Author: dino

NBA

Брет Браун постигна договор со раководството на Филаделфија и го продолжи договорот за  уште три години со НБА тимот, објавија американските медиуми. Иако финансиските услови не се обелоденети, медиумите тврдат дека соработката ќе трае до крајот на сезоната 2021/2022. Тековниот договор на Браун со клубот вклучува уште една сезона. Тој го презеде тимот во 2013 година. Филаделфија во плеј-офот го совлада Мајами во првиот круг а потоа загуби од Бостон во 4-1. Во регуларната сезона тимот имаше 52 победи и 30 порази и за прв пат од сезоната 2000/2001 забележа толку многу победи. Филаделфија под водство на 57-годишниот Браун, има…

Read More

Екипите на Ферари и на Ред Бул за трката во Канада во Формула 1, ќе добијат идентични сетови на гуми од Пирели додека возачите на Мерцедес се определија за различна варијанта од тврдата компонента. Пирели за трката во Монако понуди – суперсофт, ултрасофт и хиперсофт а токму тие типови на гуми ќе бидат ставени на располагање и за трката во Канада. Последните се производ на Пирели создаден токму за тековнава сезона. Мерцедес ќе добие 5 сета хиперсофт, пет комплети ултрасофт и три сета суперсофт. Ред Бул и Ферари, пак, ќе добијат по осум комплети хиперсофт, три сета ултрасофт и само…

Read More

Претседателот на фудбалскиот состав Лацио, Клаудио Лотито, ја исклучи можноста екипата на Јувентус во текот на летово да го ангажира напашачот Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Шефот на „орлите“, проценува, дека „бјанконерите“ не можат да си дозволат да ги покријат финансиските параметри за купување на  српскиот фудбалер. „Нема можност Милинковиќ-Савиќ да премине во Јувентус бидејќи клубот не располага со толку финансии“ – потенцирал Лотито во интервјуто за  – „Tuttosport“. Иако има шпекулации дека за ѕвездата на Лацио се заинтересирани и луѓето од Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен, спортскиот директор на италијанците, Игли Таре, негира, дека во клубот пристигнала официјална понуда за играчот.

Read More

Фудбалскиот состав на Ливерпул планира да обезбеди квалитетен голман откако Миноле и Кариус направија премногу грешки во штотуку завршената сезона и не ја оправдаа довербата на тренерот, Јирген Клоп. Според најавите во медиумите, трансферна цел на челниците од „Енфилд“ ќе биде голманот на Рома, Алисон Бекер како и одличниот чувар на мрежата на Атлетико Мадрид, Јан Облак . Во шпекулациите влегува и името на вториот чувар на мрежата на Барселона, Јаспер Силесен, кој е можеби и најреална опција за екипата на Ливерпул. Холандскиот интернационалец во редовите на Каталонците има договор до 2021 година, но, тоа нема да ги спечи „црвените“…

Read More

Фановите на Рома го изгласаа напаѓачот, Един Џеко, за најдобар фудбалер на „волчицата“ во штотуку завршената сезона. Интернационалецот од БИХ беше еден од најзабележителните на теренот како во Серија „А“ така и во елитната Лига на шампиони. Токму неговите погодоци го однесоа италијанскиот тим во 1 / 2 финалето во европската конкуренција и тоа по пауза од 27 години. Џеко уште еднаш се покажа како напаѓач од светска класа и затоа не изненадува што се претвори во миленик на тифозите. Веднаш за него се смести Алисон додека капитенот, Даниеле де Роси, заврши на третото место. Меѓу првите петорица во изборот…

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, потенцира дека новото засилување Фабињо може да ко искористи на неколку позиции што претставува голема предност доколку некој од играчите се повреди. „Тој има вештина и став да игра на највисоко ниво на неколку позиции. Може да биде шеска, осумка и двојка. Тоа е кул. Тактички е многу силен и има фудбалска интелигенција. Ние купивме фантастичен играч кој е воедно и неверојатен како човек“ -вели германскиот стратег. „Мислам дека Фабињо ќе успее да го подигне расположението во соблекувалната. Тоа не може да се каже за многу играчи кои се гледаат како ѕвезди“ –…

Read More

Италијанскиот состав Наполи има намера да го купи играчот за врска на Пари Сен Жермен Адриен Рабиот и полу-дефанзивецот на Бетис, Фабијан Руиз Пена. Италијанците упатиле понуда до ПСЖ за Рабиот во вредност од 29 милиони евра со можност сумата да се зголеми за три милиони кои ќе бидат исплатени како бонуси. Францускиот фудбалер сака да го напушти „Паркот на принцовите“ и да работи со Карло Анчелоти во Неапол, тврди „CalcioNapoli24“. Со Фабијан Руиз Пена работите стојат поинаку бидејќи за неговите услуги се заинтересирани и екипите на Атлетико Мадрид и Рома. 22-годишниот Шпанец има договор со Бетис до 2023-та а…

Read More

На 4. јуни (понеделник) со почеток во 12:00 часот во салата за состаноци при хотелот Бест Вестерн (поранешен хотел Турист), Македонската кошаркарска федерација ќе организира јавна дебата на тема бројот на странските играчи во спортските колективи во мак-кошарката и нивно намалување од наредната сезона. Тема ќе биде и неодамна наметнатото прашање и предлогот за зголемување односно намалување на бројот на екипите-учеснички во Првата и во Втората лига во машка сениорска конкуренција.На јавната дебата учество ќе земат претставниците на клубовите кои ќе се натпреваруваат во Првата лига мажи, претставници на клубовите кои ќе се натпреваруваат во Втората лига мажи, претставници на…

Read More

Бугаринот, Кубрат Пулев ќе боксува со Дилијан Вајт на стадионот -„Васил Левски” во Софија. Победникот од мечот кој е закажан во август, подоцна ќе излезе на мегдан со светскиот првак, англичанецот, Ентони Џошуа. „Ќе биде неверојатна атмосфера и меч кој ќе остане во историјата. Вајт е многу опасен ривал, но, јас ќе му покажам кој е подобар и дека боксот е интелигентен спорт за интелигентни луѓе ” – рече Пулев. Доколку се реализира идејата на организаторот, тогаш Пулев и одличниот боксер од Велика Британија може да се појават на импровизиран ринг на стадионот во Софија пред повеќе од 50.000 гледачи.

Read More

Кошаркарската федерација на Македонија излезе со соопштение по повод сите реакции по завршувањето на плеј-офф серијата меѓу Работнички и МЗТ Скопје. „Крајно сме разочарани од одлуките на одредени поединци (тренери) и одредени клубови за реакциите во врска со судењето и судиските одлуки во рамки на плејофот од машка сениорска конкуренција. Иако имавме семинари на кои беше наведен и потенциран кодексот на однесување за тренерите и сите учесници во натпреварите  и дека најстрого се забранува какво било коментирање околу судењето, одредени клубови тоа не го испочитуваа за што комесарот во наредниот билтен ќе излезе со соодветни казни и санкции“ – стои…

Read More