Author: riste

По она што се случуваше на вчерашниот натпревар меѓу Рома и Барселона и изненадувањето кое го направи Рома со елиминацијата на Барселона се потврди фактот дека во ЛШ во оваа фаза, не постои фаворит и дека секој секого може да победи. За разлика од вчера , вечерва не очекуваат два натпревари во кои домашните екипи се со предност и се големи фаворити. Вечерва во 20:45 часот е реванш натпреварот меѓу Реал Мадрид и Јувентус од 1/4-финалето во Лигата на Шампионите. Првиот дуел заврши катастрофално за италијанскиот шампион, кој загуби 0:3 на домашен терен. Овој резултат во голема мера направи овој…

Read More
NBA

По одигрувањето на натпреварите синоќа во НБА лигата познати се уште три патника во плеј-офот во НБА конкуренцијата. Сан Антонио, Њу Орлеанс и Оклахома Сити го обезбедија своето учество во плејофот на Западната конференција. Сан Антонио го победи Сакраменто со 98:85, Руди Гај постигна 18 поени. Неговиот соиграч Ману Џинобиле додаде уште 17 поени за Сан Антонио. Тимот на Спарс ќе игра во плеј-офф на НБА по 21 последователна сезона, а ова е втората најдолга серија на некоја екипа да учествува во плеј-офот во историјата на НБА лигата. Сан Антонио го изедначи постигнувањето на Портланд помеѓу 1983 и 2003 година.…

Read More

Играчот од средниот ред на Ливерпул Емре Чан ја заврши сезоната. Тоа го потврди менаџерот на оваа екипа Јирген Клоп за „Скај Спортс Германија”. Фудбалерот заработи повреда во грбот за време на дуелот со Ватфорд минатиот месец, по што ги пропушти и натпреварите на неговата репрезентација. Очекувањата беа дека наскоро тој ќе се врати во игра, а дури навивачите на тимот имаа надеж дека тој може да биде подготвен за денешниот реванш со Манчестер Сити од 1/4-финалето од Лигата на шампионите. Запрашан дали сезоната за Чан е завршена, Клоп одговори со со потврдно „Да” и додаде дека истото важи за…

Read More

Големиот талент на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, е разочаран од фактот што менаџерот на тимот Жозе Мурињо не му верува доволно. Ова би можело да предизвика 20-годишниот напаѓач да го напушти „Олд Трафорд“ во текот на летото ако португаелцот остане во клубот, пренесува „Мирор“. Рашфорд беше стартер на само 5 од последните 16 натпревари на Манчестер Јунајтед, а бил особено незадоволен што доби само осум минути од дербито на Манчесре во саботата. Младиот напаѓач имаше 43 натпревари од почетокот на сезоната, но само 22 од нив ги започна од почеток. Трансферот во јануари на Алексис Санчез го убеди Рашфорд дека…

Read More

Фудбалерите на грчкиот тим Панатинаикос започнаа ефективен штрајк за неисплатени плати. Според локалните медиуми, играчите не ги добиле своите плати од октомври наваму. Незадоволните фудбалери инсистираат на тоа  претседателот на клубот, Василис Константину да им ги исплати заостанатите плати најмалку до декември, а потоа ќе продолжат со тренинзи. Минатата недела поппуларните „детелините” беа казнети со одземање на три бодови поради акумулираните заостанати обврски на клубот кон играчите.

Read More

Тотенхем официјално поднесе жалба за тоа кој е стрелец на вториот гол кој оваа екипа го постигна на средбата со Стoук коа ја добија со 2:1. Уште за време на самиот дуел се разгорела дискусија за тоа дали Хари Кејн ја допрел топката по центаршутот на Кристијан Ериксен. Првично погодокот беше запишан со името на англискиот репрезентативец, но откако биле прегладани видео материјалите се покажало дека тој не играл со топката, а голот беше препишан на Ериксен. Кејн сепак се колне дека погодокот е негов, а битката за голгетерската награда во Премиерлигата го натерало раководството на Тотенхем да поднесе жалба,…

Read More

Учеството на Мохамед Салах на мечот кој вечерва го игра Ливерпул против Манчестер Сити ќе стане јасно во последните моменти пред натпреварот, изјави Јирген Клоп. Ова може да биде начин да се задржи противникот во тензија, но факт е дека Египќанецот има проблеми во препоните, кои го принудија предвреме да го заврши првиот натпревар. Вчера тој тренирал во базата Мелуд со остатокот од тимот, но само неколку часа пред натпреварот ќе се знае дали ќе може да игра, иако бил во добро расположение во текот на денот. „Тој сигурно не е подготвен 100%. Завчера тој тренираше со тренерот за подготовка…

Read More

Веќе петта сезона по ред ЕХФ им дава можност на навивачите да го изберат својот идеaлен тим на сезоната во лигата на шампионите. И како што традицијата продолжува со изборот, така продолжува и да има по неколку ракометарки на Вардар во тој избор. Сезонава четири ракометарки се наоѓаат во конкуренција за едно од местата, а меѓу оние што се борат е и тренерот на ЖРК Вардар – Ирина Дибирова. Во годинешниот избор на Ол стар тимот на лигата на шампионите се најдоа: Голман – Амандин Лејно Лев бек – Андреа Пенезиќ Пивотмен – Драгана Цвијиќ Десен бек – Александра Лакрабер Тренер: Ирина Дибирова Гласањето се…

Read More

Фудбалерот на Виљареал Пабло Форналс ги исплаши сериозно навивачите на тимот, откако се онесвести за време на дуелот со Атлетик Билбао од Ла Лига. Тој падна на теренот во 6-та минута без да биде вклучен во дуел со некој играч, бидејќи топката беше далеку од него. Медицинскиот тим на Виљареaл веднаш му помогна, и тој успеа да го напушти теренот во нивна придружба, но немаше потреба од дополнителна лекарска помош. Од тимот соопштија дека Форналс не ја загубил свеста, одеднаш му се слошило, што довело да падне на теренот. Очекувано веднаш бил  заменет и однесен во болница каде што ја…

Read More

Крилниот играч на Рома Џенгиз Јундер ќе биде подготвен да игра против Барселона во 1/4 финалето од Лигата на шампионите. Турскиот фудбалер го пропушти првиот натпревар кој Рома го загуби со 4:1 на „Камп Ноу“ од Барселона. Тој не играше и на дуелот со Фиорентина (0:2) во Серија „А”, како и при нерешените 1:1 со Болоња во предходното коло. Последните информации, сепак се дека санирањето на повредата на Јундер оди според планот и има сериозна шанса тој да биде на располагање на тренерот Еузебио Ди Франческо за натпреварот со каталонците на „Олимпико” во вторник. Во меѓувреме, веројатноста Диего Пероти да…

Read More