Author: riste

Легендарниот голман Икер Касиљас го одигра натпреварот број 1000 во својата  кариера. Ова се случи синоќа при вчерашниот пораз на Порто од Белененсес со 2:0 во португалскиот шампионат. Ова беше втор пораз во последните три натпревари за Порто. Касиљас има 725 натпревари за Реал Мадрид, 108 за Порто и 167 за репрезентацијата на Шпанија. Со своите 1000 средби тој е втор Шпанец во ова рангирање. Прв е Раул, кој ја заврши својата кариера со 1033 натпревар, а трет е Андони Зубизарета (968) и Чави (956). Почетокот на кариерата на Касиљас е доста интересен. На 26 ноември 1997 година тој со…

Read More

Поранешен македонски селектор и еден од најтрофејните тренери во мак-фудбалот, Ѓоре Јовановски ќе биде нов тренер на Работнички. Откако Горан Станковски си поднесе оставка поради слабите резултат на тимот, искусниот Ѓоре Јовановски ќе седне на клупата на Работнички до крајот на сезоната. „По поднесената оставка од Горан Станковски, раководството на Работнички на синоќешниот состанок одлучи до крајот на сезоната тимот да го води Ѓоре Јовановски. На Станковски искрено му заблагодаруваме на досегашната соработка, посакувајќи му успешна кариера во иднина. Јовановски се враќа во добро позната средина. Веруваме дека може многу да донесе зa психолошко враќање на екипата. Се договоривме за соработка…

Read More

Тренерот на Баерн Јуп Хајнкес категорично ја отфрли можноста Реал Мадрид да го привлече голгетерот на баварците Роберт Левандовски во текот на летото. „Карл-Хајнц Румениге изјави минатата недела дека Роберт Левандовски ќе игра и следната сезона во Баерн Минхен. Добро ги познавам Ули Хенес и Карл-Хајнц Румениге, а тоа значи: Никаква шанса нема Реал Мадрид да го купи Роберт Левандовски”, изјави Хајнкес. Како што е познато, во последниве месеци Полскиот интернационалец е поврзан со Реал Мадрид. Се тврди дека тој дури е опседнат од идејата да го облече дресот на Реал, но договорот до 2021 година со баварскиот гигант го…

Read More

Манчестер Јунајтед наскоро ќе потпише нов договор со Давид де Геа, кој ќе стане вториот најдобро платен играч на тимот со плата од 350 000 фунти неделно. Ова ќе го стави на втората позиција веднаш по Алексис Санчез, кој во моментов заработува по 505 000 фунти за истиот период, објави весникот „Сан“. „Клубот е сигурен и тие сметаат дека ова е веќе решен проблем. Желбата е сè ова да биде реализирано уште пред Светското првенство. Тоа треба да значи дека Давид нема да оди никаде”, вели извор од клубот. Сегашниот договор на шпанскиот голман е до следното лето, но од…

Read More

Одличните настапи на Манчестер Сити оваа сезона даваат сериозни предуслови за тимот на Пеп Гвардиола да биде ставен на листата на тимови испишани со златни букви во историјата на Премиер Лигата. Веќе сите знаат дека ако „граѓаните” го совладаат Манчестер Јунајтед во дербито на „Етихад” во сабота, тие ќе станат тимот кој најрано си обезбедил титула во Премиер лигата. Евентуално тоа може да се случи на 7 април, што ќе биде со една недела порано од досегашниот рекорд на Манчестер Јунајтед, кој во сезоната 2000/01 ја обезбеди титулата на 14 април. Кои се другите рекорди што може да ги подобрат…

Read More

Македонската Дејвис Куп репрезентација денес отпатува за Пловдив, Бугарија, каде ќе настапува на Дејвис Куп натпреварите од Третата Европска Група. Од оваа година, овие натпревари се играат на две локации (Црна Гора и Бугарија) каде вкупно учествуваат 16 репрезентации. Според извлекувањето во Бугарија ќе настапуваат репрезентациите на Албанија, Андора, Бугарија, Кипар, Исланд, Монако, Сан Марино и Македонија. Оваа година Македонија ќе ја претставуваат: 1. Горазд Србљак- Тенниспарк Скопје- Скопје 2. Димитар Грабул- Тениски клуб Југ-Скопје 3. Стефан Мицов- Тенниспарк Скопје- Скопје 4. Ѓорѓи Јанкуловски- Тениски клуб Југ-Скопје Чедомир Јовановски – Селектор и Капитен, додека Владимир Томиќ е помошник тренер. Според распоредот…

Read More

Остануваат уште 11 дена до почетокот на завршниот турнир од СЕХА лигата, а денес стартува продажбата на поединечните влезници за натпреварите кои ќе се играат на 13 и 15 април во СЦ „Јане Сандански“. Од 22 март до вчера се продаваа блок влезниците кои беа за двата дена(4 натпревари) по цена од 300 денари,а од денес ќе се продаваат поединечни влезници за првиот и вториот ден по цена од 200 денари. Од страна на СЕХА се задоволни како тече продажбата и информираат дека половина од капацитетот на СЦ „Јане Сандански“ е продаден, па може да се очекува дека ќе има…

Read More

Ракометната машката сениорска репрезентација на Македонија попладнево во Скопје ќе го има првиот собир по настапот на Европското првенство во Хрватска. Нашите ракометари во овој период на подготовки кој е активен низ цела Европа и е наречен „ЕХФ недела на ракометот“ ќе се подготвува во Скопје, а при тоа ќе одигра еден контролен натпревар и тоа од затворен карактер, против селекцијата на Русија. Оваа средба ќе биде одиграна во сабота, а нема да биде дозволено присуство на поблика и медиуми. Селекторот Раул Гонзалез, за овие подготовки се одлучи да направи одредени измени во составот на нашата селекција, па нема да…

Read More

Германскиот гигант Баерн (Минхен) ќе ја искористи опцијата за купување на Хамес Родригез од Реал Мадрид за сума од 42 милиони евра уште ова лето, соопштува весникот „Марка“. Колумбискиот репрезентативец премина на „Алијанц Арена” во јули како позајмен играч за две сезони од Реал Мадрид за 13 милиони евра. Напаѓачот постигна 5 гола и имаше 11 асистенции во 28 натпревари во тековната сезона, а Баерн е на само 2 бода од одбраната на титулата шест кола пред крајот на Бундеслигата. На 17 април ќе гостуваат кај Баер (Леверкузен) во полуфиналето на националниот куп. 26-годишниот Хамес Родригез има желба да остане…

Read More

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, ги повика сите играчи од првиот тим за утрешниот натпревар со Јувентус од 1/4 финалето во Лигата на шампионите. За Торино, тој го поведе и повредениот Начо Фернандез, кој речиси сигурно нема да влезе во составот за настап на оваа средба. Исто така во групата на играчи која замина за Тортино се најде и младиот трет голман на Реал Мадрид, Лука Зидан кој тешко дека би добил шанса, но е заедно со останатиот дел од тимот на ова патување во Лигата на шампионите. Европскиот шампион вечерва ќе го одржи официјалниот тренинг на теренот на…

Read More