Author: saso

И фудбалерите на Шкупи се поразени во првиот меч од квалификациите во Лигат ана Европа. На гостувањето против славниот шкотски клуб Глазгов Ренџерс, чаирчани загубија со 2:0. Домашните поведоа во првото полувреме со голот на Марфи, а Шкупи успеа да оддолее на нападите на домашните се до завршницата, кога Глазгов Р. доби спорен пенал кој успеа да го реализира Морелос. Шкупи ќе се обиде на реваншот во Скопје да дојде до поволен резултат, можеби и изненадување.

Read More

Фудбалерите на Вардар претрпеа пораз од 1-0 на гостувањето во Ереван против екипата на Пјуник во рамките на 1. коло од квалификациите во Лигата на Европа. Со голот на Конате во 28. минута, Ерменците обезбеција минимален успех на првиот меч. Вардар немаше игра за подобар резултат. Во текот на целиот меч изгледаше анемично и на крајот речиси и немаше шанса да израмни. Сега, реваншот во Скопје останува единствена шанса за поправен и пласман во 2. коло. Реванш средбата се игра во Скопје, на „Филип Втори“ Арената, следниот четврток со почеток од 20 часот.

Read More

Челзи и официјално потведи дека досегашниот менаџер на тимот, Антонио Конте и официјално добива отказ. Веста за првпат беше објавена од Sky Italia, а истото беше потврдено и од водечките медиуми во Велика Британија. 48-годишниот Конте ги предводеше “сините” од Лондон во последните две сезони, а во првата сезона успеа на лондончани да им ја донесе титулата. Минатата сезона Челзи одигра под очекувањето и остана без настап во Лигата на шампионите. Конте беше во серија скандали со дел од играчите, менаџерите на другите тимови и сопственикот Роман Абрамович. Во следните неколку дена се зборува дека „сините“ веќе ја одговориле соработката…

Read More

Со единствениот гол на Самјуел Умтити, Франција обезбеди финале на СП во Русија. Во првиот полуфинален меч на Мундијалот кој вечерва се одигра на стадионот во Ст. Петерсбург, „галските петли“ со еден погодок успеаја да си го обезбедат местото во големото финале. Французите имаа многу повеќе од играта во целиот меч, иако и Белгија на моменти ги покажа своите вистински квалитети. Во финишот кога Белгија фрли се на една карта, Франција имаше најмалку уште две чисти шанси за потврда на победата, но на крајот сепак, резултатот остана 1:0. Утре во вториот полуфинален меч следува дуел Хрватска – Англија.

Read More

Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, очекува поддршка од руските фанови на утрешниот полуфинален меч со Англија. Со оглед на последните испади во јавноста на Вида и Вукојевиќ, малкумина веруваат дека Русите ќе навиваат за „коцкестите“. „Благодарен сум за сето она што го доживеавме овде. Насекаде сме добредојдени. Се разбира, ја чекаме поддршката на навивачите. Секогаш ќе се сеќаваме на овие неколку недели во Русија“, вели Далиќ. ФИФА во меѓувреме отвори нова истрага за дефанзивецот Домагој Вида, по неговите последни изјави на социјалните мрежи.

Read More

Напаѓачот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо ќе се пресели во Јувентус за 105 милиони евра, тврди весникот „Марка“. Веста ја потврдија и италијански извори, откако стана јасно дека денеска Реал ја прифатил понудата на шампионот на Италија, па Роналдо ќе добие 30 милиони евра годишно. Трансферот на Роналдо во Јувентус може да биде објавен во следните 48 часа. Агентот на 33-годишниот Португалец, Жорге Мендеш ќе се состане со раководството на Реал Мадрид и ќе разговара за иднината на неговиот клиент. Во исто време, во Грција, каде што Роналдо се наоѓа на одмор, треба да се одржи последниот круг преговори меѓу…

Read More

Шампионот на Англија, Манчестер Сити, е тимот кој има најмногу фудбалери во 1/4-финалето на Мундијалот. Дури 11 фудбалери од англискиот шампион ја продолжуваат борбата за светската титула. Четворица од нив се Англичани – Џон Стоунс, Кајл Вокер, Фабијан Делф и Рахем Стирлинг, четворица се Бразилци – Едерсон, Данило, Фернандињо и Габриел Жезус, а останатите од составот на Пеп Гвардиола се Белгијците Компани и Де Бруине, како и Французинот Бенжамин Менди. Во топ 3 на клубовите со најмногу играчи меѓу четвртфиналистите се Тотенхем (9) и Манчестер Јунајтед (8). Доминацијата на англиската Премиер лига се дополнува со присуството на 6 фудбалери од…

Read More

Од 15 до 19 август и оваа година, традиционално, ќе се одржи Струшкиот ракометен турнир. По 46. пат на „Женска Плажа“ во Струга, осум екипи ќе се подготвуваат за стартот на новата ракометна сезона. Годинава ќе бидат одиграни вкупно 17 меча во пет дена, па публиката ќе има шанса да ужива во квалитетен ракомет. Годинешни гости се: шведски Алингсас, турски Бешикташ, француски Тулуз, словенечки Целје Пивоварна Лашко, романска Костанца и српски Железничар. Од домашните тимови летово во Струга ќе ги видиме истоимениот домашен тим и екипата на Еурофарм Работник. Турниротс тартува на 15 август со дуелот меѓу Железничар – Струга,…

Read More

Дефанзивецот на Реал Сосиедад, Алваро Одриозола, најверојатно ќе направи трансфер од Реал Сосиедад во Реал Мадрид за 40 милиони евра, објави весникот „АС“. Трансферот на 22-годишниот Шпанец може да се случи за само неколку дена. Новиот тренер на европскиот шампион, Хулиен Лопетеги инсистира на регрутација на ново име во дефанзивата, а Одриозола е веројатно негов прв избор. Младиот играч беше селектиран и во составот на Шпанија за СП во Русија, токму од Лопетеги.

Read More

Евертон подготвува понуда за дефанзивецот на Барселона и репрезентативец на Колумбија, Јери Мина. Дефанзивецот се претстави исклучително силно за време на Мундијалот, па сосема очекувано го сврте вниманието на себе. Според последните инфомации тренерот на Барса, Ернесто Валверде е категоричен дека нема да смета на него следната сезона, па затоа голема е веројатноста младиот дефанзивец да си замине. Раководството е пред задача да го продаде. Лион сепак исто е заинтересиран за Мина, па останува да се види чија понуда ќе биде подобра.

Read More