Author: dino

Францускиот фудбалски репрезентативец на Баерн Минхен, Корентен Толисио, рече дека елиминацијата од  Реал Мадрид е најголемото разочарување во неговата кариера. Баварците беа елиминирани од шпанскиот тим откако загубија во првиот меч дома со 2-1 а вчера на реваншот на „Сантијаго Бернабе“ одиграа нерешено 2 спрема 2. Анализата вели дека Германците во двата меча беа подобри и дека направиле поголем број на шанси. „Игравме одлично и само нијансите беа решавачки . Баерн направи исклучително прво полувреме, имавме повеќе гол- ситуации. Сега сме многу разочарани, но, мора да одиме напред и да размислуваме за финалето на Купот на Германија”, изјави 23-годишниот Толисио.

Read More

Претседателот на рускиот олимписки комитет, Александар Жуков, објави дека си поднел оставка. Тој наведува дека причината за неговата одлука е желбата целосно да се фокусира на политичката кариера. Жуков додека беше претседател на Рускиот олимписки комитет ја извршуваше и должноста на заменик-претседател на рускиот парламент од квотата на владејачката партија – „Единствена Русија”. Жуков кој го презема раководењето со Рускиот олимписки комитет од 2010 година, во еден период мораше да се соочи со обвинувањата за користење на допинг од страна на руските спортисти. На Зимските олимписки игри реализирани годинава во февруари во Понг Чанг, на Русија не и беше дозволено…

Read More

Францускиот состав Монпелје ќе им биде противник на ракометарите на Вардар во полу-финалето во Лигата на шампионите на завршниот Ф 4 турнир во Келн. Во вториот меч на 26 мај за влез во големото финале ќе има чисто француска пресметка меѓу Нант на нашиот Кире Лазаров и екипата на ПСЖ. Од претходно се знае дека мечевите од 1 /2 финалето ќе започнат во 15.15 часот и во 18.00. Монпелје кој е дебитант на Ф4-турнирите му беше противник на Металург во групата Д во која го освои првото место. Во фазата на елиминации успеа да ги прескокне Барселона и Фленсбург. Вардар…

Read More

Фудбалерот на Барселона, Лео Меси, изјави дека му е жал што нема да го испратат Андрес Иниеста со тројна круна како што тоа се случи своевремено со Чави кога реши да си замине од Шпанија. Аргентинецот постигна  хет-трик на вчерашниот меч со Депортиво ла Коруња а неговиот тим со победата од 4-2 ја потврди тутулата на три кола пред крајот на сезоната. Претходно Меси и колегите се израдуваа и на победничкиот пехар во Кралскиот Куп. „Тој заслужува да си замине од клубот со двојна круна во Шпанија. Жалам што не го испративме како Чави, со освоена тројна круна. Штета што…

Read More

Кошаркарскиот состав Химки ќе мора да плати казан поради фрлени тврди предмети на теренот на мечот со ЦСКА Москва како и поради навреди упатени кон судиите, изјави генералниот менаџер на екипата  Павел Астахов. „Немаме добиено одговор од Евролига на нашата жалба. Знаеме дека конечниот резултат нема да се менува но, играчите, тренерите и навивачите, сакаат да знаат што мисли Евролигата за спорната ситуација”- вели Астахов. „Не знаеме дали е некоординирана акција на записничката маса и судиската тројка? Грешка на арбитрите, грешка на записничката маса, На кој основ не е признат нашиот последен кош – постигнат е во согласност со правилата?”-…

Read More

Фудбалерот на Реал Мадрид, Иско, ќе мора да го прескокне утрешниот реванш со Баерн Минхен во Лигата на шампионите кој ќе биде одигран на стадионот „Сантијаго Бернабе“ во Мадрид, тврди – „Marca“. Брзоногиот играч на денешниот последен тренинг пред значајниот меч со Германците изјавил, дека не се чувствувал целосно подготвен. Иско кој го повреди рамото на првиот меч во Баварија сеуште чувствува болка. Затоа стручниот штаб на Шпанците на чело со Зинедин Зидан, одлучил да не ризикува со здравјето на фудбалерот кој во текот на летото најверојатно ќе се појави и на Мундијалот во Русија.

Read More

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, успеа да се искачи на највисокото место на подиумот по денешната хаотична трка на патеката во Баку која се бодува за светскиот шампионат во Формула 1. Британецот победи на трката за Големата награда на Азербејџан откако ги искористи грешките и откажувањата на неговите опоненти. За Хамилтон тоа е прв сезонски триумф или вкупно 63-ти во кариерата. Второто место го освои Кими Раиконен од екипата на Ферари додека на третата позиција заврши возачот на Форс Индија , Серхио Перез. Наредната трка во Формула 1 ќе биде возена на 13 мај на патеката „Каталуња„ во Шпанија.

Read More

Ракометарите на Вардар ќе ја браната титулата европски првак на завршниот фајнал-фор турнир во Келн иако денеска загубија во реваншот од Кил со 28 спрема 27 во СЦ Јане Сандански во Скопје. „Црвено-црните“ влегоа меѓу најдобрите 4 екипи во елитата благодарение на победата на гостувањето во Германија со 29 спрема 28 или повеќе постигнати голови на гостински терен. Нашиот состав денеска имашепредност во финишот од 27 спрема 25 но, со серија грешки му дозволи на противникот да направи пирова победа. Во битката за победничкиот пехар во Лигата на шампионите во Келн на 26 и 27 мај место обезбедија и ПСЖ…

Read More

Фудбалскиот состав Шалке 04 официјално, објави, дека младиот играч од средниот ред, Макс Мајер, ќе го напушти клубот како слободен агент откако ќе заврши тековнава сезона. Тој не сакал да потпише нов договор бидејќи има шанси да направи трансфер во англискиот Арсенал. Во меѓувреме, германскиот клуб потпиша договор за партнерство со кинескиот состав Хебеј кој е валиден пет години. Тимот од Гелзенкирхен ќе испрати тренери во Академијата на Хебеј за што ќе заработи повеќе од 10 милиони евра. Германците ќе трета година по ред во текот на летото ќе имаат турнеја во Кина на која ќе се сретнат со новиот…

Read More

Европската фудбалска асоцијација ќе го казни Баерн Минхен за инцидентите што се случија по мечот со Реал Мадрид во Лигата на шампионите кога неодговорни навивачи влетаа на теренот. Еден од нив за малку ќе му го скинеше дресот на Франк Рибери додека другиот правеше „селфи“ со фудбалерите на Реал Мадрид. Од УЕФА соопштија дека ќе го разгледаат и случајот со истакнатиот транспарент од страна на домашните фанови кои ја критикуваа УЕФА за високите цени на влезниците. Конечната одлука на дисциплинската комисија на УЕФА треба да биде соопштена на 31 мај или 5 денови откако ќе се реализира финалето на ЛШ…

Read More