Author: dino

Селекторот на фудбалерите на Хрватска, Златко Далиќ, откри дека пред Мундијалот во Русија или поточно за време на турнејата во Америка, дел од луѓето во федерацијата блиски до претседателот, Шукер, се обиделе да го натераат да даде оставка. Далиќ кој со „коцкестите“ постигна историски успех играјќи во големото финале на Светското првенство, потенцира дека по пристигнувањето од Америка бил цврсто решен да си замине од селекцијата, но, сега размислува дали да остане на таа одлука. „Сега сум пред тешка одлука, мене парите не ме интересираат. Заработив доволно а јас и моето семејство сме скромни луѓе“ – потенцирал Далиќ.

Read More

Фудбалерот на ПСЖ, Нејмар, јавно порача дека нема намера да си замине од Франција иако за неговите услуги беше заинтересиран составот на Реал Мадрид кој во изминатата сезона ги елиминираше „светците“ во осминафиналето во ЛШ. „ Останувам тука. Имам договор со ПСЖ и тука сум за нови предизвици и поголеми цели. Се надевам дека ќе имаме успешна сезона.“ – изјави репрезентативецот на Бразил кој во финишот на изминатата сезона заработи потешка повреда и мораше да пропушти дел од средбите. Речиси во истовреме и составот од Шпанија испрати соопштение во кое беше потенцирано дека воопшто не испратил понуда за Нејмар.

Read More

Фудбалерите на Вардар не успеаа да поминат во второто елимианциско коло во Лига Европа откако и во реваншот загубија од Пјуник со 2:0. „Црвено-црните“ на Арената во Скопје одиграа разочарувачки и без идеја како да ја анулираа негативата од првиот натпревар  додека остите трпеливо ги дочекаа нивните минути и преку Балде во 85-та и Конате во 89-та минута успеаа два пати да погодат во мрежата на нашиот тим. Вардарци по само два меч ќе и кажат збогум на Европа.Тоа претходно им се случи и на Шкупи и на Работнички.

Read More

Илчо Ѓорѓиоски ќе го напушти кормилото на Фудбалската федерација на Македонија.Тој според последните информации, најавената оставка ќе треба да ја поднесе до членовите на  УО на утрешната седница. Ѓорѓиоски  кој шест години беше прв човек на мак-фудбалот добил покана од Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, да се активира во неговиот кабинет. Додека ФФМ да добие нов претседател, раководната палка ќе ја имаат потпретседателите во федерацијата и Генералниот секретар, Филип Поповски.

Read More

Фудбалската федерација на Македонија ќе добие нови вонредни средства од УЕФА во висина од еден милион евра за подобрување на фудбалската инфраструктура во Македонија, изјави на денешната прес – конференција генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски. „Денеска официјално можеме да потврдиме дека ФФМ со помош на УЕФА е способна институција да ги поддржи идните проекти во нашиот фудбал, од изградбата на инфраструктура до работа со млади категории, кои се во нашиот фокус и согласно стратешкиот план на федерацијата. Со гордост можам да најавам е дека благодарение на реализираните проекти, УЕФА ни доделува нови, вонредни средства од „Хет Трик“ програмата во…

Read More

Наградниот фонд на последниот годинашен тениски Грен Слем турнир – „САД Опен“, достигна рекордно високо ниво. Сега сумата ќе биде околу 53 милиони или речиси  5 проценти повеќе во однос на 2017 година. Победниците во машка и женска конкуренција ќе заработат по 3,8 милиони долари, што е за 100.000 долари повеќе од изминатата година. За поразените во финалето се предвидени 1,85 милиони. Победниците во двојки (мажи и жени) ќе добијат по 700.000 долари. Јубилејното 50-то издание на Отвореното првенство на САД ќе се одржи од 27 август до 9 септември.

Read More

Челниците на фудбалскиот состав Јувентус, планираат да го купат играчот на Атлетико Мадрид, Диего Годин. Дефанзивцот има клаузула во договорот со Шпанците во висина од 20 милиони евра која не би требало да претставува проблем за калчо-лигашот. Директорот на Јувентус, Паратичи замина во Мадрид да го убеди Годин да се вклучи во новиот проект на „старата дама“. Доколку се оствари желбата на Јуве, 32-годишниот играч ќе биде значаен дел од одбраната на тимот кој има големи амбиции во новата сезона пред се во меѓународната конкуренција.

Read More

Пол Погба има намера да си замине од редовите на Манчестер Јунајтед бидејќи не е задоволен од односот со тренерот, Жозе Мурињо. Французинот се активираше во Премиер лигата пред две години за 105 милиони евра, но, сега може да се врати во Италија за само 60 милиони евра бидејќи има таква клаузула во договорот. „Тутомеркато“ денеска пишува дека репрезентативецот на „Галските петли“ кој се израдува на шампионскиот пехар во Русија, бил заинтересиран за новиот проект на Јувентус.

Read More

Реал Мадрид на 5. август ќе одигра контролен меч против Јувентус  на Интернационалниот Куп на шампионите кој традиционално се реализира на стадионите во САД. Тоа значи дека Кристијано Роналдо кој во текот на летово го напушти шпанскиот состав и замина во Торино, сега ќе има можност да игра токму против „кралевите“. Реал Мадрид првиот меч на турнејата ќе го има против Манчестер јунајтед кон крајот на јули а потоа ќе дојде и спектаклот против Јувентус. Една недела подоцна Реал во улога на европски првак ќе игра против градскиот ривал Атлетико Мадрид (освојувач на Лига Европа) во рамките на Супер-купот на…

Read More

Фудбалскиот состав, Реал Мадрид, ќе се обиде да го купи голманот на Челзи, Тибо Куртоа, кој на СП во Русија ја доби наградата од „Адидас“ – „Златна ракавица“, која му се доделува на најдобриот голман на еден Мундијал. Куртоа во силна конкуренција ја доби трката со Уго Лорис и Џордан Пикфорд откако прими само 5. голови. Според извори блиски до шпанскиот гигант, „кралевите“ се на добар пат да ја остварат целта бидејќи и самиот голман нема намера да ја продолжи соработката со „сините“ од Лондон. Засега не се споменува трансферната сума, но, јасно е дека Реал Мадрид нема да штеди…

Read More