Author: dino

Италијанскиот фудбалски состав Наполи откако продаде дел од првотимците се обиде да ги пополни празнините со неколку нетрактивни играчи од типот на Фабијан Руиз, Симоне Верди, Кевин Малкуи и Винисиус Мораиш за кои беа потрошени 71,5 милиони евра. Токму таквата трансферна политика предизвика нервоза кај навивачите кои преку различни форми му порачаа на претседателот на клубот, Аурелио де Лаурентис, дека воопшто не се задоволни од реализираното. Тој пак, им возврати во негов стил. „Како можат навивачите да очекуваат да потрошам стотици милиони евра на нови фудбалери кога постојано купуваат фалсификат дресови и на стадионот влегуваат без да платат билет? “…

Read More

Новиот тренер на Баерн (Минхен), Нико Ковач, вовел нови правила на однесување кои нема да им се допадната на  ѕвездите на баварскиот гигант. Едно од нив не дозволува користење на паметни телефони во клупската база освен во соблекувалната. Играчите не смеат да имаат мобилни уреди во трпезаријата и за време на масажа. „Нормално е играчите да имаат пристап до нивните телефони во соблекувалната, но, кога имаме ручек заедно, треба да комуницираме едни со други. Сакам играчите да комуницираат повеќе меѓу себе” – рече Ковач. „Паметните телефони немаат место во кабинетот за масажа. Професионалните спортисти мора да бидат целосно фокусирани. Покрај…

Read More

Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Рубен Лофтус-Чик, јавно зборуваше за неговата позиција на теренот. „Играњето во средината со напаѓачки задачи во формација 4-3-3 е вистинската опција за мене, се надевам дека максимално ќе ги покажам моите квалитети“ – изјави црномурестиот фудбалер за официјалната бев-страница на „сините“ од Лондон. „Играчите се обидуваат да ги разберат барањата на тренерот додека се одвиваат тренизите со топка. Мислам дека во тој поглед се подобруваме. Редовните настапи во Премиер Лигата ме научија колку е тешко да се работи и со каква концентрација треба да се одигра секој натпревар за да се освојат трите бода“…

Read More

Напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг, се надева дека во новата сезона ќе се израдува на победничкиот пехар во Премиер лигата. „Нашиот тим сака да го извлече максимумот од секој турнир. Би било одлично да се освои трофејот на крајот од сезоната. Првенството е нашиот приоритет, но, ќе биде тешко а ние го знаеме тоа. Лично, сакам да помогнам колку што можам со моите голови и асистенции. Мислам дека ќе биде многу добра сезона“ вели Обамејанг. „Добро е што дојдов во Арсенал во јануари и имав шест месеци да се навикнам на шампионатот, земјата и културата –  затоа сега сум подготвен…

Read More

Нашите најдобри одбојкари со победа го отворија новиот циклус на квалификации за место на ЕП во 2019 година кое ќе биде реализирано во Франција, Холандија, Белгија и Словенија. Македонија успеа да победи со минимални 3 спрема 2 на теренот на Унгарците иако имаше предност од 2-0. Првите два сета ги добивме со 25 спрема 23, но, домаќинот токму со тој резултат успеа да слави во наредните два и да дојде до изедначување. Во решавачкиот сет по голема борба нашите репрезентативци дојдоа до победа од 16:14 а со тоа и до првите бодови во групата „Ф“. Во вториот дуел во нашата…

Read More

Нашата тенисерка, Лина Ѓорческа, доби дозвола по трет пат во кариерата да се појави во квалификациите за Отвореното Првенство на САД кои ќе започнат на 27 август. Таа откако направи подолга пауза за да ја санира повредата, во текот на летово се појави на неколку ИТФ турнири. Иако нејзината позиција на ВТА листата не и дозволува да игра во квалификациите за последниот сезонски Грен Слем собир, сепак, организаторот и овозможи да се бори за учество на главниот „костур“. Ќе потсетиме дека во претходната година додека траеше отворенот првентво на САД, Ѓорческа беше на 170. место на листата  на најдобрите светски…

Read More

Најдобриот фудбалер во Манчестер Сити во претходната сезона – Кевин де Бруин, претрпе тешка повреда на коленото за време на денешниот тренинг. Информацијата се појави во весникот „Сан“ кој пак, ја цитира независна веб-страна – „CIty Watch“. која се полни со вести поврзани со клубот на „Eтихад“. Во информацијата нема потенцирано колку време интернационалецот од Белгија ќе мора да се опоравува од повредата. Де Бруин во првиот сезонски меч во Премиер лигата на теренот на Арсенал влезе како резерва. Тој поради настапот на Мундијалот во Русија во текот на летото, доби подолг период за одмор во однос на поголемиот дел…

Read More

Деветкратниот шампион во Мото Гран при серијата, Валентино Роси, очекува да остане меѓу првите четири на табелата иако на осум круга до крајот на сезоната го има второто место кај возачите. Во моментов, лидерот Марк Маркез, направи солидни 59 поении предност во однос на полуларниот „доктор“ кој, пак, има 12 поени плус во однос на Хорхе Лоренцо и 13-ет повеќе од Андреа Довициозо. „Реално гледано, мислам дека и двајцата пилоти на „Ducati„ може да бидат подобри од мене бидејќи се многу блиску на табелата и се многу брзи. Ќе биде пријатно да се борам за подиумот иако знам дека не…

Read More

Џими Фред доминираше во колеџ-шампионатот на неверојатен начин, но потоа не успеа да направи целосна транзиција кон следното ниво – НБА. Бекот беше машина за поени во дресот на  Јанг Универзитетот а потоа беше избран под №10 во Драфта и играше за Сакраменто, Чикаго, Њу Орлеанс и Њујорк, но не ги оправда очекувањата во ниту еден од тимовите. Во последните две сезони бекот кој е висок 188-сантиметри имаше блескави настапи во шампионатот на Кина. Неговиот просек беше импресивен со 37.6 поени во 41 натпревар во сезоната 2016/2017, како и со 36.9 поени, 6.9 скока и 5.5 асистенции во изминатата година.…

Read More

Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, не крие дека бил воодушевен од играта на Џердан Шаќири, на пријателскиот меч со Манчестер Јунајтед. Швајцарецот со потекло од Косово неодамна им се приклучи на „црвените“ кои во атрактивен меч ги совладаа „црвените ѓаволи“ со 4 спрема 1. Токму Шаќири во финишот постигна атрактивен гол со „ножички“. „Не е нормално по само четири денови да се адаптирате толку добро на нашиот стил. Сакавме да му помогнеме со позицијата на теренот. Беше подобро отколку што очекувавме“ – нагласи германскиот стратег.

Read More