Author: saso

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, по вчерашното „Ел Класико“ и ремито со Реал од 2:2 изјави дека дуелот поминал со многу спорни моменти и истакна дека очигледно на фудбалот му треба видео-контрола за точни судиски одлуки. „Имаше многу спорни моменти на натпреварот и беше потребно да се видат видео снимките за да се има појасна позиција. Исклучувањето на Роберто беше чудно. Изненаден сум дека тој го удри во лицето. Треба да ја видам снимката уште еднаш. Ваквите натпревари секогаш носат притисок и напнатост. Тоа се чувствуваше од првата минута. Сакавме да го победиме големиот ривал. Среќен сум од играта и…

Read More
NBA

Голден Стејт и Хјустон дојдоа на само една победа до пласман во конференциските финалиња во НБА плеј-офот. Голден Стејт со победа на гости кај Њу Орлеанс од 118:92 дојде до предност од 3-1 во меѓусебни пресметки со Пеликанс и веќе на следниот меч во Оукланд може да ја заврши неизвесноста околу местото во финалето на Западот. За разлика од претходниот дуел кој беше целосно под доминација на Пеликанс, сега момците од Калифорнија беа оние кои не оставија простор за противникот. Ентони Дејвис го заврши мечот со 26 поени, додека кај Голден Стејт доминираше двоецот Дјурант-Кари. Дјурант реализираше 38, додека Кари…

Read More

Хокеарите на Лас Вегас Голден Најтс кои годинава ја играат својата дебитантска сезона во НХЛ лигата успеаја да се пласираат во финалето на Западната конференција, откако во шестиот натпревар со Сан Хозе славеа со 3:0 на гости. На овој начин “златните витези” ја освоија серијата со 4-2 во победи и стана само третиот дебитант, кој успеал да елиминира два тима во плеј-офот во својата прва сезона. Претходно тоа им успеа на Торонто во 1918 година и Сент Луис во 1968 година.

Read More

Новиот тренер на екипата на Глазгов Ренџерс за следната сезона, Стивен Џерард, планира да ангажира еден од младите фудбалери на „црвените“ во дресот на својот нов клуб следната сезона. Како што објваија англиските весници, Џерард ќе се обиде заедно со себе во Глазгов да го однесе и младиот напаѓач на Ливерпул, Доминик Соланке, кој годинава не се наигра во дресот на финалистот во Лигата на шампионите. Соланке оваа година се појави на 20 меча за Ливерпул, реализирајќи само една асистенција. Џерард исто така ќе се обиде ова лето во Глазгов да го донесе и екс-дефанзивецот на Ливерпул, сега фудбалер на…

Read More

Екипата на Салцбург ја освои и петтата последователна титула во Австрија. Тимот победи против Штурм со 4:1 и веќе има недостижна предност од 14 бода на три кола пред крајот на шампионатот. Салцбург беше елиминиран од Олимпик Марсеј во полуфиналето во Лигата на Европа пред неколку дена, но успеа да ја задржи концентрација за домашното првенство и да го обезбеди трофејот. Откако Ред Бул е спонзор на клубот од 2005 година, во последните 12 сезони, тимот има 9 титули.

Read More

Сите информации велат дека и оваа година Битола ќе биде домаќин на завршницата на националниот ракометен куп. РФМ се уште официјално нема потврдено каде ќе се одржу завршниот турнир од купот, но втора година по ред по се изгледа најдобрите ракометни тимови во машка конкуренција ќе бидат во спортската сала „Младост“ во Битола. Минатата година РК Еурофарм Работник беше коорганизатор и успеа да стигне до финалето, а годинава се предвидува дека РФМ ќе биде организатор на турнирот на кој ќе играат две скопски и две битолски екипи. Засега е познато дека на 18 и 19 мај за кога е предвидена…

Read More

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, планира да им даде пауза на голем број стандардни првотимци за утрешното „Ел Класико“. Според некои информации во шпанските медиуми, Зидан е подготвен да остави дури седуммина од првотимците на клупата за резерви за да ги штеди силите за финалето од ЛШ. Големата ѕвезда Кристијано Роналдо и капитенот Серхио Рамос сакаат да играат на дербито, но најверојатно ќе почнат од клупата за резерви. Герет Бејл и Каземиро исто така би останале на клупата. Од првата минута шанса ќе добијат резервистите како Љоренте, Себаљос, Тео Хернандез и Касиља.

Read More

Легендарниот голман на Арсенал, Дејвид Симан, изјави дека му понудил на клубот две опции за менаџер откако Арсен Венгер најави дека го напушта тимот на крајот на сезоната. Запрашан дали е време за искусен или млад тренер, Симан одговори дека Патрик Виера треба да биде првиот избор на „топчиите“. Како втора опција за Арсенл, според Симан, треба да биде поранешниот тренер на Барселона, Луис Енрике. Тој освои девет трофеи за три години во Барселона пред да го напушти клубот минатото лето.

Read More

Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го засили напаѓачкиот ред со напаѓачот на Наполи Дрис Мертенс, кој има одлична сезона зад себе. Според информација на англискиот печат, 30-годишниот Белгиец му паднал во очи на Мурињо кој ќе се обиде да го донесе во тимот ова лето. Според изданието, неговата клаузула за откуп е скромни за тим како Јунајтед, 25 милиони фунти. Оваа шанса Јунајтед сигурно нема да ја пропушти и во скоро време ќе испрати понида за фудбалерот. Мурињо дури веќе ги известил своите претпоставени да направат контакт со претставниците на Белгиецот и се зборува дека преговорите се веќе во…

Read More

Борусија Дортмунд е сериозна во намерите со купување на голгетерот на Челзи, Батшуаи. Фудбалерот кој дојде на позајмица во редовите на „милионерите“ ова зима, сериозно се наметна во тимот и веќе стана посакуван фудбалер во составот на Германците и за следната сезона. Самиот голгетер исто така на неколку наврати изјави дека би сакал да остане во Германија. Според „Дејли Меил“, Борусија може да се обиде да го добие потписот на младиот голгетер за сума од околу 40 милиони евра.

Read More