Author: riste

Преставници на Јувентус имале средба со играчот од средниот ред на Рома, Лоренцо Пелегрини, за да разговараат околу можноста за трансфер во текот на летото. Играчот има клаузула за реоткуп во неговиот договор вреден 25 милиони евра, што е во рамките на моќта на „старата дама”. Сепак, агентите на играчот изразиле загриженост во врска со претстојниот трансфер на Емре Чан кој треба да дојде во Торино. Тие се сомневаат дека 21-годишниот играч нема да добие доволно време за играње на сметка на Германецот. Од друга страна, сепак и Рома е блиску до потписот на Брајан Кристанте од Аталанта, што значи…

Read More

Евертон официјално го објави назначувањето на Марко Силва, кој потпиша договор на три години со популарнирте „карамели“. 40-годишниот поранешен менаџер на Ватфорд и Хал Сити го наследи Сем Алердајс кој беше само шест месеци на клупата на оваа екипа. Според медиумите, Силва ќе добие околу 4 милиони фунти годишно на „Гудисон Парк“. „Горд сум што ќе бидам нов менаџер на Евертон. Возбуден сум и многу среќен со прифаќањето на овој огромен предизвик. Ја познавам богата историја на клубот и знам какви очекувања имаат навивачите. Сакам симпатизерите да се гордеат со тоа што тимот ќе го покажува на теренот. Евертон е…

Read More

Поранешниот менаџер на Арсенал Арсен Венгер изјави дека ќе продолжи со својата кариера и се надева дека ќе добие добра клубска понуда. „Сега можам да се обидам повторно. Тоа е она што го сакам во животот. Сакам предизвици. Не знам што ќе се случи потоа, но сега сум пред чиста страница и треба да напишам ново поглавје. Јас навистина не можам да лежам на плажа и да уживам во мојот живот, им завидувам на колегите кои знаат како да го прават тоа, би сакал да тренирам голем клуб кој има амбиции “, рече Арсен Венгер. Веднаш по шокантното заминување на…

Read More

Египетската фудбалска асоцијација (EFA) потврди официјално дека најголемата ѕвезда на Ливерпул Мохамед Салах ќе игра за „фараоните” на Светското првенство во Русија од 14 јуни до 15 јули. Во соопштението се вели дека поради добиената повреда во рамото за време на финалето во Лигата на Шампионите минатата сабота Салах ќе се опоравува три недели, но учеството на Мундијалот не е загрозено. 25-годишниот напаѓач денес имаше дополнителни испитувања во Шпанија, каде што ќе се одвиваат процедурите за негово заздравување. Мохамед Салах имаше импресивна прва сезона во дресот на Ливерпул, но за време на натпреварот за трофејот во Лигата на шампионите се…

Read More

Ракометарите на Вардар славеа во последниот натпревар од плеј-офот во Суперлигата против Металург со 29:33 и на тоја начин со максимални 10 победи ја завршија сезоната во домашниот шампионат. Иако од претходно беше обезбедена титулата во македонскиот шампионат, поради киксот на Металург против Еурофарм Работник, сепак Вардар одигра максимално коректно не дозволи домашниот тим да помисли на позитивен резултат на оваа средба. Играчите на Вардар, Лука Циндриќ, Мијајло Марсениќ, Жоан Кањељас и Хорхе Македа, за последен пат вечерва го носеа „црвено-црниот“ дрес, додека повредените Арпад Штербик и Илија Абутовиќ не беа во составот за оваа средба. Тренерот Раул Гонзалез исто така за последен…

Read More

Женската ракометна репрезентација на Македонија е поразена од селецијата на Шведска во натпревар од квалификациите за Европското првенство. Нашите ракометари го доживеаај овој нов пораз со 20:32 на меч одигран во СРц „Кале“ каде што немаа сили да напарават изненадување против силната селекција на Шведска. Гостинските ракометарки уште во првото полувреме дадоа до знак дека се дојдени по три сигурни бодови и на одмор заминаа со предност од 7:16. Во вториот дел само ја одржуваа оваа предност која на крајот изнесуваше убедливи 12 голови разлика односно 20:32. На овој натпревар официјално од ракометот се прости и репрезентативката Мирјета Бајрамоска, која…

Read More

Тимот на Торино е подготвен да понуди 15 милиони евра на Валенсија за да го доведат во своите редови Симоне Заза. „Биковите“ бараат нов напаѓач откако имаа сериозни проблеми во нападот за време на минатогодишната сезона, каде што Андреа Белоти долго време беше повреден. Тренерот на Торино, Валтер Мацари, побара од раководството на клубот да го вратат Заза во Серија А, пренесува „Тутоспорт“. Заза го напушти калчото заминувајчи во Вест Хем од шампионот Јувентус. Подоцна реализираше трансфер во Шпанија односно во Валенсија каде имаше добри настапи со постигнати 13 гола во текот на сезоната која заврши.

Read More

Дефанзивецот на Интер, Милан Шкриниар, не размислува за заминување од гигантот од Милано. Одбрандбениот играч на Интер имаше многу добра сезона во дресот на „нероазурите“, по што се појавиле гласини дека за неговите услуги се заинтересирани неколку европски гиганти. Словакот сепак изјави дека е среќен во Интер и не гледа никаква причина да го напушти тимот во текот на летото. „Нема причина да го напушти Интер и јас не мислам дека тимот ќе ме продаде. Нашата желба е да продолжиме заедно. Не знам ништо за понудите. Среќен сум што ќе играм со Интер во Лигата на шампионите. Само за тоа…

Read More

Легендата на Милан, Филипо Инзаги ќе го преземе тимот на Болоња од следната сезона, тврди „Скај Италија“. Тимот на Болоња се раздели со досегашниот тренер Роберто Донадони, а од клубот веднаш пронајдоа алтернатива во поранешниот напаѓач на „росонерите”. Во моментов Пипо Инзаги е на чело на второлигашот Венеција, со кој ќе има можност да направи промоција со пласман во фудбалскиот елита на Италија. Раководството на Болоња чека на одговорот на тимот во Серија „Б”, за да го објави назначувањето на Филипо Инзаги на чело на тимот. Тоа значи дека од следната сезона сигурно ќе гледаме дуел на двајцата браќа Филипо…

Read More
NBA

Кошаркарите на Голден Стејт ја добија „мајсторката“ со Хјустон и тоа на теренот на противникот со 92:101 и се пласира во големото финале на НБА лигата, каде по четврти пат по ред ќе играат против Кливленд и неговата прва ѕвезда Леброн Џејмс. Актуелниот шампион, Голден Стејт уште еднаш одиграа најдобро кога беше најпотребно, и покрај тоа што Хјустон на полувреме имаше предност од 54:43, но сепак пресудна за победата на „воините“ беше третата четвртина, која ја добија со фантастични 33:15 и направија пресврт во резулатот. Во продолжение се беше во знакот на екипата на Голден Стејт кои не ја пропуштија шансата за победа и…

Read More