Author: riste

NBA

Кевин Дурант повторно ја доби наградата за најкорисен играч во финалето од НБА лигата. Дурант го заврши четвртиот натпревар од овогодинешните финалини натпревари со „трипл-дабл”, по што втора година по ред беше избран за „Најкорисен играч” на финалната серија. 29-годишното крило ја заврши серијата со средни индикатори од 28.8 поени, 10.8 скока, 7,5 асистенции, 2,0 блокади и 0.8 украдени топки. Несомнено највпечатливо му беше претставување во натпревар број 3, во кој тој постигна 43 поени, 13 скока и 7 асистенции. Дурант ја освојува оваа индивидуална награда втора година по ред и продолжува со стопроцентна успешност откако е во Голден Стејт,…

Read More
NBA

Кошаркарите на Голден Стејт успеаа да го победат Кливленд на негов терен и да дојдат до четвртата победа од финалната серија сокоја ја одбранија шампионската титула. Голден Стејт ноќеска беше убедлив против Кливленд и славеше со 108:85 на гостински терен. Голден Стејт во финалето со сигурни 4:0 успеа да слави над Кливленд со што на лисата се изедначи со Чикаго Булс. За „воините“ ова беше шеста НБА-титула во историјата, со што дојдоа рамо до рамо со Чикаго на оваа листа, затоа што и „булси“ имаат шест трофеи. Голден Стејт е пред „биковите“, затоа што има повеќе финалиња. Воедно, Голден Стејт…

Read More

Челзи започна разговори за да го привлече напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин. Директорката Марина Грановскаја која првично беше против привлекувањето на Аргентинецот, сега очигледно го промени своето мислење и се поврзала со агентот и брат на играчот Николас, за да започнат разговори за привлекување на Игуаин на „Стемфорд Бриџ”, тврдат аргентинските медиуми. Лондончани упатиле и барање до Јувентус за цената на голгетерот, а неофицијално „бјанконерите” се подготвени да го пуштат за сума од 50 милиони евра. Челзи, исто така најавиле дека може да го вклучат Алваро Мората како дел од договорот, кој е желба на „Старата дама”. Не е тајна…

Read More

Италијанскиот шампион Јувентус наскоро ќе му понуди нов договор на Миралем Пјаниќ. Не постои недостиг на интерес за босанскиот репрезентативец, а неодамна имаше разни гласини што го испраќаа Пјаниќ во некои од европските гиганти. ПСЖ, Реал Мадрид и Барселона се само дел од клубовите заинтересирани за играчот од средниот ред на Јувентус. Италијанскиот шампион веќе го отфрли предлогот на Манчестер Сити за нивниот фудбалер. Раководството на „старата дама” е подготвено да го направи Пјаниќ еден од најскапите играчи во Јувентус. Во моментов, фудбалерот на „бинконерите“ добива 4,5 милиони евра за сезона. Овој износ ќе се зголеми на 6 милиони ако…

Read More

Фудбалерите на Шпанија се мотивирани да го освојат СП по втор пат, а за тоа придонесуваат и бомбастичните премии кои ги очекуваат, тврди весникот „Марка“. Секој од играчите ќе заработи бруто по 825 000 евра, ако Шпанија стигне до триумф на Мундијалот 2018. Во 2010-та, кога Шпанците стигнаа до големата победа во Јужна Африка, Шпанските репрезентативци зедоа по 600 илјади евра премија. Четири години подоцна, Шпанската кралска федерација вети 720.000 евра. Сепак, фудбалерите не успеаа и испаднаа во групната фаза. Актуелните бонуси сега се двојно повисоки од оние кои ги добиваат играчите на актуелниот светски шампиони Германија. Бундестимот има премија од…

Read More

Тимот на Интер веќе тргнал во потрага по алтернатива на Жоао Кансело. Десниот бек ја помина последната сезона на позајмица во тимот на Лучиано Спалети, но „нероазурите” не сакаа да ја активираат откупната клаузула. Информациите кои доаѓаат од Португалија тврдат дека Интер е заинтересиран за десниот бек на Спортинг Лисабон, Кристијано Пичини кој одигра доста добра сезона во Португалија. Гигантот од Милано понудил 15 милиони евра на Спортинг за италијанскиот дефанзивец, а понудата била прифатена од португалскиот клуб. Спортинг на оваа позиција го има нашиот Стефан Ристовски, а веќе нашле и замена во лицето на Бруно Гаспар, кој ја напушти…

Read More

Голгетерот на Тотенхем Хари Кејн изненадувачки потпиша нов шестгодишен договор со клубот до летото 2024 година, и покрај огромниот интерес од многу други клубови за неговите услуги. Според пишувањето на медиумите на Островот со новиот договор, Кејн ќе добива неделна плата во висина од 200.000 фунти. Хари Кејн игра за Тотенхем од 2011 година. Во изминатата сезона тој постигна 41 гол за својата екипа, а во моментов е со својата репрезентација Англија каде се подготвува за настап на СП во Русија.

Read More

Поранешниот фудбалер на Барселона, Ерик Абидал, ќе биде новиот спортски директор на Каталонците. Французинот ќе биде претставен на 18 јуни и ќе го наследи Роберт Фернандес. Фернандес беше обвинет за некои грешки во трансферите на Барса во изминатата година или две. Интересно е тоа што Абидал требаше да ја добие функцијата на претходните претседателски избори во Барселона, но неговиот човек, Хуан Лапорта, не успеа да се избори за функцијата.

Read More

Поранешниот фудбалер на Арсенал и француската репрезентација Патрик Виеира ќе биде новиот тренер на Ница. Двете страни се согласија да потпишат тригодишен договор. Тоа најверојатно ќе биде официјализирано следната недела, бидејќи тренерот, кој во моментов е на чело на Њујорк Сити, има натпревар од МЛС против Атланта. Виеира ја започна тренерската кариера во 2013-та година, кога застана на чело на вториот тим на Манчестер Сити, а во 2016-та се пресели во Америка, за да го преземе овој тим. Во Ница тој ќе го замени на функцијата Лусиен Фавре, кој се врати во Германија, за да го води тимот на Борусија…

Read More

Претседателот на третолигашот Реал Мурсија, Виктор Галвес, е сигурен дека Хозе Марија Гутиерес -Гути ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид. По напуштањето на Зинедин Зидан, сè уште е нејасно кој ќе ја преземе улогата на тренер во „кралскиот клуб“. „Гути нема да ја предводи Мурсија, бидејќи ќе биде тренер на Реал Мадрид. Сакав тој да ја води Мурсија и наредната сезона. Штета што Зидан не го напушти Реал два дена подоцна”, изјави првиот човек на клубот нза весникот „АС“. „Гути ме повика да се заблагодари за интересот за него”, рече Галвес. Гути успеа да ги направи првите чекори како…

Read More