Author: riste

Италијанскиот Јувентус заедно со Манчестер Сити се двата европски клуба кои го следат напаѓачот на Васко де Гама Паулињо, објавија бразилските медиуми. Ослободувачката клаузула на еден од најталентираните Бразилци е 30 милиони евра, што не е никаков проблем за „бјанконерите” и „граѓаните”. 17-годишниот стрелец стана најмлад голгетер на Васко де Гама подобрувајќи го постигнувањето на Филипе Кутињо кој од јануари игра во Барселона. Името Паоло Енрике, е како вистинското име на Паулињо, е поврзано со Каталонците, како и со Баерн Минхен. Неодамна беше објавено дека Атлетико Мадрид понудил 14 милиони евра за правата на младиот фудбале, но понудата била веднаш…

Read More

Раководството на Јувентус започна со потрага на заменик на Масимилијано Алегри кој речиси сигурно заминува од клубот по завршувањето на сезоната. Италијанскиот стручњак е поврзуван за тренерското место во Арсенал и Челзи, додека води жестока битка со Наполи за титулата во Серија „А”. Италијанскиот шампион ги разгледува можностите со вклучување на неколку имиња, а меѓу нив е и актуелниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан. Во денешното издание  на „Tuttosport“ се тврди дека алтернативи на Алегри се италијанските стручњаци Роберто Манчини и Симоне Инзаги, кој го води Лацио кон Лигата на шампионите. „Бјанконерите” ја следат и ситуацијата со Зинедин Зидан,…

Read More

Првата ѕвезда на Реал Мадрид Кристијано Роналдо постигна гол 26 пати во 22 натпревари против германските тимови, според статистичките податоци објавени во весникот „АС”. Ова во просек изнесува 1,18 гола по натпревар. Минатата сезона, Кристијано Роналдо успеа да постигне пет од шесте голови во пресметаката со Баерн Минхен во 1/4 финалето. Португалецот има 9 гола во 6 натпревари со Баварците. Неговиот јубилеен гол број 100 во Европа беше постигнат токму во Минхен. Сето ова му оди во прилог на Крисијано Роналдо пред мечот на „Алијанц арена“ која се игра во среда навечер од 20.45 часот.

Read More

Првата пресметка од 1/2-финалето во Лигата на шампионите меѓу Баерн (Минхен) и Реал Мадрид му е доверена на холандскиот судија Бјорн Кујперс, објави УЕФА. Овој судија го водеше финалето во Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид во 2014-та во Лисабон, по кој Реал триумфираше во ЛШ по 10-ти пат. Во оваа сезона тој му сидеше на мадридскиот тим во групната фаза против Борусија (Дортмунд), тогаш Шпанците победија со 3:1 и тоа нa гостински терен. Кујперс му сидеше на три натпревари на Баерн Минхен. Последен беше пролетта 2016-та кога делеше правда на мечот Баерн – Бенфика во натпревар…

Read More

Викендов во Чачак , Србија се одржа 47-от карате турнир ,,Златен појас на Чачак,, за кадети јуниори и сениори-ки. Младите каратисти на Макпетрол во Јуниорска конкуренција успеаја да освојат два бронзени медали. Бронзени медалисти на овој силен турнир беа Абдурахим Идризи катекорија -55 кг, и Стефан Стојановиќ категорија -70 кг.Тие во елиминацискиот дел имаа по три победи, а со помош на репасажните борби победија во директните борби за бронзените медали. „Ова е веќе пета контрола со учество на турнири за младите каратисти на Макпетрол. Сите контроли се направени за само триесет дена. Нашиот подмладок настапи во Софија, потоа во Хрватска и…

Read More

Дефанзивниот уграч на Јувентус, Џорџо Киелини најверојатно ќе ги пропушти натпреварите на својот тим до крајот на сезоната. Одбрандбениот играч го напушти теренот само по 10 минути игра во дербито на Наполи (0:1) поради повреда на коленото. Според сите прогнози Киелини нема да игра во дербито со Интер во следното коло, а според „Скај Спорт Италија” ситуацијата е посериозна. Првично беше кажано дека бранителот има проблем со мускулот. Ова значи дека Киелени ќе закрепнува од повредата неколку недели и веројатно нема да игра повеќе за Јувентус оваа сезона. „Киелини најверојатно нема да игра против Интер”, изјави тренерот на Јувентус Алегри…

Read More
NBA

И со своите 40 години, Ману Џинибили продолжува да прави историја во НБА. Синоќа ветеранот постигна 16 поени за да му помогне на Сан Антонио да остане во плеј-офот по успехот со 103:90 и намалување на предноста на Голден Стејт на 3:1. Овој триумф сепак се покажа историски, бидејќи Аргентинецот и Тони Паркер станаа соиграчите со најмногу победи во плеј-оф средбите од НБА лигата, ова беше нивна победа број 132. „Бевме амбициозни и се преставивме добро и покрај тоа што бевме во тешка ситуација. Имавме потреба за оваа победа и сега треба да се подготвиме за натпреварот број 5″ рече…

Read More

Тренерот на Наполи, Маурисио Сари, беше многу задоволен од победата над Јувентус со 1:0. Тој рече дека секогаш е убаво да се победи овој противник во Торино. По овој успех разликата помеѓу двата тима сега е само еден бод. Сепак, Сари мисли дека Јуве е фаворит за титулата. „Нашата игра не беше совршена. Моравме да го подигнеме темпото и да фрлиме се на нападот. Нашата цел беше да дојдеме тука, да преземеме иницијатива и да го присилиме Јувентус да одигра само контранапад. Мислам дека речиси и не им дадовме шанси на противничките играчи. Тие ни направија проблеми при неколку прекини,…

Read More

Фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах ја освои наградата за играч на сезоната 2017/2018 во англиската Премиер лига во анкетата на Здружението на професионални фудбалери. Интернационалецот од Египет ги остави зад себе триото од Манчестер Сити Кевин Де Бруин, Лерој Сане и Давид Силва, како и Хари Кејн од Тотенхем и Давид Де Геа од Манчестер Јунајтед. „За мене е голема чест, особено да бидам избран од колегите“, изјави Салах, откако ја доби наградата во Лондон. „Среќен сум и многу горд. Благодарам на фудбалерите кои ме изгласаа“ заврши Салах. Салах е лидер на листата на стрелци во Премиер Лигата со 31…

Read More

Европскиот ракометен првак Вардар се врати со оппбеда од Кил,а овој резултат иако го радува секој љубител на ракометот во нашата земја, сепак и не остава простор за многу опуштање. Токму така размислува и стратегот на Вардар Раул Гонзалез кој победата во „Шпаркасе Арена“ стои цврсто на земја и вели дека ништ не е решено и треба да се биде внимателен во реваншот. „Многу сум среќен за оваа наша победа, затоа што не е лесно да се игра во ваква сала. Првото полувреме беше приближно перфектно од наша страна, додека во вториот дел имавме и малку среќа. Победивме, но ова…

Read More