Author: saso

Искусниот дефанзивец на Борусија Дортмунд, Сократис може да се врати во својот поранешен клуб Милан, каде одигра само пет натпревари во сезоната 2010/11. Според италијанскиот весник “Тутоспорт”, грчкиот дефнзивец му бил понуден на италијанскиот тим, кој е решен да направи силен летен избор. 30-годишниот Сократис не сакаше да ја промени средината и најави дека сака да остане во Германија, но неговиот договор со Борусија истекува на крајот од следната сезона. И германскиот клуб сака да го задржи фудбалерот и најверојатно ќе му понуди нов договор со подобри финансиски параметри.

Read More

Раководството на Реал Мадрид започна нови преговори со својот најдобар фудбалер, мега-ѕвездата Кристијано Роналдо. Деталите се очекува да бидат финализирани пред Светското првенство ова лето. Според информациите, шефот на клубот, Хозе Ангел Санчез, веќе го информирал 33-годишниот Португалец за желбата на клубот. Самиот Роналдо ги цени напорите на Реал за нов договор, со кој платата на играчот ќе се зголеми од 21 на 30 милиони евра по сезона и тоа ќе го приближи до платата на Нејмар во ПСЖ, која изнесува 35 милиони евра. Тековниот договор на Кристијано Роналдо со Реал истекува летото 2021 година.

Read More

По 22 -годишно владеење на клупата на Арсенал, Арсен венгер во јуни си заминува од „топчиите“. Веста денеска ја потврди авторитетниот BBC. Французинот заминува една година пред да истече неговиот актуелен договор.„ „Топчиите“ се шести во Премиер лигата и не успеаја да дојдат до позиција која води во Лигата на шампионите. Сега ќе се обидат тоа да го направат преку Лигата на Европа, но само доколку ја освојат. 68-годишниот француски стратег освои три титули во Премиер лигата и седум ФА-купови, вклучувајќи ја и двојната круна во 1998 и 2002 година. „Благодарен сум што имав привилегија да му служам на клубот…

Read More

Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски вчера ги поминал деталните лекарски прегледи по повредата која ја заработи на мечот со Читадела, по што стана јасно дека повредата е од втор степен и ќе мора најмалку еден месец да биде надвор од фудбалските терени. Од клубот објавија дека на направената магнетна резонанца се забележува лезија на дел на тетивата на десната нога. Тоа практично значи дека Несторовски најмалку 30 дена ќе биде на рехабилитација. Тој уште вчера почнал со првите третмани.

Read More

Кошаркарската федерација на Македонија по вчерашното барање на МЗТ Скопје А. за ревидирање на бројот на странци во домашното првенство, испрати соопштение во кое се вели дека Македонската кошаркарска федерација дава комплетна поддршка за овој предлог и воедно ги охрабрува сите клубови да застанат позади иницијативата на актуелниот шампион. „Тригодишните заложби на актуелното раководство на Македонската кошаркарска федерација за унапредување на квалитетот на младинските категории и заздравување на развојот на нашата иднина ја увиде и еден од водечките клубови во македонската кошаркарска историја и се надеваме дека низ конструктивни и заеднички разговори помеѓу сите инволвирани фактори ќе дојдеме до квалитетно…

Read More

Тиражниот спортски весник „Марка“ објави дека нов клуб на капитенот на Барселона, Андрес Иниеста, од ова лето ќе биде кинескиот Чонгкинг Лифан. Весникот тврди дека работата е веќе завршена и само официјално треба да биде потврдена од двете страни. Во моментов, екипата на Чонгкинг се наоѓа на средината на табелата во кинеската Супер лига со тенденција да се најде во врвот до крајот на сезоната. Тимот оваа сезона во своите редови има тројца бразилски интернационалци и еден репрезентативец на Ј. Кореја. На чело на Чонгкинг е поранешниот селектор на репрезентацијата на Португалија, Пауло Бенто.

Read More

Првиот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, ги сподели своите планови за иднината. Во изјава пред новинарите Германецот призна дека можеби и многу порано ќе ја заврши својата тренерска кариера. „Можеби ќе ја завршам мојата кариера многу порано отколку што обично тоа го прават другите тренери. Не сакам да умрам на тренерската клупа. По Ливерпул, дефинитивно ќе заминам на една година. Ова е договор со моето семејство“, изјавил Клоп, кој во моментов е фокусиран на битката со Рома во Лигата на шампионите следната недела.

Read More

Иако пред нив е саботниот меч со СПАЛ во Серија А лигата, и тренерот и фудбалерите на Рома се комплетно фокусирани на она што ги очекува следната недела на гостувањето кај Ливерпул во Лигата на шампионите. Според италијански извори, тренерот на „волчицата“, Еузебио Ди Франческо, планира посебна стратегија за да се постигне добар резултат на „Енфилд Роуд“. Имено, според весникот „Кориере дело Спорт“, италијанскиот стручњак веќе одлучил дека неговиот тим нема да има ниту еден тренинг во Англија пред првиот меч со „црвените“. Наводно Ди Франческо не сака да им даде никаква предност на своите противници во откривањето на својата…

Read More

20-кратниот освојувач на Гренд слем трофеи, Швајцарецот Рожер Федерер стана лик на една од насловните страници на новиот број на списанието „Time“. 36-годишниот тенисер беше вклучен во 100-те највлијателни луѓе во светот според магазинот. „Бев сведок на тоа колку внимателно Роџер и неговиот тим работат за да ги подобрат животите на сиромашните деца”, напиша неговиот пријател, американскиот претприемач Бил Гејтс.

Read More

Италијанскиот првак Јуветус е главан кандидат за потписот на францускиот напаѓач од екипата на Манчестер Ј., Ентони Марсијал. Според англискиот печат, Италијанците сериозно тргнале во преговори со фудбалерот. Марсијал на неколку наврати истакна дека не е задоволен од своето место во тимот на Манчестер Ј. и дека ја разгледува опцијта за заминување од клубот. Интерес за Марсијал има и од неколку други клубови, особено од Франција каде за него интересенти се ПСЖ и Олимпик Лион. Тотенхем, Рома и Атлетико (М) исто така се на листата на клубови кои го посакуваат во својот тим. Инаку, Марсијал го одби новиот договор со…

Read More