Author: saso

Фудбалерот од средината на теренот на римски Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ ова лето сигурно ќе се преселеше во Јувентус, доколку торинскиот тим не ги потрошеше планираните средства за него за големото засилување од Реал (М), Кристијано Роналдо. Според инталијанскиот печат, во јуни оваа година, Јувентус имал директни преговори со Лацио за трансферот на српскиот фудбалер, а како резултат на нив бил договорен трансфер вреден 80 милиони евра. Подоцна Лацио одби да го продаде Милинковиќ-Савиќ, а и Јуве доби понуда да го земе Роналдо. Во моментов Милинковиќ-Савиќ е блиску до потпишување на нов договор со Лацио.

Read More

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд се извини за својата постапка и добиениот црвен картон на натпреварот со Барнли вчера. Англискиот репрезентативец влезе половина час пред крајот на средбата и за само 10 минути заработи црвен картон. „Емоциите достигнаа врв. Не требаше толку да реагирам. Им се извинувам на сите во клубот и на навивачите“, напиша Рашфорд на „Твитер“, но неговата постапка, најмалку од се му се допадна на Жозе Мурињо. Поради директното исклучување тој автоматски добива казна од 3 натпревари и не ќе може да бид ево тимот за средбите со Ватфорд, Вест Хем и Вулверхемптон.

Read More

Главниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, запрашан за отсуството на новото засилување Фабињо од тимот, по мечот со лестер изјави: „Ништо не се случило. Тимот работи добро. Фабињо има потреба од време да се прилагоди. Тој може да биде во составот, но тоа е доста тешко кога секој може да игра. Добро е да имаме таква ситуација, но потребно е повеќе време. Ова е единствената причина што Фабињо се уште го нема. Тој презема големи чекори во последните неколку недели“, изјавил Клоп.

Read More

Светскиот шампион во Формула 1 од 2016 година, Нико Розберг го прокоментира инцидентот кој се случи меѓу неговиот поранешен тимски колега Луис Хамилтон и пилот на Ферари Себастијан Фетел во првиот круг од трката за Големата награда на Италија. Според него, грешката лежи целосно кај германскиот пилот. „Мислам дека за случајот 100% е виновен Себастијан. Тој отиде во аголот премногу длабоко, се судри со Луис и како резултат на тоа го заврти. Не беше многу добро. Не можам да верувам дека тој повторно и повторно прави грешки“, вели Розберг. Победа на Италијанското гран за Луис Хамилтон ја зголеми предноста на…

Read More

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, по катастрофалниот пораз од Сампдорија со 3:0 вели дека не гледа нешто посебно што треба да се смени во тимот за да се надмине ова очајно издание. „Го започнавме натпреварот исто како и во последните две натпревари. Потоа требаше да го смениме курсот, но денеска тоа не беше така. Не мислам дека имаме простор за многу промени. Треба да ги започнеме натпреварите повеќе фокусирани, затоа што овој став е неприфатлив. Ако имав магично стапче, би го сменил почетокот на натпреварот. Би сакал тимот да ја започне играта како што ја завршува“, вели Анчелоти.

Read More

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Словенија, Радо Трифуновиќ, денеска го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за претстојните квалификациски дуели за пласман на СП. Актуелниот европски шампион за следните два меча останува без скоро цена стартна постава. Покрај Лука Дончиќ, Словенците за престојните дуели нема да сметаат и на Јака Блажиќ и Клемен Препелиќ. Тоа е сериозен проблем за европскиот првак, кој во втората фаза од квалификациите влегува со само две победи во претходните 6 средби и се наоѓаат на последното место во својата група.

Read More

Откако Душко Вујошевиќ поради здравствени проблеми не може да ја води кошаркарската селекција на Босна и Херцеговина во септемвриските квалификации за СП, најверојатно ќе има промена на селекторското место кај популарните „змејови“. Според последните информации во тамошните медиуми, најголем фаворит за селекторската позиција е хрватскиот стратег Јасмин Репеша. „Разговаравме во четвртокот и петокот, меѓутоа поради самата ситуација и краткиот период некако се е испомешано. Тука сум за да помогнам, но се треба да се договори“, изјавил Репеша. БиХ ја очекуваат два тешки квалификациски дуели овој месец на 13 септември со Финска и четири дена подоцна против Чешка.

Read More

Во последниот ден од преодниот рок се засили и белградска Црвена Звезда која обезбеди пласман во групната фаза од Лигата на шампионите. „Црвено-белите“ за сума од околу 600.000 евра на име на годишна плата, го донесоа некогашниот репрезентативец на Германија, Марко Марин, кој минатата сезона ја помина како фудбалер на грчки Олимпијакос. Инаку, Марин го раскина договорот со Олимпијакос и како слободен фудбалер се пресели во Белград. Минатата сезона на 59 настапи за Олимпијакос имаше 12 голови и 10 асистенции.

Read More

Шпанскиот шампион Барселона ќе плати дополнителни 5 милиони евра во касата на англиски Ливерпул поради настапите на офанзивниот играч за врска,  Филипе Кутињо. Како што е познато, Бразилецот дојде во Барса во јануари за 120 милиони евра, но бонусите се во висина од околу 40 милиони евра. Според договорот првата транша од 5 милиони евра влегува во касата на Ливерпул откако Филипе ќе одигра 25 натпревари за “каталонците”. Тоа се случи минатиот викенд на средбата со Ваљадолид. 20 од овие натпревари се одиграни во Ла Лига, четири во Купот на Шпанија и еден за Суперкупот на земјата. Барса ќе мора…

Read More

Напаѓачот на Селтик, Муса Дембеле успеа да го комплетира трансферот во Лион во последните часови на трансфер периодот. Францускиот интернационалец потпиша петгодишен договор со неговиот нов тим и официјално е на „Жерлан“. Дембеле стана предмет на сериозни недоразбирања во последните неколку дена, откако од Лион итно испратија понуда за неговиот потпис во вредност од 18 милиони фунти. На крајот, двете екипи се согласија за износ од 20 милиони фунти и договорот беше завршен на самиот крај од трансфер периодот.

Read More