренот, ќе бидам среќен. Но, голема е веројатноста дека ќе ја завршам својата кариера по завршувањето на новата сезона. Ако има можност да се префрлам во друг тим, ќе ја видам ситуацијата, но веројатно ќе си…

Read More

Напаѓачот на Манчестер Сити, Бразилецот Габриел Жезус го продолжи договорот со својот клуб. Како што информираа од редовите на „граѓаните“, новиот договор на бразилскиот фудбалер ќе биде зкалучно со јуни 2023 година. Претходно, медиумите објавија дека двете страни долго време не можеа да најдат компромис по прашањето за продолжување на договорот. Бразилецот го одби предлогот за продолжување на договорот со плата од 90 илјади фунти неделно, по што од Сити мораа да подготват нова понуда. Се чини дека втората понуда за плата од 100 илјади фунти неделно е прифатена, по што и дојде до потпишување на нов договор. Минатата сезона,…

Read More

Англискиот премиерлигаш Челзи утрово потврди дека го продолжи договорот со шпанскиот интернационалец Педро Родригез. Според клупското соопштение, Педро останува во Лондон уште една година. Педро се пресели во Челзи летото 2015 година и досега одигра 131 меч за „сините“. Во досегашната кариера во дресот на Челзи постигна 28 гола, а во листат ана стрелци се запиша и за време на годинешните подготвителни средби против перт Глори и Интер.

Read More

Лионел Скалони и Пабло Аимар ќе бидат привремени селектори на аргентинската фудбалска репрезентација по разрешувањето на Хорхе сампаоли. Како што објави првиот човек на Аргентинската фудбалска асоцијација, Клаудио Тапија, овој двоец ќе ја добие улогата на предводник на националниот тим на првите пријателски средби. „На следните три пријателски натпревари, тимот ќе биде предводен од Скалони и Аимар. Ние решивме да си земеме малку подолго време пред да одлучиме кој ќе го предводи националниот тим во иднина“, изјавил првиот човек на АФА. Скалони беше дел од тренерскиот тим на сампаоли на СП во Русија, а поранешниот репрезентативец на Аргентина, Аимар, досега…

Read More

Борусија Дортмунд е на пат да си најде нов напаѓач. Според дел од шпанските медиуми, Германиците тргнале по потписот на фудбалерот на Атлетико Мадрид, Кевин Гамеиро, а веќе имаат подготвено и официјална понуда за него. “Жолто-црните” имаат намера да извадат 20 милиони евра за фудбалерот кој има сериозна конкуренција во нападот на Атлетико во Антоан Гризман, Диего Коста и Вието. Според информациите, самиот Гамеиро веќе сериозно размислува за промена, но претпочита да остане во шпанската Ла Лига. Деновиве се зборува и за интерес на Валенсија за него, но засега од таму нема индиции дека наскоро ќе има некаква понуда.

Read More

Артуро Видал веќе и сигурно може да се смета за ново засилување на екипата на Барселона. Ова синоќа беше водечка вест за водечките италијански и шпански медиуми. Чилеанскиот репрезентативец кој со една нога беше пред трансфер во Интер, го одложи доаѓањето, откако се појавија информации дека Интер преговара со Лука Модриќ. Барса ќе плати 30 милиони евра за Видал, кој има договор со Баерн до следното лето. На „Камп Ноу“, Видал треба да го замени Паулињо, кој по Светското првенство се врати во Кина. Видал се очекува да ги мине лекарски прегледи следната недела, а потоа формално да биде претставен…

Read More

Доцна синоќа, Јувентус и Милан и официјално ја објавија големата размена за која се пишуваше со денови. Леонардо Бонучи се враќа во дресот на шампионите по само една година помината на „Сан Сиро“, додека Матија Калдара и Гонзало Игуаин се нови фудбалери на „росонерите“. Додека Калдара е дел од размена со Бонучи, Игуаин доаѓа како позајмен фудбалер во дресот на Милан за сума од 18 милиони евра. Тоа значи дека на крајот на новата сезона, Милан ќе има право да го откупи договорот на Аргентинецот за сума од 36 милиони евра. Бонучи помина само една сезона кај “црвено-црните” и повторно…

Read More

Шкендија против Вардар на отворањето на новата фудбалска сезона кај нас. На денешната ждрепка во ФФМ беа одредени двојките за првото коло од новата сезона, но и комплетниот распоред на натпреварите за новата сезона од Првата македонска фудбалска лига. Големото дерби на отворањето на сезоната ќе се одигра во Тетово на 12 август. Во останатите двојки од премиерната рунда ќе се сретнат Работнички – Ренова, Победа – Беласица, Академија Пандев – Македонија ЃП и Силекс – Шкупи.

Read More

По повод стартот на Европско првенство во кајак спуст на дива вода за јуниори и сениори до 23 години, чиј домаќин е Скопје од 2 до 5 август, денеска прес-конферецнија одржаа организаторите во Агенцијата за млади и спорт на Р. Македонија. Техничкиот директор на првенството, Љубомир Спасиќ, истакна дека ова ќе биде најбројното ЕП во ова акатегорија одржано досега со учество на натпреварувачи од рекордни 16 земји, меѓу кои и Македонија. И тој и претседателот на организацискиот одбор, Димче Стефановски, истакнаа дека добивањето организација на еден ваков настан е потврда на заложбите на македонскиот кајак за кревање на квалитетот на…

Read More

Францускиот дефанзивец од екипата на Барслеона, Лукас Диње, од денеска и официјално е нов фудбалер на Евертон. Англискиот премиерлигаш го потврди трансферот на 25-годишниот бек. Според официјалната веб-страница на англискиот клуб, 25-годишниот фудбалер потпишал договор до 2023 година. Претходно медиумите објавија дека англискиот клуб ќе и плати на Барселона 20 милиони евра, плус бонуси. „Евертон е голем клуб со голема историја. Сакам да играм, да победувам и да ги радувам навивачите“, изјавил Диње по потпишувањето на договорот.

Read More