Author: dino

Македонските претставници доминираа во машкиот дел на трката на 5 километри која е дел од традиционалниот – „Виз Ер Скопски маратон. Првото место го освои Богдан Цветковски, втор заврши Крстијан Стојани а трет Леонид Вандевски.Во конкуренција на жени, најбрза беше Креша Бакрачи од Косово, втора низ целта помина Марго Бојаџиева од Македонија а трета нашата маратонка, Викторија Ѓорѓевска. По отприлика еден час на главниот маратот, во водство се Кенијските претставници кои се и главни фаворити за освојување на победничкиот пехар. Скопскиот маратон може да се следи тековнo и на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ.

Read More

Дефанзивниот фудбалер на Јувентус, Лихтенштајнер, изјави дека ќе го напушти клубот на крајот од сезоната. Изјавата на Швајцарецот доаѓа по вчерашната победа против Болоња (3: 1), која ја доближи „старата дама’ до седмата последователна титула во Серија „А“. „Имам уште 14 денови во Јувентус, ми треба нова мотивација, нов предизвик, ќе ја продолжам мојата кариера надвор од Италија, не можам да кажам каде бидејќи сè уште не сум потпишал договор”, рече Лихтенштајнер. Десниот бек има одиграно 203 натпревари за Јуве на сите турнири на кои постигна и 12 гола. Тој е шесткратен шампион во серијата А а трипати го освои…

Read More

Фудбалерите на Барселона и на Реал Мадрид денеска од 20.45 ќе го одиграат последното сезонско – „Ел Класико“. Мечот на „Камп Ноу“ нема значење откако Каталонците ја обезбедија титулата а „кралевите“ сите погледи ги насочија кон финалето со Ливерпул во Лигата на шампионите. Единственото прашање е дали гостите ќе направат победнички шпалир за новиот шампион иако нивниот тренер, Зинедин Зидан, изјави дека тоа нема да се случи бидејќи Барса не го направи тоа во декември кога Реал истрча како освојувач на Светскиот клупски куп. Лео Меси и Кристијано Роналдо денеска нема да бидат во преден план .Ѕвезда на вечерта ќе…

Read More

Македонските возачи Игор Стефановски – Иџе и Виктор Давидовски, денеска ги очекува нова трка во „ТЦР Европа“ шампионатот во Ле Кастелет, Франција. Вчера Иџе со возилото на „Хјундаи“ успеа да дојде на седмото место додека Давидовски со возилото на „Ходна“ заврши на 16. Позиција. Втората сезонска трка на патеката „Пол Рикар“ ќе стартува денеска од 15.50 часот. Главен фаворит за првото место останува вчерашниот победник, Душан Борковиќ од Србија кој ги остави зад него Наѓ и Шпанецот, Азкона

Read More

Денеска од 8.30 започнува 14-то издание на традиционалниот – „Виз-Ер Скопски маратон“ на кој ќе се појават повеќе од 10.000 натпреварувачи од преку 58 земји. Промоторката на годинашниов собир е Британката, Пола Редклиф, ќе биде дел од трката на 5 километри. Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски, кој мината година победи на „Виз Ер Скопски маратон на полумаратонската трка важи за прв фаворит заедно со уште двајца македонски натпреварувачи: Милош Ранчиќ и Атанас Анчевски. Претставниците од Кенија, традиционално се  главните фаворити на маратонот. Од македонските натпреварувачи во преден план треба да бидат: Александар Кираџиев и Кокан Ајановски додека кај жени најмногу се…

Read More

Тимот на Милан може да се раздели со португалската ѕвезда Андре Силва уште во текот на летото. Спортскиот директор на „росонерите“, Масимилијано Мирабели и агентот на фудбалерот, Жорже Мендеш, имале средба во Мадрид веднаш по реваншот од 1/2-финалето на Лигата на шампионите меѓу Реал и Баерн Минхен. Тие заедно со спортскиот директор на Монако, Михаел Еменало, биле видени во елитен ресторан во Мадрид. „Скај Спорт“ претпоставува дека тема на разговор бил португалскиот репрезентативец Силва кој во претходното лето премина во Милан од составот на Порто за сума од 38 милиони евра, но, не успеа да се наметне за првиот тим.…

Read More

Играчот од средниот ред на Јужно-африканскиот фудбалски клуб Маризбург Јунајтед – Луанда Нинггасе, кој пред два месеца беше погоден од гром на пријателски натпревар, почина денеска во болницата во која беше хоспитализиран. 21-годишниот играч од средниот ред бил во кома по инцидентот и не можел да се врати во живот. Интересно е тоа што Нинггаз е третиот играч на Маризбург во последниве две години кој почина. по несреќен случај. Претходно тоа се случи и со 27-годишниот Мондли  и 20-годишниот Дламини.

Read More

Ако возачите на Ред Бул уште еднаш предизвикаат инцидент на патеката во Формула 1, австрискиот тим ќе воведе наредби од боксот, се закани спортскиот директор на тимот, д-р Хелмут Марко. Макс Верстапен и Даниел Рикардо беа сериозно предупредени од страна на раководството откако тимот загуби премногу бодови поради глупавата ситуација во Азербејџан. Иако Кристијан Хорнер рече дека возачите ќе имаат целосна слобода во донесувањето на одлуките, очигледно Хелмут Марко има сосема поинаков став. „Ако се случи нов ицидент со нашите две возила, тогаш ќе мораме да воведеме тимски наредби од боксот иако сме против таквиот начин на работа“ – вели…

Read More

14-то издание на Виз Ер скопскиот маратон ќе се одржи в недела со рекорден број од преку 10.000 учесници од 58 земји. Главен промотор ќе биде светската рекордерка Пола Ретклиф а главни покровители на манифестацијата се градот Скопје и Агенцијата за млади и спорт. „Очекуваме убава слика на улиците, ќе имаме новитети покрај патека и секако атрактивна трка. Мораме да бидеме задоволни од бројката на пријавени натпреварувачи“ истакна директорот на маратонот, Кире Синадиновски на денешната прес-конференција. Пола Ретклиф пак, не криеше дека е задоволна со улогата што ја има. „Сум слушнала навистина многу убави зборови за Виз-ер Скопскиот маратон, за…

Read More

Фудбалерите на Атлетико Мадрид и на Олимпик Марсеј ќе играат на 16 мај на стадионот во Лион за победничкиот пехар во Лигата на Европа. Шпанците во реваншот од полуфиналето на домашен терен го совладаа Арсенал (Англија) со 1 спрема 0 со погодокот на Диего Коста и со вкупни 2-1 си обезбедија виза за финалето во Франција. На истекот на судиското продолжение во првиот дел, напаѓачот на домаќините успеа да и побегне да одбраната на противникот и со прецизен од 10-на метри да го совлада Оспина. Во вториот меч во Австрија, Салзбург славеше пирова победа во продолженијата против Олимпик Марсеј со…

Read More