Author: saso

NBA

Кошаркарот на Филаделфија Маркел Фулц стана најмладиот играч во историјата на НБА лигата која успеа да реализира трипл-дабл на меч од регуларната сезона. Во последниот натпревар од регуларната сезона со Милвоки Бакс кој неговиот тим го доби со 130: 95, Фулц успеа да реализира 13 поени, 10 скока и 10 асистенции. Фулц до трипл-дабл ефектот стигна на возраст од 19 години и 317 дена. Така, тој го урна рекордот што го постави кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Лонзо Бол, во ноември минатата година. Вреди да се напомене дека пред почетокот на тековната сезона, овој рекорд му припаѓаше на Леброн Џејмс…

Read More

Првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели побара од УЕФА итно да го воведе системот за видео-контрола VAR на натпреварите од Лигата на шампионите, откако неговиот тим беше елиминиран синоќа од Реал Мадрид со сомнителен пенал. „Дополнителниот помошник судија зад головите не ја врши истата работа како главниот судија на видео-контролата. Не зборуваме за еден или два спорни моменти, туку за ситуација што е одлучувачка за директна елиминација на најголемиот турнир кој носи многу пари и престиж. Не смееме да дозволиме вакви пропусти“, изјавил Ањели.

Read More

Напаѓачот на Реал Мадрид, Лукас Васкез, на интересен начин го прокоментира спорниот пенал за „кралевите“ во 93-тата минута против Јувентус. „Апсолутно беше пенал, нема никаква дилема. Роналдо ми ја симна топката и се подготвував да шутирам кога Бенатија ми се фрли од зади и ме прегази. Чист пенал“, изјави Васкез. „Нормално е играчите на Јувентус да протестираат, сепак тоа го реши натпреварот, бидејќи се случи во последните секунди на средбата. Овој натпревар треба да ни биде лекција. Кога се опуштаме, секогаш не казнуваат“, изјавил Лукас Васкез.

Read More

Француски ПСЖ во официјалното соопштение ги негираше информациите за прекршување на правилата за финансиски фер плеј. Британското издание на “Фајненшел тајмс” претходно тврдеше дека парискиот клуб обезбедил „штелувани“ податоци за приходите од спонзорства од 200 милиони евра. „ПСЖ жали што неколку дена пред планираниот состанок со УЕФА во британскиот печат се објавени лажни информации кои го дискредитираат нашиот клуб. УЕФА има јасна визија за финансиската ситуација во нашиот клуб и не се сомнева во сигурноста на износите на долгорочните договори со партнерите“, се вели во сооопштението од ПСЖ.

Read More

Тренерот на Севиља, Винченцо Монтела, по ремито на гостувањето во Минхен и елиминацијата на неговиот тим во четвртфиналето од Лигата на шампионите изјави дека може да биде горд на своите фудбалери. „Се обидовме да победиме и прикажавме одлична игра. Задоволен сум од тоа како тимот со еднакви услови се бореше со таков опасен противник како Баерн. Ние сме елиминирани од Лигата на шампионите, но заминуваме со крената глава. Слушав како нашите навивачи пејат низ целиот мел. Горд сум што сум тренер на Севиља“, изјавил Монтела по средбата.

Read More

Мегаѕвезда на Реал Мадрид и светскиот фудбал, Кристијано Роналдо, изјави дека нема дилеми дали во 93-тата минута вчера имаше пенал за Реал или не. „Не разбирам зошто Јуве протестираше, бидејќи несомнено тоа беше прекршок за пенал. Ако не направеа прекршок тоа ќе беше гол“, изјавил Роналдо. „Овој меч е голема лекција за нас. Во фудбалот ништо не доаѓа како подарок. Треба да се борите до самиот крај. Реал можеше да постигне неколку голови, но Јуве и Буфон силно тргнаа“, дополни Португалецот.

Read More

Тренерот на европскиот шампион Реал (М), Зинедин Зидан не сакаше да го коментира пеналот за Реал Мадрид, со која неговиот тим го исфрли Јувентус од Лигата на Шампионите. „Ми рекоа дека е пенал. Не ја видов ситуацијата, но судијата пресуди и тоа не може да биде променето. Јас никогаш не се расправам со судиите и си имам свои причини за тоа. Едноставно не се мешам“, изјавил Зидан по средбата. „Бевме подобар тим во 70-80 минути од мечот и заслуживме да победиме. Тешко беше што не успеавме да постигнеме гол, откако имавме толку многу шанси. Топката едноставно не сакаше да влезе…

Read More

Машката ракометна репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра тест-натпревар зад затворени врати против селекцијата на Русија во „Јане Сандански“, во 17.30 часот. Ова ќе биде прва и воедно единствена проверка за македонската репрезентација пред јунскиот бараж со Романија за место на СП 2019 во Германија и Данска. Руската репрезентација реши да ја помине ЕХФ-неделата во Скопје и тука да си ја гради формата за клучните јунски натпревари. Дел од подготовките е и натпреварот со Македонија, кој на барање на рускиот селектор Едуард Кокшаров ќе се игра без присуство на публика и на медиуми. Македонија за овој меч останува без…

Read More

Баерн Минхен ќе слави скромно, ако денеска ја освои титулата во Германија. Причина, претстојните важни натпревари во Лигата на шампиони, изјави тренерот на баварците, Јуп Хејнкес. Баерн може и официјално да го потврди насловот германски шампион на денешниот дуел со екипата на Аугзбург. „Ако станеме шампиони, ќе изпиеме по една чаша шампањ, но само толку. Треба да сме концентрирани за претстојните натпревари до крајот на сезоната. Ќе се забавуваме кога сезоната ќе заврши”, рече Хејнкес. На инсистирање на тренерот со тимот за Аугзбург патуваат и повредените играчи како Мануел Нојер, Давид Алаба и Артуро Видал, за да може да бидат…

Read More

Антонио Конте ја демантираше изјавата на неговиот сонародник Џанлука Виали дека со нетрпение чека да си замине од Челзи. Пред неколку дена Виали рече дека би бил изненаден доколку неговиот сонародник остане на функцијата во Челзи и следната сезона. „Џанлука ми е пријател, но не сум зборувал со него една година. Не е точно дека сакам да го напуштам Челзи. Слушам постојано шпекулации за мојата иднина. Работам напорно за клубот и тоа е единственото нешто што е вистина. Останатото се измислици“, изјавил Конте на вчерашната прес-конференција.

Read More