Author: dino

Тибор Куртоа од селекцијата на Белгија е прогласен за најдобар голман на 21 фудбалски Мундијал кој денеска заврши во Русија со триумф на селекцијата на Франција. Наградата -„Златна ракавица“ која ја доделува „Адидас“, заврши во рацете на чуварот на мрежата на „црвените ѓаволи’ кој беше еден од најзаслужните што неговата репрезентација на крајот го освои бронзаниот медал. Куртоа прими 6 голови на седум средби или во просек 0,86 по меч а неговата репрезентација забележа историски успех бидејќи прв пат се искачи на третото место на Мундијалите.

Read More

Напаѓачот на ПСЖ и на селекцијата на Франција, Килијан Мбапе, е прогласен за најдобар млад фудбалер на штотуку завршеното Светско првенство на терените во Русија. Франција денеска во големото финале на стадионот „Лужники“ во Москва ја совлада Хрватска со 4 спрема 2 а Мбапе беше стрелец на еден од погодоците. Напаѓачот на „галските петли“,  успеа во 65 минута да го совлада голамнот Субашиќ со што стана вториот тинејџер кој постигнал гол во финален меч на еден Мундијал.

Read More

Хрватскиот фудбалер, Лука Модриќ, ја доби наградата „Златна топка“ која му се доделува на најдобриот играч на еден Мундијал. Тој воедно постави и рекорд во националниот дрес. 32-годишниот играч од средниот ред денеска против Франција го одигра 12-тиот натпревар за „коцкестите“ на Светските шампионати. Досега рекордот го држеше Дарио Шимиќ со 11 мечеви. Фудбалерот на Франција, Антоан Грисман, кој постигна гол од пенал на мечот со Хрватска (4:2), беше избран за најдобар играч во финалето на Светскиот шампионат во Русија. Гризгман го заврши МУндијалот со четири голови и две асистенции. Белгија постави нов рекорд на Светските првенства откако успеа да…

Read More

Репрезентацијата на „Галските петли“ со победата од 4 спрема 2 против Хрватска во финалето на Светското првенство во Русија, успеа по втор пат во историјата да се искачи на највисокото место на пиедесталот. Во драматичен, возбудлив и пред се ефикасен меч, Французите покажаа дека располагаат со врвен квалитет и сосема заслужено стигнаа до посакуваната победа. Хрватска која со самиот пласман во завршниот меч испиша историја, не успеа да испарира и да го земе победничкиот пехар. Манџукиќ со автогол во 18. минута донесе радост за Франција додека изедначувањето дојде преку Перишиќ во 28 минута. До крајот на првиот дел Франција преку…

Read More

Маурицио Сари ќе седне на клупата на Челзи на местото на Антонио Конте, објави тимот од Лондон на социјалните мрежи. Со тоа заврши ерата на италиајнскиот стратег на клупата на „сините“ кој во континуитет имаше недоразбирања со челниците на тимот од „Стенфорд Бриџ“. Последниот повод за кавга беше несогалсувањето околу терминот за стартот на подготвките за новата сезона. Сари ја започна тренерската кариера во 2005 година во тимот на Пескара во Серија „Б“ а потоа беше предводник на уште неколку екипи од „Чизмата“. Сари го презеде кормилото на Наполи во 2005 година и во континуитет имаше забележителни резултати во Серија…

Read More

Напаѓачот на Пари Сен Жермен и воедно на националниот тим на Франција, Килијан Мбапе, пред утрешното финале со Хрватска на Мундијалот во Русија, зборуваше за цената на славата. „Веќе не можам да бидам обичен човек. Фудбалот е нешто без кое не можам да живеам. На пример да седнете дома и да ви биде досадно или да излезете на прошетка за да јадете сладолед. Со Мундијалот се заврши“ – вели Мбапе. „Немам време за такви работи затоа што додека се завртам околу мене ќе има 500 лица. Нема да кажам дека е лесно, но, тоа е животот кој го сакав“ -…

Read More

Бразилската ѕвезда Нејмар им пожела успех на француската сензација Килијан Мбапе и на хрватскиот фудбалер Иван Ракитиќ пред утрешното финале на Мундијалот меѓу „Галските петли” и Хрватите. Мбапе му е соиграч на Нејмар во Пари Сен Жермен додека Бразилецот своевремено играше заедно со Ракитиќ во Барселона. „Пријатели мои, Мбапе и Ракитиќ, сите знаат колку е тешко е да се стигне до финалето. Многу се радувам за вас двајцата. Пријатно е да ја гледам радоста на вашите сонародници. Не негирам дека би сакал да бидам на ваше место, но, не успеав. Без оглед на исходот, веќе сте шампиони, горд сум што…

Read More

Фабио Капело кој своевремено седеше на клупата на Англија и на Русија, вели дека Хрватска направи сензација откако влезе во финалето на Мундијалот. „Тоа што го  направи земја со само четири милиони жители е навистина чудо. Се прашувам каде ги наоѓаат тие таленти. Хрватска е одличен тим. Толку борбеност и заедништво… Имаат патриотизам и одличен дух“ – истакна Капело. Фудбалерот на Англија, Фабијан Делф, вели дека имал можност да ја почувствува атмосферата меѓу фановите  додека неговите соиграчи водеа битки на СП во Русија.Тој во еден период доби дозвола да се врати дома бидејќи доби принова во семејството.„Колегите не ми веруваа…

Read More

Изненадувачки, хрватскиот фудбалски сојуз во еден часот по полноќ, објави дека добил уште 1.200 влезници за финалето од Светското првенство. Кој бил буден и ја следел страницата на ХНС, доби неверојатна шанса да го следи големото финале. Цената – ситница, околу 400 евра за влезница плус пат до Русија. Големото финале е утре со почеток во 17 часот. Светската фудбалска асоцијација ФИФА воведе уште едно „неверојатно правило“ додека тече  Мундијалот во Русија. Во најновиот наредбата која ФИФА ја испрати до носителите на ТВ правата за пренос, стои дека режисерите веќе не смеат да ги фокусираат убавите девојки на триибините на…

Read More

Белгискиот репрезентативец и играч на Манчестер Сити, Кевин де Бруин, му честиташе на францускиот тим за вчерашната победа и пласманот во финалниот меч. Според играчот на „црвените ѓаволи“, двете селекции прикажале добар фудбал. -Тоа беше тежок натпревар. Двете репрезентации имаа блескави монети. Победникот го реши само еден прецизен удар со глава, вели Де Бруин. Играчот  на Франција, Пол Погба, очекува неговата селекција да се врати со победничкиот пехар од Мундијалот во Русија. „Галските петли“ вчера славеа против Белгија со 1-0 и влегоа во големото финале. -Ќе дадам се од себе за да станам светски шампион. Мислам дека на мечот со…

Read More