Author: dino

Голманот на Ливерпул, Симон Мињоле свесен дека со доаѓањето на Бразилецот, Алисон Бекер,  ќе мора главно да ја грее клупата на „Енфилд“, најавил дека размислува да си замине од тимот. Реномираната – „Марка“ објави дека Белгиецот се наоѓа на радарот на Барселона која најверојатно ќе биде принудена да побара замена за Јаспер Силенсен. Холанѓанецот нема намера и понатаму да биде на клупата за резерви и затоа ќе си побара нов состав. Миноле, пак, неодамна јавно изјави дека не сака да биде трет голман кај „црвените“.

Read More

Килијан Мбапе кој беше прогласен за најдобар млад играч на Светското првенство во Русија, можел да ги пропушти завршните два меча поради повреда на грбот. Според наведеното, младиот Французин додека се туширал направил лошо движење со телото по што се пожалил на болки во грбот. Лекарите веднаш реагирале и со посебен третман успеале да го подготват за полуфиналниот а потоа и за финалниот меч. Мбапе кој во наредната сезона треба да биде една од ѕвездите во тимот на ПСЖ, покажа и на собирот во Русија дека игра во врвна форма.

Read More

„Спортски новости“ пренесе информација дека капитенот на Хрватска, Лука Модриќ, добил огромна финансиска понуда да се пресели во шампионатот на Кина. „Лука Модриќ во рацете држи неверојатна понуда. Кинезите се подготвени да му даваат годишна плата од 40 милиони евра. Секако станува за нето износ“ стои во текстот. Играчот на Реал Мадрид во моментов заработува осум милиони евра годишна плата. Доколку Хрватот ја прифати понудата и се упати во Кина, тогаш ќе биде најдобро платениот фудбалер на планетава. Кинезите покрај финансиските услови за Модриќ ќе мораат да ја покријат и неговата клаузула за  превремено заминување од тимот на „кралевите“. Тој…

Read More

Капитенот на фудбалскиот состав Реал Мадрид, Серхио Рамос, за локалниот медиум – „Диаиро гол“, потенцирал дека знае кој ќе ја добие „седумката“ на Кристијано Роналдо кој пред извесен период си замина од шпанскиот состав и за 105 милиони евра се пресели во италијанскиот шампион Јувентус. Според наведеното, репрезентативецот на „Фуријата“, Марко Асенсио, од наредната сезона ќе го носи дресот со бројот седум. 22-годишниот играч е голема надеж на шпанскиот фудбал а управата на „кралевите“ се определи токму тој да го добие дресот кој го носеше Роналдо.

Read More
NBA

Меџик Џонсон, претседателот на кошаркарскиот состав од НБА лигата, Лос Анџелес Лејкерс, изјави, дека не се плаши од шампионот Голден Стејт. Легендарниот бек на „езерџиите“ во гостувањето во емисијата на Џими Кемпл, проговори како за дуелите со воините кои во две последователни години ја обезбедија титулата така и за  привлекување на Леброн Џејмс. „Сите сме свесни за големиот предизвик. Очекувањата се дека Голден Стејт ќе победи повторно, но, јас би сакал да играме со нив во финалето на Западот. Јас имам натпреварувачки дух и не се плашам од нив. Знам дека имаме солиден тим со играчи кои се победници “,…

Read More
NBA

Шесткратниот шампион на кошаркарската Евро-лига, Панатинаикос, ги обезбеди услугите на младиот центар, Јоргос Папајанис. 21-годишниот Грк се врати во татковината по неуспешниот престој во НБА. Таму за две сезони поминати во Сакраменто и Портланд одигра само 39 натпревари со просек со 4,1 поен и 3,2 скока. Високиот центар кој беше одбран под бројот 13 на НБА драфтот во 2016 година, не стигна до најдобрите. Папајанис пред да игра во САД  беше дел од ПАО и Паниониос.Неговиот договор со Панатинаикос ќе биде за наредните пет сезони.

Read More

Италијанските медиуми објавија попладнево дека Спортскиот арбитражен суд ја прифатил жалбата на Милан поради забраната за играње во Лига Европа. Одлуката треба да се официјализира во наредните часови. Со неа, на „росонерите“ ќе им биде дозволено да играат во Лига Европа дури од наредната сезона 2019/20. Пред објавувањето на одлуката на Спортскиот арбитражен суд, претставникот на Милан, Марко Фасоне, истакна дека членовите на судот ги дознале сите детали и дека имаат многу елементи да донесат позитивна пресуда за италијанскиот состав.

Read More

Тимот на Мерцедес ја комплетираше екипата за наредната сезона. Откако вчера стана јасно дека Луис Хамилтон останува до 2020, денеска официјално беше објавено дека Валтери Ботас исто така потпишал за една година со опција за уште една. Тоа им стави крај на сите шпекулации и за можните промени во екипата. Финецот откако влезе во екипата во 2017 година забележа три победи. Во изјавата на тимот се вели дека Валтери одиграл клучна улога во освојувањето на шампионската титула во претходната сезона. „Многу сум горд што ќе бидам дел од овој неверојатен тим. Немам трпение да видам што ќе се случи. Ќе…

Read More

Дури 29 клубови од НФЛ лигата се сместени меѓу првите 50-ет во последната анкета на Магазинот „Форбс”. Листата е направена со анализа на НФЛ; НХЛ, НБА, МЛБ, фудбалските тимови, како и екипите во Формула 1 и Наскар. На првото место на највредните екипи се наоѓа тимот на  Далас откако „каубојците” се проценети на сума од 4.8 милијарди долари. Зад нив се европските фудбалски гиганти Манчестер Јунајтед (4.12 милијарди), Реал Мадрид (4.08) и Барселона (4.06). Во Топ десет уште влегуваат и: Њујорк Јенкис (МБЛ), Њу Ингланд Петриотс (НФЛ), Њујорк Никс (НБА), ЛА Лејкерс (НБА), Њујорк Џајентс (НФЛ) и Голден Стеј Вориорс…

Read More

Екипата на Ливерпул го комплетираше трансферот на Бразилскиот голман, Алисон Бекер, кој стана најскапиот чувар на мрежата во историјата на фудбалот. Тој синоќа успешно ги реализираше медицинските прегледи и потпиша шестгодишен договор со клубот од „Енфилд“. „Црвените“ сега ќе и исплатат на италијанската Рома вкупно 70 милиони евра ( 62 милиона во готово а остатокот преку бонуси). За големиот трансфер проговори и тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп. „Пазарот ги диктира цените а голманите моментално држат висока цена. Добивме фантастичен, можеби дури и најдобар голман на светот, кој изненадувачки одлично зборува англиски“ – рече Клоп.

Read More