Author: dino

Нашиот најдобар тенисер на АТП листата, Томислав Јотовски, успеа да оствари значајна победа на стартот на турнирот во Анталија, Турција,  кој се реализира за награден фонд од 15.000 американски долари. Тој го совлада домашниот  претставник, Марсел Илхан, кој во 2015 година беше 77-ми на АТП листата и има играно и на сите Грен слем турнири во главната фаза. Јотовски славеше убедливо со 2 спрема 0 по сетови  6-1 и 6-2. Македонскиот тенисер во второто коло го очекува меч со Италијанецот, Давиде Галопини. На истиот турнир настапи и нашиот, Горазд Србљак, кој уште во првото коло загуби од Русинот, Иван Неделко…

Read More

Ракометарите на Флензбург и на Монпелје денеска од 19.00 часот со мечот во Германија ќе ја отворат четврт-финалната фаза во Лигата на шампионите. Реваншот на теренот на Французите е закажан на 29 април. Наредната пресметка во елитата ќе биде на 21.04.2018 г., од 18.30 ч. меѓу Киелце  и ПСЖ. Возвратниот меч меѓу Полјаците и Французите  ќе биде реализиран на 28.04.2018 г. Нашиот и воедно европскиот шампион, Вардар, последниот филтер пред Ф4 тунирот ќе го започне на 22 (недела) на теренот на германскиот Кил а ќе го заврши на 29. април во СЦ Јане Сандански. Во истите термини ќе биде одигран и двомечот…

Read More

Претседателот на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге, вели дека само еден тим во моментов може да го победи Реал Мадрид во Лигата на шампионите и дека е тоа токму составот од Баварија. Германскиот шампион во полу-финалето на европската елита ќе му застане на патот на шпанскиот гигант кој се обидува да направи хет-трик во ЛШ и да освои нова титула. „Само Баерн Минхен може да го совлада Реал Мадрид. Мора да одиме чекор по чекор, не смееме да бидеме агресивни и да форсираме. Мора да потенцирам дека сите фудбалери одигра одличен меч во Купот против Баер Леверкузен“ – потенцираше Румениге…

Read More

Ракометарките на Вардар против рускиот состав Ростов Дон ќе играат во второто полу-финале во Лигата на шампионите на завршниот Ф4 турнир во „Ласло Пап Арена“ во Будимпешта. Натпреварот ќе се игра на 12 мај а денеска беше  потврдено дека мечот ќе стартува од 18.00 часот. Првиот полуфинален натпревар меѓу ЦСМ Букурешт и Ѓер ќе започне од 15.15 часот. Нашиот тим со сегашниов состав ќе има шанса по петти пат и најверојатно и последен, да се бори за шампионската титула откако во претходните обиди не успеа да го освои врвот на Европа.

Read More

Раководството на фудбалскиот состав, Лас Палмас, побара од  колегите од Олимпијакос да  им вратат 900.000 евра кои беа платени за изнајмување на напаѓачот, Емануел Еменике, објави – „Милиет“. Поранешниот напаѓач на Спартак Москва го смени клубот во текот на зимскиот трансфер период но, не одигра ниту еден меч поради повреда. Луѓето од шпанскиот фудбалски состав се сомневаат дека Грците биле свесни за здравствените проблеми на Еменике и дека ги криеле тие информации.

Read More

Барселона најверојатно ќе се раздели со двајцата француски дефанзивци во текот на летото – Лука Дин и Самуел Умтити, објавија локалните медиуми. Дин кој не влезе во плановите на тренерот, Ернесто Валверде, има можност да замине во Јувентус. 24-годишниот фудбалер беше ангажиран на  „Камп Ноу“ од тимот на Париз Сен Жермен во летото во 2016 година за 16,5 милиони евра. Тој во тековнава сезона одигра 19 натпревари на кои постигна 1 гол и имаше 1 асистенција. Ситуацијата е различна со централниот дефанзивец, Самуел Умутити. 24-годишниот натпреварувач преговара за обновување на неговиот договор а целата ситуација ја следи Реал Мадрид. „Кралевите“…

Read More

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, го коментираше контроверзниот пенал за Реал Мадрид на реваншот против Јувентус во  четврт-финалето во Лигата на шампионите. Мајкл Оливер, во судиското надополнување процени дека Меди Бенатиа направил прекршок врз Лукас Васкез и покажа на белата точка. Ситуацијата не можеше да се види преку „VAR“ системот бидејќи не се користи на турнирот. „ Дури и ако имало „VAR“ систем тоа немаше да промени ништо. Има луѓе кои 20 пати ја гледа ситуација а други по 50 пати и сите имаат различно мислење. Бенатија доаѓа до Васкес од задниот дел , му ги става рацете на грб…

Read More

Во сабота на 21 април, во Арената Филип Втори во Скопје ќе се одржи вториот аматерски атлетски митинг Скопје 2018. Тој е наменет за сите што кои го сакаат трчањето, рекреативно се бават со трчање и спорт или се подготвуваат за Скопскиот Маратон. На аматерскиот митинг учесниците ќе можат да се натпреваруваат во дисциплините на 100 и 400 метри, штафета 4 по 400, 1600 метри, 5000, 10000 метри и скок во далечина. Секој заинтересиран може да се пријави за учество на митингот преку веб – страницата  www.prvdovrv.mk.  Атлетскиот митинг ќе трае од 10 до 16 часот и ќе биде отворен…

Read More

Фудбалерот на Селта, Јагос Аспас, постигна погодок на вчерашниот меч со Барселона кој заврши 2 спрема 2 со што го изедначи рекордот кога станува збор за најдобриот стрелец во историјата на клубот од Виго во еден шампионат. Мечот беше одигран во рамките на 33 коло во шпанската фудбалска елита а Аспас токму со неговиот гол му донесе голем бод на домашниот тим кој цели 62 години настапува во Примера Дивизион. Аспас досега има 20 погодоци во лигата а последниот играч на Селта кој постигнал исто толку голови во сезоната 1955/1956 е Мауро Катас. Тој шампионатото го заврши со 24 погодоци.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Барселона, Ернесто Валверде, сака што побргу да ја заборави елиминацијата од Рома во Лигата на шампионите и да се насочи кон домашните предизвици. Неговиот тим прво ќе игра со  Селта во Ла Лига а потоа в сабота ќе се сретне со Севилја во финалето на Купот на Шпанија. „Нашата цел е да станеме шампиони, од друга страна имаме можност за рекорд.  Не сакам да мислам на ништо друго, бидејќи сеуште не стигнавме до титулата. Јас нема да ја повторам грешката на Рим ” – вели Валверде. Според тренерот на Каталонците, првата ѕвезда Лео Меси, ќе добие…

Read More