Author: riste

Напаѓачот на француската екипа Ница, Марио Балотели започна преговори со Рома. Играчот сака да се врати во Серија „А“ и има некои опции пред него, а тој е исто така заинтересиран за Наполи и Јувентус. Сепак, најновите информации во медиумите од Италија тврдат дека неговиот агент Мино Раиола веќе започнал разговори за евентуален трансфер во Рома. 27-годишниот играч побарал плата од 5 милиони евра за сезона. Балотели импресионираше со неговиот настап во тимот на Ница во последните две сезони во француската лига. Во тековната сезона има постигнато 24 гола во 36 натпревари во сите натпреварувања. Од неодамна, тој се повеќе…

Read More

Раководството на Арсенал се надева дека играчот од средниот ред, Џек Вилшир, ќе ја прифати понудата на клубот и ќе потпише нов договор. Тековниот договор на играчот истекува по крајот на сезоната, и тој може да замине како слободен агент, но нема интерес за него. Сепак, на „Емирати“ веруваат дека тој ќе го прифати нивниот предлог и ќе го потпише својот нов договор до 2022 година. Двете страни веќе долго време преговараат и досега не биле во можност да најдат компромис. Главниот проблем беше платата што Вилшир сакаше да ја добие. Во моментов, тој добива 110.000 фунти неделно, но новата…

Read More

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола смета дека е премногу рано да се зборува дека неговиот тим е најголемиот во историјата на Премиерлигата. „Граѓаните” веќе се сигурен шампион во оваа сезона, успеаа да соборат три рекорди во првенството за најмногу постигнати голови, најмногу победи и најмногу освоени поени. Тимот може да ја заврши сезоната со освоени 100 поени, ако успее да го победи Саутемптон во последното коло. Сепак, шпанскиот тренер верува дека тој не треба да биде оптоварен со пофалбите кои пристигнуваат на адреса на неговиот клуб. „За да бидеме најдобри во историјата, мора да продолжиме да победуваме. Ако сакаме…

Read More

Тотенхем го победи Њукасл со 1:0 во одложениот натпревар од 31-то коло на англиската Премиер лига и по нерешениот резултат 1:1 на Челзи против Хадерсфилд си обезбеди учество во Лигата на шампионите втор сезона по ред. Победоносниот гол за Тотенхем го постигна Хари Кејн во 50. минута. Во текот на целиот натпревар Тотенхем доминираше и беше јасно дека се решени да дојдат до победа на оваа средба. Во исто време шампионот Манчестер Сити го совлада Брајтон со 3:1 во другиот одложен натпревар од оваа рунда и подобри три рекордот – број на победи во една сезона (31), број на постигнати…

Read More

Ракометните репрезентации на Македонија, машката и женската ги добија противниците во групната фаза на Медитеранските игри, што ќе се одржат во шпанскиот град Тарагона од 22 јуни до 1 јули. Според најавата нашите две репрезентации во машка и женска конкуренција на овие игри треба да играат младински репрезентативци засилени со неколку поискусни играчи. Ракометарите ќе играат во групата Д заедно со Србија, Египет и Турција, додека ракометарките ќе бидат во групата Б со Египет, Србија, Црна Гора и Турција. Ракометарите сезоната во Македонија треба да ја завршат на 2 јуни, а потоа ги очекуваат бараж средбите против Романија на 10 и 13…

Read More

Барселона постигна договор со Ајакс за младиот играч од средниот ред на оваа екипа Френки де Јонг, тврди „Ел Мундо Депортиво“. Талентираниот играч сепак ќе пристигне на „Камп Ноу ” во текот на летото 2019 година, идејата во договорот помеѓу двата тима е тој да игра уште една сезона на „Амстердам Арена”. Договорот на овој млад и талентиран играч со Ајакс истекува во 2022 година, а двата тима постигнаа договор за него. Френки де Јонг е еден од најголемите таленти во тимот и успеа да одигра 25 натпревари за првиот тим и 50 за вториот тим на Ајакс. Тој исто…

Read More

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо смета дека Пол Погба ќе остане во тимот и наредната сезона. Французинот, кој е најскапата инвестиција на Мурињо, е поврзуван постојано со други тимови, а вчера на Островот се појави информација дека неговиот агент Мино Раиола веќе водел разговори со четири клуба – ПСЖ, Реал Мадрид, Јувентус и Манчестер Сити. Мурињо е категоричен дека не сака да се раздели со Погба и во клубот не пристигнале никакви понуди за него. „Мислам дека тој ќе биде тука и следната сезона. Такво е моето чувство. Можам да гарантирам дека не сакам да си оди. Клубот исто…

Read More

Тренерот на Милан Џенаро Гатузо беше разочаран по поразот од Јувентус со 0:4 во финалето на Купот на Италија. Поранешниот фудбалер на „росонерите”, сепак, смета дека резултатот не го покажува реално односот на силите на теренот, но признава дека неговиот тим направил многу грешки кои биле казнети од Јувентус. „Ова е суштината на фудбалот. Резултатот не е реален, но ги плативме нашите грешки. 56 минути направивме сé што е во добро, а Јувентус не можеше да нѐ натера да се чувствуваме слаби. Ние мора да го прифатиме овој пораз, да ја анализираме нашата игра. Причината за овој резултат се нашите…

Read More

Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан мирно го прифати поразот со 2:3 од Севиља во последниот дуел од 34-то коло во Ла Лига. „Кралскиот клуб” излезе со доста променет состав на „Рамон Санчез Писхуан”, бидејќи Зидан даде одмор на седум главни играчи, со што јасно покажа дека дава приоритет на финалето во Лигата на Шампионите, а не домашниот шампионат, бидејќи Барселона веќе ја обезбеди титулата. „Не ми е жал за ротациите. Имаме повеќе натпревари и на играчите им треба пауза. Јас сум тренер и јас сум одговорен за составот. Во второто полувреме моите играчи направија максимални напори да се вратат…

Read More

Неуспехот во националниот тим на Италија по поразот од Шведска во баражот за пласман на Светското првенство во Русија ја принуди Италијанската фудбалска федерација да направи неколку промени, со кои сакаат да им дадат повеќе шанса на младите фудбалери и усовршување на младите таленти. Од следната сезона секој тим кој учествува во Серија „А”, ќе може да има својот втор тим во шампионатот од Серија „Ц”, пополнувајќи ги испразнетите местата во групата. Овие тимови ќе се состојат од играчи до 21 година и двајца играчи до 23 години. Со настапот на вториот тим ќе може се подогне на квалитетот на…

Read More