Author: saso

Раководството на Јувентус не размислува да го врати на тренерското место поранешниот тренер на тимот Антонио Конте во случај Масимилиано Алегри да си замине на крајот на сезоната. Самиот Конте, кој е пред заминување од Челзи, пројавувал интерес да се врати во Торино, но шефовите на Јуве не сакаат да работат повторно со 48-годишниот стратег. Според новинарите во Италија, на листата на евентуални наследници на Алегри е тренерот на Спартак Москва, Масимо Карера, беше дел од екипата на Конте во Јувентус.

Read More

Дефанзивецот на Атлетико (М) Хуанфран може да ги пропушти и двата полуфинални натпревари од Лигата на Европа против Арсенал поради истегнување на лигаментите. Десниот бек го напушти теренот во 65-та минута на мечот кој Атлетико викендов го одигра против екипата на Бетис, а денеска треба да се очекуваат резултатите од последните медицински прегледи. „Хуанфран ги помина тестовите кои открија дека има повреда на тетивата на левата нога. Мислам дека тој има многу мали шанси да игра во првиот натпревар, но може да се врати за вториот“, изјавил тренеро та тимот, Симеоне.

Read More

Европскиот шампион Вардар денеска го има првиот голем тест на сезоната со гостување во Германија против екипата на Кил во првиот меч од плеј-оф колото пред Ф4 турнирот во Келн. И оваа година последен предизвик пред Ф4 турнирот за „црвено-црните“ е германски тим, кој е многу опасен и денеска ќе се обиде да дојде до што е можно подобар резултат против нашиот тим. Раул Гонзалез на заминување истакна дека Вардар го очекува еден од најтешките мечеви оваа сезона. „Никогаш не сме играле против Кил и не знам како ќе може да одиграме против нив. Јас можам да го замислам натпреварот,…

Read More

Еспањол го отпушти тренерот Кике Санчез Флорес. 53-годишниот стратег кој го предводеше каталонскиот клуб од мај 2016 година мораше да си замине, по одлуката која синоќа ја донесе раководството на клубот. Одлуката на управата е донесена врз основа на лошите резултати на тимот. Еспањол е на 16. место во Примера дивизија, освојувајќи само 36 бода во 33 меча. Заедно со Флорес, заминува и спортски директор на клубот, Жорди Лардин. Привремено на чело на тимот застанува Давид Гаљего, кој го водеше Б-тимот на Еспањол. 46-годишниот стратег е поранешен фудбалер со скромна кариера.

Read More

Главниот тренер на италијанска Рома, Еузебио ди Франческо може да стане нов менаџер на лондоснки Челзи, објави весникот „Телеграф“. Според информацијата,  менаџментот на клубот е во потрага по нов тренер, кој ќе го замени италијанскиот специјалист Антонио Конте. Челзи е импресиониран од резултатите на Рома предводена од Ди Франческо, кој успеа да се пробие до полуфиналето на Лигата на шампионите. Исто така, раководството на англискиот тим ги разгледува и Џулијан Нагелсман (“Хофенхајм”) и Дејвид Вагнер (“Хадерсфилд”) како опција за менаџерското место.

Read More

Обвинителството во Милано отвори истрагата за финансиска измама против претседателот на Интер Ерик Тохир и поранешниот генерален менаџер на Милан, Адријано Галијани. Веста најпрво ја објави весникот „Кориере дела Сера“, а ја потврдија повеќе извори. Сомнежите се поврзани со трансферите на играчите во последните неколку сезони. Се претпоставува дека исплатените суми биле вештачки надуени со цел да се направи финансиски баланс. Слична истрага беше спроведена и против Милан пред 10 години. Тогаш се посомневаа во врска со финансиските документи за 2003-04 година, но раководството на „росоњерите“ беше ослободено од вина.

Read More

Мегаѕвездата на бугарскиот фудбал, Димитар Бербатов, најверојатно, ќе ја заврши својата кариера ова лето. Ова лично го најави во интервју за бугарска телевизија, популарниот Бербо. „Ако не најдам тим каде ќе играм следната сезона, мојата кариера ќе заврши. Но, ниту еден фудбалер не е подготвен за тоа. Кога ќе завршите со фудбалот, мал дел од вас умира“, вели Бербатов. Последниот тим на бугарскиот голгетер беше индискиот Керала каде на 9 одиграни средби постигна еден гол.

Read More
NBA

Дејвид Блат е меѓу имињата на листата со потенцијални тренери на Њујорк за следната сезона. Според информациите од САД, тој ќе има интервју за да се договори со раководството на Никс. Поранешниот тренер на Кливленд може да направи кам-бек во НБА, каде помина една и пол сезона на чело на Кавалирс и си замина со скор од 67.5%, односно 83 победи во 123 натпревари. Претставниците на Никс ќе се сретнат со Блат следната недела кога ќе патуваат во Турција специјално да разговараат со него. Блат има добри односи со извршниот претседател на Никс, Стив Милс.

Read More

Пехарот кој го добива освојувачот на Лигата на Европа на УЕФА бил украден, па потоа пронајден во мексиканскиот град Леон, објавија локалните власти. Трофејот на вториот најважен европски клупски турнир бил дел од рекламна турнеја во Мексико. Според информациите, истиот е украден од автомобил, но подоцна бил пронајден од страна на полицијата. Следнава недела на програмата се првите полуфинални дуели од ЛЕ во кои во битка за пласман во големото финале во мај во Лион се борат Арсенал – Атлетико Мадрид и Марсеј – Салцбург.

Read More

Раководството на Арсенал има осум имиња на листата на потенцијални заменици на Арсен Венгер. На листата има пет главни стратези, како и три поранешни фудбалери на тимот. Во првата група се тројца тренери без ангажман, Луис Енрике (екс Барселона), Томас Тухел (екс Боруссия Дортмунд) и Карло Анчелоти (екс Баерн), како и тренерот на Јувентус Масимилиано Алегри и тренерот на Хофенхајм, Џулијан Нагелсман. Од поранешните играчи на Арсенал раководството ги разгледува кандидатурите на Микаел Артета, кој во моментов е помошник на Гвардиола во Манчестер Сити, на поранешниот капитен на Арсенал, Патрик Виеира и рекордерот по голови за тимот, Тиери Анри.

Read More