Author: saso

Севиља синоќа беше поразен ана гостувањето кај Леванте со што ситуацијата на кормилото на тимот станува уште посложена. Актуелниот предводник на тимот, Винченцо Монтела, се уште не знае каква е неговата иднина на кормилото на шпанскиот тим, особено по неколкуте разочарувачки настапи. „Тоа не е прашање што треба да го упатите кон клубот. Јас сум тренер на Севиља, ја работам мојата должност со ентузијазам, професионализам и концентрација. Мислам дека можевме подобро да ја завршиме сезоната, но мојата иднина не ја решавам јас“, рече Монтела. Претседателот на Севиља, Хозе Кастро, рече дека единственото нешто што тој го знае сега е дека…

Read More

Актуелниот тренер на екипата на Рома, Еузебио Ди Франческо, потврди дека има доста проблеми со повредените фудбалери во пресрет на реваншот со Ливерпул следната недела во полуфиналето од ЛШ. Диего Пероти сигурно нема да се појави на реваншот во среда, а неизвесен ќе биде и настапот на Холанѓаецот, Кевин Стротман. И двајцата ќе бидат под посебен надзор во наредните неколку дена.

Read More

Баерн (М) нема да смета на услугите на Џером Боатенг до крајот на сезоната, откако дефанзивецот доживеа потешка повреда на вчерашното полуфинале од ЛШ против Реал (М). Боатенг има повреда на бутниот мускул поради што ќе мора да паузира и до крајот на сезоната. Она што е неизвесно е и неговиот настап на престојното светско првенство. Лекарите се уште не можат да кажат дали повредата ќе му дозволи навремено враќање на терените и дали воопшто ќе конкурира за настап на Мундијалот.

Read More

Фудбалерот од средниот ред на екипата на Ливерпул, Мохамед Салах, нема да го напушти „Енфилд Роуд“ во летниот трансфер период. Како што се шпекулира во јавноста, за услугите на Салах се заинтересирани првите луѓе на Реал (М), но од Ливерпул не сакаат да слушнат за разделба со него. Во моментов се зборува дека цената на Салах е околу 200 милиони фунти, а „кралскиот клуб“ веќе контактирал со Ливерпул во врска со можниот трансфер. Но „црвените“уште еднаш јасно ставиле до знаење дека нема да се разделат со Египќанецот. Салах е клучна фигура во плановите на тренерот на тимот Јирген Клоп за…

Read More

Напаѓачот на Баерн Минхен, Томас Милер, смета дека баварците не покажале доволно рационалност и ладнокрвност за време на синоќешниот прв полуфинален меч од Лигата на Шампионите против Реал Мадрид. „Бевме малку наивни. Постигнавме гол, направивме уште шанси, но им дозволивме да израмнат непосредно пред одморот, а брзо по почетокот на второто полувреме веќе беше 1:2. Дозволивме голови по наши грешки кои не можеме да си ги дозволиме. Во второто полувреме се случуваше нешто чудно, топката не сакаше да влезе во голот на противникот. Не можеме да бидеме задоволни од ваквата игра. Видовме како Реал ги користи своите шанси. Треба да…

Read More

Дефанзивецот на европскиот шампион Реал Мадрид, Марсело, го запиша своето име во историјата на Лигата на шампионите со златни букви. Со својот гол во победата над Баерн Минхен синоќа, Бразилецот стана најуспешниот одбрандбен играч во нокаут фазата на натпреварувањето. Имено, Марсело веќе има седум гола зад своето име, надминувајќи го досегашното постигнување на својот соиграч и капитен на Реал (М), Серхио Рамос. Во текот на оваа сезона Марсело постигна гол во сите елиминациски фази од Лигата на Шампионите – против ПСЖ, Јувентус и сега против Баерн.

Read More

Тимот на Гвадалахара по вторпат во својата клупска историја успеа да ја освои фудбалската лига на шампионите од КОНКАКАФ зоната. Мексиканците триумфираа по подобро изведување на пенали со 4:2 во финалето против канадски Торонто. Гвадалахара имаше предност од 2:1 по првиот натпревар како гостин, а во вториот дуел на свој терен поведе со погодокот на Орбелин Пинеда уште во 19-тата минута, но до паузата гостите постигнаа два гола преку Алтидор и поранешниот напаѓач на Јувентусм Себастијан Џовинко и израмнија. Потоа дојде до изведување на пенали, каде што Осорио и Мајкл Бредли промашија заТоронто и Гвадалахара заслужено дојде до трофејот за…

Read More

Со тројката во последната секунда на синќешниот меч против Индијана, Леброн Џејмс не само што им донесе вредна победа на Кавс во битката за место во вториот круг од плеј-офот, туку влезе и вцо историјата на НБА лигата минувајќи едно досегашно постигнување на легендарниот Мајкл Џордан. Имено, ова беше четвртата ситуација во која Леброн со шут во последните секунди решава победник во плеј-офот во НБА лигата. Досега рекордот го држеше Џордан со три погодоци во последните секунди на плеј-оф средбите.

Read More
NBA

Менаџментот на Атланта Хокс и досегашниот тренер на тимот Мајк Буденхолцер се согласиле за прекин на соработката. Претходно, Атланта му даде дозвола на Буденхолцер да преговара со други тимови, па наскоро се очекува тој да прземе некој од екипите на Феникс или Њујорк Никс. Мајк ја предводеше Атланта од 2013, откако претходно 17 години беше асистент на тренерот на Сан Антонио. Под негово водство, клубот во сезоната 2014/15 реализираше 60 победи во регуларната сезона и стигна до финалето од плеј-офот на Источната конференција.

Read More

Најуспешниот македонски автомобилист, Игор Стефановски – Иџе, по укинувањето на тркачката серија ЕТСС во која што се натпреваруваше минатите две сезони, денес објави дека тргнува во нов поход, овој пат преку TCR европската серија. Стафановски за таа цел доби и нов автомобил „ Hyundai i30 TCR“. На денешната прес-конференција, Иџе зборуваше за очекувањата и новиот предизвик. „Оваа сезона ќе се натпреваруваме на најсилното натпреварување во Европа. TCR шампионатот. Со новиот автомобил кој ги има перформансите за пехар, ќе дадам се од себе со мојот тим уште неколку пати да го развиеме македонското знаме на патеките. Ова ќе биде исклучително силен…

Read More