Author: riste

Ракометарите на Вардар се враќаат од Германија со гол предност откако успеаја да го совладаат тимот на Кил со 28:29 (12:14). Благодарение на голот постигнат со звукот на сирената, Вардар дојде до победа на оваа средба која само најавува интересен реванш во Скопје за седум дена. Вардарци одиграа одлично во првото полувреме, имаа предност во текот на сите 30 минути и на одмор заминаа со предност од 14:12. Во вториот дел се одеше добро се до 45 минута од средбата кога за прв пат домашната екипа дојде до водство од 21:20, а потоа имаше водство и од 3 гола разлика…

Read More

Најдобриот стрелец на Борусија (Дортмунд) Миши Батшуаи доби охрабрувачки вести дека ќе може да игра со Белгија на Светското првенство во Русија од 14-ти јуни до 15-ти јули. Напаѓачот дефинитивно ја заврши сезоната, поради повреда на зглобот. Белгиецот се повреди во текот на дербито со Шалке и се врати во Англија каде што ќе се одржи поголемиот дел од неговиот третман. Батшуаи е фудбалер на Челзи и игра со позајмица во Борусија Дортмунд. Неговите физиотерапевти во Лондон му дадоа надеж дека ќе може да игра на Светското првенство 2018 година. Се очекува Батшуаи целосно да се врати на теренот во…

Read More

22-годишното владеење на Арсен Венгер во Арсенал е пред крај, но кои се тимовите против кои не успеа да победи? “Дејли мејл” открива дека неговиот тим играл против 124 различни тимови, од кои само 5 не успеал да ги победо. Станува збор за Фиорентина, ПАОК, ПСЖ, Порт Вејл и Ротерам. Се разбира, натпреварите против овие екипие се многу малку. Против Италијанците и Грците има нерешено и пораз, против ПСЖ и Порт Вејл има две нерешени, а во неговиот единствен натпревар против Ротерам, исто така било нерешено. Венгер најчесто се среќавал со Челзи – 62 пати, со ефект од 23 победи,…

Read More

Европската куќа на ракометот (ЕХФ) номинираше пет ракометари на актуелниот европски шампион Вардар и тренерот Раул Гонзалез, во изборот за „ол-стар“ тим во Лигата на шампионите за измината сезона. ЕХФ во својата номинација вклучи играчи и тренери од 16 клуба и 15 националности, според нивниот настап во текот на оваа сезона во ЛШ. Вардар во изборот за „ол-стар“ ги има како преставници Раул Гонзалез како тренер, а тука се уште и Арпад Штербик (голман), Тимур Дибиров (лево крило), Вуко Борозан (лев бек), Лука Циндриќ (среден бек) и Илија Абутовиќ (најдобар дефанзивец). Меѓу оние кои имаа можност да бидат во идеалниот тим…

Read More

Екипата на Барселона ја прекрши традицијата, а тоа нема да им се допадне на навивачите на „каталонците“. За време на синоќешниот натпревар против Селта во Виго (2:2) во „Ла Лига“, тренерот на тимот Ернесто Валверде се определи да изведе стартен состав, а во него немаше ниту еден фудбалер, кој потекнува од фудбалската школа на Барселона – „Ла Масија”. За последен пат тоа се случило пред 16 години – во април 2002 година во дуел против Реал Мадрид, кога тренер беше Карсел Рексач. Од составот синоќа единствено беше Денис Суарез кој може да се каже дека има искуство во „Ла Масија”,…

Read More

Екипата на Ливерпул може да се радува на титулата на Манчестер Соти. Откако не успеаја да ја освојат тие, тогаш за Ливерпул беше најдобро тоа да го направи Манчестер Сити. Причината за тоа е што тимот од „Енфилд“ ќе добие 1,2 милиони евра од Манчестер Сити кои се дел од договороткој го имаат овие два клуба, како дополнителен  бонус во договорот за напаѓачот Рахим Стирлинг, кој премина на „Етихад“ пред 2015 година со договор за пет години. „Граѓаните” станаа шампиони на Англија пет кола пред крајот, благодарение на победата на Вест Бромвич Албион кај Манчестер Јунајтед. Оваа сезона Стирлинг постигна…

Read More

Тренерот на ПСЖ, Унај Емери изјавил дека еден ден ќе сака да го води Реал Сосиедад. Овој фудбалски тренер потекнува од Сан Себастијан. „Секогаш сум го сакал Реал Сосиедад, и овој клуб секогаш имал посебно место во моето срце, каде што поминав 10 години и израснав таму, би сакал да работам таму во иднина”, рече Унаи Емери. Договорот на 46-годишниот тренер со шампионот на Франција истекува на крајот од сезоната, а според најавата тој нема да биде продолжен што значи дека Емери ќе може да си ја исполни својата желба веднаш, доколку тоа го сакаат и од Реал Сосиедад.

Read More

Најдобриот стрелец и капитен на Палермо, Илија Несторовски се повреди во дуелот кој неговата екипа го играше на гостински терен кај Цитадела, а заврши нерешено и без голови 0-0. На шест кола пред крајот на Серија Б, Несторовски ќе мора да паузира најмалку еден месец, со што навивачите на оваа екипа имаат причина за загриженост. Несторовски го напушти теренот по половина час игра, а неговата екипа до крајот не успеа да постигне гол. Според одредени информации кои ги даде тренерот на екипата, се работи за повреда на бутниот мускул која мора да се санира со мирување од околу еден месец. Ова значи дека Несторовски…

Read More

Менаџерот на Манчестер Јунајтед – Жозе Мурињо, сака да направи нова сериозна селекција на фудбалери во текот на летото 2018 година, соопштува весникот „Дејли Меил“. Првата желба на португалскиот тренер е да се раздели со четири негови играчи. Тоа се Пол Погба, Антони Марсиал, Дејли Блинд и Матео Дармијан. Тие не можат да најдат заеднички јазик со Мурињо, кој има нетрадиционални методи на работа и подготовка, според блиски извори од клубот. Желбата на Жозе Мурињо е да купи нови ѕвезди за да ја засили својата екипа. Цената на Пол Погба, поставена од клубот е околу 100 милиони евра, но интерес…

Read More

Ракометарките на ЖРК Вардар го дознаа противникот во полуфиналето од завршниот турнир во Лигата на шампионите. Рускиот шампион Ростов Дон ќе биде на патот на Вардар до уште едно финале, а посакуваме да биде и титулата во Лигата на шампионите. Тимот на Ростов Дон е дебитант на завршниците во најквалитетното европско клупско натпреварување. Во втората полуфинална пресметка се најдоа домашниот тим на Ѓер и ЦСМ Букурешт, кои се редовни учесници на завршниот турнир исто како нашиот Вардар кој во последните неколку сезони е редовно на завршницата во Будимпешта. Во екипата на Ростов Дон играат неколку добро познати имиња за напшата ракометна…

Read More