Author: riste

Дали Карим Бензема ќе биде во стартниот состав на Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите против Ливерпул? Ова е едно од прашањата кои сè уште не се одговорени. Но, сигурно францускиот фудбалер е амбициозен да учествува во натпреварот и да постигне гол. Статистиката во ЛШ, од нејзиното основање во 1992 година, покажува дека од сите напаѓачи кои биле во стартните состави во најмалку три финалиња, Бензема е единствениот кој нема постигнато гол во решавачкиот дуел за титулата, пишува весникот “Марка“. 30-годишниот фудбалер беше меѓу стартните 11 во финалето во 2014, 2016 и 2017, и најверојатно ќе биде исто…

Read More

Ракометарите на Вардар денес го играат полуфиналниот натпревар од завршниот Ф4 турнир во Лигата на Шампионите во Келн. Вардар се врати на местото каде пред една година го постигна најголемиот успех за себе и македонскиот машки ракомет. Во убава атмосфера нашите ракометари ги одработија планираните тренинзи , а синоќа имаа можност да се дужат со навивачите на заендичката забава пред „Ланксес“ арената. Тренерот на Вардар, Раул Гонзалес е смирен, како и секогаш и внимателен во своите прогнози: „ Немаме притисок и треба да уживаме како што тоа го направивме лани. Не мислам за ништо освен за полуфиналето. Монпелје е опасен…

Read More

Новиот тренер на Наполи Карло Анчелоти размислува да го привлече во својот состав голманот на Торино Салваторе Сиригу. Наполи остана без голман по разделбата со Хозе Пепе Реина, кој премина во Милан со слободен трансфер, и веќе бараат стабилен голман за следната сезона. Додека раководството на клубот води преговори со Бернд Лено од Баер Леверкузен и Руи Патрисио од Спортинг (Лисабон), Анчелоти се осврна на Сиригу, кој направи импресивна сезона во дресот на „биковите”. Двајцата веќе работеле заедно за време на нивниот престој во Париз Сен Жермен. Сиригу премина во составот на ПСЖ од Палермо во 2011-та, по што играше…

Read More

Раководството на италијанскиот фудбалски шампион Јувентус планира да одвои сериозни средства за засилување на составот во текот на летото, пишува „Кориере дело Спорт”. Изданието пишува дека управата на клубот од Торино е подготвена да одвои околу 230 милиони евра за селекција на нови играчи. Тренерот на екипата Масимилиано Алегри сака да привлече барем петмина нови играчи. Во неговиот список се Матео Дармиан од Манчестер Јунајтед, Хозе Марија Хименез од Атлетико Мадрид, Матео Ковачиќ од Реал Мадрид, Алваро Мората од Челзи и Емре Чан од Ливерпул, кој станува слободен играч во текот на следниот месец.

Read More

Вечерва во 20:45 екипите на Реал Мадрид и Ливерпул ќе се борат еден против друг во Киев во нивниот најважен натпревар во оваа сезона – финалето на Лигата на шампионите. Реал Мадрид ќе ја брани својата титула освоена во последните две сезони и ќе се обидат да го освојат ова натпреварување трет последователен пат и 13-от во својата историја. Ливерпул ќе игра за својата шеста титула од во ова натпреварување, тие не играле финале од 2007 година кога загубија од Милан. Двата тима претрпеа неуспех во своите првенства. Реал беше само 3 во Ла Лига, 17 поени зад Барселона. Ливерпул…

Read More

Марк Хјуз потпиша нов 3-годишен договор со Саутемптон, откако успеа да обезбеди опстанокот на оваа екипа во Премиер лигата. Неговите помошници, исто така, остануваат со него. Велшанецот застана на чело на тимот во март, но успеа да го задржи местото на Саутемптон меѓу најдобрите, како еден од најважните натпревари неговиот тим го победи директниот конкурент Свонси со 1:0 како гостин. „Јас сум многу возбуден бидејќи потпишав долгорочен договор со клубот. Тоа беше единствената опција за која размислував откако поминаа последните 8 недели на чело на оваа екипа. Фудбалерите работеа напорно, навивачите ни дадоа голема поддршка и се радувам што ја…

Read More

Кошаркарите на Работнички ја освоија титулата во кошаркарсиот шампионат на Макеоднија. Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб пред својата публика во „Градски парк“ го совлада големиот ривал МЗТ Скопје со 87:84, со што ја доби финалната серија во кошаркараската супер лига со максимални 3:0 и го врати трофејот во своите витрини. Вистински дерби натпревар со драматична завршница и помирна рака на домачните во последните секунди од натпреварот.Во поголемиот дел од натпреварот МЗТ Скопје имаше предност, дури во 32 минута од средбата Работнички за прв пат дојде до предност (64:63) и успеа да ја задржи истата за победа која му го донесе трофејот…

Read More

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, не се согласува со мислењето дека неговиот тим е фаворит во финалето на Лигата на шампионите против Ливерпул. Претходно, Јирген Клоп изјави дека шпанскиот клуб е подобар од неговиот , но дека тоа не му пречи. „Ова е финале, без фаворит”, рече Зидан. „И двете екипи имаат исти шанси. Мораме да одиграме одличен натпревар за да победиме. За мене, фудбалот е едноставна игра, постојат два тима, и треба да знаете како да го победите вашиот противник и во исто време да бидете во можност да ја контролирате штетата што ќе ви ја направат. Треба…

Read More

Менаџерот Јирген Клоп е смирен пред големиот дуел меѓи неговиот тим Ливерпул и актуелниот шампион на Европа, Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите. Германскиот тренер признава дека играчите на Зинедин Зидан можеби се фаворити, но тој има план. „Тактиката во фудбалот е за такви моменти: да го принудите посилниот ривал да падне на твоето ниво, потоа да се справиш со него. Искуствотово вакво натпреварување е важно, тимот на Реал е супериорен во однос на нас. Но искуството е важно во секунди пред натпреварот – тогаш Реал ќе биде порелаксиран. Но, играта едноставно започнува, а се игра се додека…

Read More

Селекторот на националниот тим на Бразил Тите остана задоволен од претставувањето на Нејмар на првите тренинзи на тимот пред почетокот на Светското првенство во Русија. Напаѓачот на Пари Сен Жермен зеде учество во првиот тренинг на својата репрезентација по повредата на стапалото, која ја доби на крајот на зимата и поради која ја пропушти последната третина на сезоната. Пред бразилските медиуми Тите коментирал дека Нејмар се вклучил добро во тренинзите, иако сеуште дејствува со голема претпазливост, особено во дуел играта. Бразил е во групата „Д“ на Светското првенство заедно со селекциите на Швајцарија, Костарика и Србија.

Read More