Author: riste

Крилниот играч на Милан Сусо нема да може да биде дел од последниот натпревар во сезоната против Фиорентина кој се игра утре, недела. Шпанецот добил повреда на последниот тренинг на „росонерите”, која го извади од составот за овој меч. Сусо има 6 гола и 7 асистенции оваа сезона и е еден од водечките играчи на Милан. Сепак, тој имал повреда на мускулот што ќе го извади од теренот 10-15 дена. Ова најверојатно ќе бара промена во планот за игра на Милан за средбата со Фиорентина. Се очекува Џенаро Гатузо да ја смени формацијата и да игра 2-3-1-2 со Хакан Чалханоглу…

Read More

Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола има желба да го донесе н Андрес Иниеста за негов помошник во клубот. Легендата на Барселона е прв избор на тренерот за испранзетото место на Микел Артета, кој се очекува да го преземе Арсенал. 34-годишниот Иниеста ја разгледува можноста да стане играч тренер во шампионот на Англија, каде повторно ќе работи со поранешниот соиграч и ментор Гвардиола. Според познавачите веќе течат преговорите меѓу „граѓаните” и фудбалерот. Иниеста е еден од најуспешните играчи во историјата. Покрај светска и европска титула со Шпанија тој има осум титули на Шпанија и четири трофеји од Лигата на Шампионите.…

Read More

Рома ќе му понуди нов договор на својот најдобар стрелец  Един Џеко. Босанскиот интернационалец постигнаа 24 гола за „волчицата” во сите натпреварувања оваа сезона, вклучувајќи ги и оние осум во Лигата на шампионите. Џеко има договор со Рома до 2020 година, но раководството на Римјаните ќе се обиде да го задржи уште една година, информираше „Газета Дело Спорт“. Рома брза да го продолжи договорот на Џеко и поради информациите за понудата кон играчот од страна на Лос Анџелес, кој има потреба од големо име за да излезе од сенката на градскиот ривал Лос Анџелес Галакси.

Read More

Сем Алдердис повеќе не е менаџер на Евертон, оваа информација ја потврдија на официјалната страница на Евертон. Одлуката беше донесена по состанокот на одборот на директори на клубот, кој се одржа синоќа. Денес, сопственикот Фархад Мошири лично го известил Сем Алердајс за нивната одлука. Според „Скај Спортс“, клубот ќе плати поголем дел од платата на Алердајс во преостанатите 12 месеци од неговиот договор. Оваа сума треба да биде околу 6 милиони фунти. 63-годишниот тренер заминува по само шест месеци поминати на клупата на Евертон. Албердајс го замени Роналд Куман, кој беше отпуштен во ноември. Според медиумите, поранешниот менаџер на Ватфорд,…

Read More

Вечерва се игра последниот натпревар од најмасовното фудбалско натпреварување под капата ан УЕФА, Лигата на Европа. Екипите на Олимпик Марсеј и Атлетико Мадрид се двете екипи кои според резултатите обезбедија присуство на стадионот во Лион каде вечерва треба да се борат за трофејот во второто по квалитет натпреварување. Без никакво сомнение шпанскиот тим е фаворит за победа во овој финален натпревар, но дефинитивно Олимпик со искусниот Руди Гарсија на клупата воопшто не е за потценување. Роландо и Митроглу се под сериозен знак прашалник за настап на оваа средба, но сепак докторите ќе направи напори доколку има и минимални шанси да…

Read More

Челзи размислува да направи понуда за ангажирање на менаџерот на Тотенхем Маурисио Почетино ако Антонио Конте ја напушти функцијата, што дефинитивно изгледа многу веројатно, соопштува „Скај Спортс”. Италијанецот најверојатно ќе објави разделбата со Челзи по финалето на ФА Купот против Манчестер Јунајтед кој ќе се игра во сабота, откако сезоната беше големо разочарување и лондончани дури останаа без пласман во Лигата на Шампионите, иако минатата сезона ја освоија титулата. Шпекулации за тоа кој ќе биде наследник на Конте се присутни одамна, а сега се проговори дека Почетино исто така е сериозен кандидат, откако успеа со тимот на Тотенхем да направи…

Read More

Централниот дефанзивец на Мексико Рафаел Маркез е пред учество на петтото по ред светско првенство, откако беше вклучен во поширокиот список од 28 фудбалери од селекторот Хуан Карлос Осорио за шампионатот во Русија. Ако влезе во составот на својата репрезентација за СП во Русија, 39-годишниот Маркез ќе стане само третиот играч со учество на пет различни СП по сонародникот Антонио Карбахал и Германецот Лотар Матеус. За Маркез, кој во моментов игра за тимот на Атлас, светското првенство ќе биде последно во неговата кариера, бидејќи поранешниот играч на Барселона веќе објави дека се повлекува од фудбалот по шампионатот во Русија. Мексико…

Read More

Фудбалската федерација на Мароко го загуби случајот против ФИФА за привлекувањето во составот на својата репрезентација на напаѓачот Мунир Ел Хадади. Спортскиот арбитражен суд во Лозана не го прифати барањето на Мароко Ел Хадади да добие право да игра за татковината на своите родители. Младиот фудбалер на Барселона има 13 одиграни минути за репрезентацијата на Шпанија во квалификациите против Македонија во 2016 година, поради што нема право да настапува за друга земја. Но, 22-годишниот Ел Хадади брзо го загуби своето место во националниот тим на Шпанија и својот клуб Барселона. Оваа сезона тој игра со позајмица во екипата на Алавес.

Read More

Роберто Манчини и официјално е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Италија. Тренерот кој пред неколку дена се раздели од кормилото на рускиот клуб Зенит, и официјално синоќа беше назначен за нов предводник на „азурите“. Манчини ќе има задача да ја врати Италија на големите натпреварувања, откако неговиот претходник Џампјеро Вентура не успеа да обезбеди пласман на СП во Русија. 53-годишниот стратег, својата тренерска кариера ја започна во Фиорентина, а ги има предводено и екипите на Лацио, Интер, Манчестер Сити  и Галатасарај. Неговото официјално претставување треба да се случи денес на прес-конференција која треба да се одржи во тренинг базата…

Read More

Тренерот на Лацио, Симоне Инзаги, доби добри вести од лекарскиот тим на Лацио. Напаѓачот Чиро Имобиле се очекува да биде подготвен да игра за решавачкиот натпревар против Интер во последното коло во Серија А. На овој натпревар треба да се покаже кој од овие два тима ќе го освои четвртото место и со тоа ќе го обезбеди учество во Лигата на шампионите следната година. Овој играч е надвор од игра од 29 април, кога заработи повреда на бутниот мускул на натпреварот во Торино. Првичните прогнози беа дека тој нема да игра повеќе до крајот на сезоната, но сега се чини…

Read More