Author: saso

Тренерот на Реал Мадрид, Хулиен Лопотеги, изрази задоволство од одличната игра и победа над Рома со 3:0 на отворањето на новата сезона во Лигата на шампионите. Иско, Бејл и Мариано Диаз стрелаа во победата на „кралевите“ кои годинава тргнаа по четвртта последователна титула во најсилното клупско натпреварување на планетава. „Маријано се приклучи во тимот подоцна, но денес доби шанса и ја искористи. Сезоната е долга и секој ќе има доволно минути за играње. Мило ми е што покажавме добар фудбал. Очекував Рома да создаде проблеми, бидејќи тоа е многу вреден тим. Излеговме со вистинска игра и создадовме голем број шанси.…

Read More

Менаџерот на Манчестер Сити , Пеп Гвардиола беше казнет и не успеа да го води тимот на синоќешниот меч од Лигата на шампионите против Лион, а неговиот аистент Артета по мечот се обиде да ги објасни причините за поразот од Французите. „Моравме да играме подобро. Почнавме лошо, изгубивме многу дуели на почетокот и примивме два гола. Дури тогаш почнавме да играме, а во втората половина креиравме многу ситуации, но нашите напори се покажаа како недоволни. Дали отсуството на Гвардиола е причина за ваквата игра не знам, и не сакам да претпоставам што би се случило ако Пеп беше со нас“,…

Read More

Кениецот Елиуд Кипчоге постави нов светски рекорд во маратон по победата на најдолгата дисциплина во Берлин со време од 2:01.40. Кениецот го урна претходниот рекорд на Денис Кимето, кој во 2014 година истрча за 2:02.57. „Не можам да го опишам денов. Навистина сум среќен што сум светски рекордер. Не беше воопшто лесно. Ја истрчав својата трка и верував на советите на тренерите, а тоа ме однесе до целта“ – рече Кипчоге. Патеката во Берлин важи за една од најбрзите за маратон во светот. Тоа го потврдува и фактот што 8 од 10-те најбрзи резултати се постигнати токму на овој маратон.

Read More

Во Реал (Мадрид) веќе почнаа тензиите откако вчера на гостувањето во Баскија, „кралевите“ не успеаја да ги освојат трите бода против домашниот Атлетик (Б). Ремито од 1:1 го донесе и првиот немир во клубот. Според информации на шпанското издание „Дон Балон“, првиот човек на клубот, Флорентино Перез бил бесен на тренерот Лопетеги поради некои неговите одлуки во врска со првиот состав. Перез најавил дека ќе има разговор со стратегот и ќе се заинтересира зошто Каземиро и Иско останале на клупата за овој дуел. И двајцата не ја започнаа средбата, а нивното отсуство влијаеше видливо на играта на целиот тим. Разочарувањето…

Read More

Раководството на Челзи е подготвено да започне преговори со бразилскиот дефанзивец Давид Луис за нов договор. Менаџерот Маурицио Сари е исклучително задоволен од искусниот дефанзивец и останува да се договорат за нова соработка која ќе го задржи во клубот уште долго време. Луис имаше проблеми со поранешниот тимски ментор Антонио Конте, но сега неговата ситуација е исклучително поволна и тој е важен дел од првиот тим. Неговиот сегашен договор ќе истече во летото следната година. Челзи сака да потпише нов двегодишен договор со плата од 125.000 фунти неделно.

Read More

Манчестер Сити веќе има во план кои ќе бидат првите две нови засилувања за следното лето. Според шпекулациите во британскиот печат, Пеп Гвардиола и неговите соработници ставиле во списокот на посакувани две имиња од екипата на Лион. Играчот з аврска на Французите, Тангуи Ндомбеле, како и Лукас Тусарт, кој исто така игра во средниот ред многу скоро ќе бидат контактирани од преставници на Сити со желба во јуни да се преселат во Манчестер. 21-годишниот Тусарт е дел од тимот од 2015 година, кога премина од редовите на Валенсиен. Тој е младински репрезентативец на Франција. Ндомбеле пак ова лето беше откупен…

Read More

Од Ливерпул излегоа со официјална информација дека Роберто Фирмино не е повреден сериозно за време на натпреварот со Тотенхем, кога Јан Вертонген од противничкиот тим му го повреди окото. „Проблемот ќе биде лекуван од клупските лекари пред да стане јасно дали Роберто ќе биде подготвен за натпреварот со ПСЖ. Добро е што тој нема трајно оштетување и ќе биде во ред“, изјавија од клубот.

Read More

Светскиот шампион Луис Хамилтон освои уште една пол-позиција во годинешниот шампионат во Формула 1. Пред утрешниот старт на 15-тата трка, Хамилтон денеска оствари најдобро време на квалификациите на „Марина Беј“. Зад него ќе стартува Макс Верстапен од Ред Бул, а неговиот главен конкурент Себастијан Фетел се избори само за третото место. Британецот има убава предност од 30 бода пред пилотот на Ферари на седум трки до крајот на тековната сезона.

Read More

Младата ѕвезда на Рома, Ченгиз Ундер ќе го продолжи својот престој на “Олимпико” до летото 2023 година, објавија италијанските медиуми. Спортскиот директор на клубот, Мончи и агентот на напаѓачот Рамадани, постигнале согласност за продолжувањето на договорот на играчот. Со подобрени услови, 21-годишниот турски репрезентативец ќе добие 1,8 милиони евра годишно, а ќе се обврзе на верност кон клубот и вонаредните 5 сезони.

Read More

Мауро Икарди ја игра последната сезона во дресот на Интер. Според последните информации, Аргентинецот веќе во јануари може да го напушти Интер. Неофицијално Манчестер Јунајтед бил заинтересиран за неговите услуги, а челниците на англискиот тим се подготвени да ја активираат клаузулата за отпуп, што значи дека не мораат да преговараат со Интер. „Црвените ѓаволи“ веќе разговарале со агентот на Аргентинецот, како и со неговата сопруга, со цел да ги договорат сите услови, пред да ја активираат клаузулата и да ги почнат личните преговори со напаѓачот.

Read More