Author: saso

Манчестер Јунајтед како приоритет ова лето ќе го има купувањето на младото крило на Ајакс, Џастин Клајверт, тврди весникот Гардијан. Момчето е син на поранешниот холандски голгетер Патрик Клајверт и имаше извонредна сезона со Ајакс. Жозе Мурињо е импресиониран од квалитетот на 19-годишниот фудбалер и мисли дека во иднина може да направи добра работа за него. Се очекува во рок од неколку недели од Јунајтед да стигне и првата понуда за него.

Read More

Актуелниот освојувач на ракометниот Куп на Македонија, Вардар, во полуфиналниот меч на завршниот турнир во Битола (18-19 мај) ќе се сретне со Пелистер, додека Еурофарм Работник и Металург ќе играат во второто полуфинале. Вака сакаше денешната ждрепка за полуфиналните двојки на завршниот турнир кој втора година по ред ќе се одржи во битолската сала „Младост“. Финалниот турнир во женска конкуренција ќе биде организиран во Скопје (19-20 мај), а исто така во полуфиналето ќе се сретнат Вардар и Пелистер. Втората полуфинална двојка е Металург – Вардар јуниор.

Read More

Дефанзивецот на ПСЖ и на бразилската репрезентација, Дани Алвеш, може да го пропушти светското првенство во Русија, откако се повреди во синоќешното финале на Купот на Франција. 35-годишниот бек беше заменет во 41. минута на финалениот меч кој ПСЖ го доби со 2:0. Станува збор за повреда на коленото, која денеска треба да биде потврдена. Прелиминарните прегледи на лекарите открија веројатна повреда на лигаментите. Денес, играчот ќе оди на магнетна резонанца која ќе ја даде точната дијагноза.

Read More

Милан може да го добие ова лето голгетерот на Монако, Радамел Фалкао. Како што објавија неколку италијански медиуми, росонеритепланираат да го добијат колумбискиот играч како резултат на размена во која во Монако ќе се пресели Андре Силва. Жорге Мендеш е менаџер и на двајцата играчи и веројатно нема да му биде тешко да ги убеди да се согласат на размената. Португалскиот напаѓач минатото лето дојде во Милан од Порто за 38 милиони евра, но не успеа да се снајде во новата средина. Фалкао е одличен во Монако, но веројатно нема да има против да се проба и во Серија А.

Read More

Извршниот директор на Атлетико Мадрид, Мигел Анхел Жил Марин вели дека се уште разговараат со Гризман околу продолжувањето на новиот договор. Тој истакна дека позицијата на Атлетико е искажана јавно и воопшто не му се допаѓа начинот на кој Барселона сака предвреме да преговара со Французинот. „Ние постојано сме во разговори со Гризман и немаме намера да отвораме нов процес. Пред неколку месеци, лично му кажав на претседателот на Барселона дека нашиот играч во моментов не е на продажба и дека немаме таква намера. Исто така му кажав дека ако играчот го искористи своето право да го откаже договорот поради…

Read More

Менаџерот на лондонски Челзи, Антонио Конте изјави дека за својата иднина на кормилото на „сините“ ќе зборува по завршувањето на сезоната. „Ние немаме едноставна ситуација, но јас сум фокусиран на сегашноста, овде и сега. Се обидувам најдобро да ја работам мојата работа, и за играчите и навивачите. Загубивме доста бодови на почетокот на шампионатот, но сега не е време да се гледаме назад, бидејќи ни се потребни три бода на мечевите со Хадерсфилд и Њукасл и се надеваме на неуспеси на нашите конкуренти“, истакнал Италијанецот. „За две недели сезоната ќе заврши, а потоа ќе ги видиме сите опции“, вели Конте.

Read More

Фудбалерот на Реал Сосиедад, Серхио Каналес, следната сезона ќе го облече дресот на Бетис. Некогашниот фудбалер на Реал Мадрид и Валенсија, се согласил со условите кои му ги понудиле андалузијците и следната сезона ќе го облече нивниот дрес. 27-годишниот Шпанец се согласи со 4-годишниот договор кој му го понудија од Бетис и таму заминува како слободен фудбалер. Каналес ќе биде трето ново име за Бетис откако веќе беа објавени и трансферите на играчот од средниот ред на Еибар, Такаши Инуи и голманот на Еспањол, Пау Лопез.

Read More

Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Јаја Туре, кој ќе го напушти клубот на крајот на оваа сезона, изјави деке еден од најтешките противници во неговата кариера во средниот ред би играчот на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ . „Го мразам! Неверојатно е тешко да се игра против него. Висок е, силен фудбалер. Во светот нема многу играчи кои можат да ме запрат, но Матиќ секогаш ми задаваше проблеми. Тој добро работи и во одбрана, се бори. Тој е одличен, одличен играч“, го пофали Туре.

Read More

Англискиот напаѓач од екипата на Евертон, Вејн Руни,следната сезона може да ја започне како фудбалер на американскиот ДЦ Јунајтед од Вашинтон. Дел до американските медиуми објавија дека преставниците на фудбалерот имале неколку средби со преставниците на клубот од МЛС лигата и шансита за трансфер се одлични. Американскиот клуб се обиде да го донесе напаѓачот и минатата година, но Руни одлучи да остане во Евертон. Во моментов, ДЦ Јунајтед е последен во лигата, но размислува за она што ќе го има како ростер за следната сезона. Руни е најдобар стрелец во историјата на англиската репрезентција со 53 гола на 119 натпревари.

Read More

Одбојкарите на Струмица се шампиони на домашното одбојкарско првенство. Струмичани успеаа да ја одбранат титулата во финалната серија против Вардар, по победата во Скопје од 3:2. Ова беше третата победа за Струмица во четвртиот меч со скопските „црвено-црни“. Струмичани и „вардарци“ одиграа уште еден возбудлив натпревар со вкупно пет сета, во кои гостите се потрудија да дојдат до двојната круна оваа сезона, откако претходно го освоија и националниот куп.

Read More