Author: dino

Селекторот на фудбалерите на Србија, Младен Крстајиќ, по вчерашниот пораз од Бразил (2-0) и елиминацијата од Мундијалот во Русија, вели дека „кариоките“ ги казниле сите грешки и промашувања на неговата селекција. „Моите играчи покажаа одлична дисциплина и направија неколку шанси за гол.Бразил покажа дека е силна селекција.Милсам дека сите три меча ги одигравме на завидно  ниво“ – вели Крстајиќ. „Во одредени моменти навистина бевме подобри од противниците, но, таков е фудбалот. Натпреварот со Швајцарија не врати два чекора назад и не успеавме да се оправиме“ – заврши селекторот на нашиот северен сосед.

Read More

Македонската кошаркарска репрезентација денеска ќе гостува во Швајцарија во последното коло од групната фаза во првата претквалификациска рунда за Евробаскет 2021. Нашиот тим е прв на табелата со максимален ефект од три победи и отворен пат кон наредната фаза. Селекторот, Јорданчо Давитков, посакува циклусот да се заврши победнички. „Успеавме да го вклопиме и новиот Американец – Шејн Витингтон. Желба е да се продолжи серијата на победи, очекувам дека ќе биде тешко, но, нашата цел е само триумф. Швајцарците ќе се обидат да ја искористат предноста на домашниот терен“ вели Давитков во пресрет на мечот кој ќе започне од 19.30 часот.

Read More

Нашите најдбри ракометари добија тешка група на Светското првенство кое догодина во јануари ќе се реализира во Германија и Данска. Во полу-диригирана ждрепка, избраниците на селекторот Раул Гоналез, се сместија во групата во Минхен заедно со Шпанија, Исланд, Бахреин, Јапонија и Хрватска. Група А (Берлин): Русија, Германија, Франција, Србија, Бразил и Кореја, Група Ц (Хернинг): Данска, Тунис, Норвешка, Австрија, Чиле и Саудиска Арабија. Група Д (Копенхаген): Шведска, Катар, Унгарија, Аргентина, Египет и Ангола.

Read More

Напаѓачот на Полска, Роберт Левандовски, не успеа да постигне погодок во првите две кола на фудбалскиот форму во Русија. Неговиот состав по вчерашниот пораз од Колумбија со 3-0 , остана закован на дното на табелата и без теоретски шанси за пласман во наредната фаза. Искусниот голгетер во последното интервју признава, дека секоја грешка скапо се плаќа посебно на значајните меѓународни натпреварувања. „Едноставно објаснување е дека Колумбија беше подобра.Тие ги користеа нивните моменти и создадоа многу шанси. Кога ќе доживеете два пораза, јасно е дека ќе испаднете.Такви се законите на Светското првенство“ – рече Левандовски.

Read More

Капитенот на Колумбија, Радамел Фалкао, кој беше творец на вториот погодок во мрежата на Полска на вчерашниот меч на фудбалскиот Мундијал во Русија, откри, дека му се исполнила желбата која ја имал уште од детството. „Да се постигне гол на Светско првенство е уникатно чувство. Долго чекав на тој момент и мило ми е што се случи кога најмногу требаше. Задоволен сум од целиот тим, од победата и начинот на кој го одигравме натпреварот“, изјави Фалкао. Колумбијците за четири дена ќе се соочат со Сенегал во последниот натпревар од групната фаза и со победа сигурно ќе играат во осминафиналето. Има варијанта Колумбија да оди понатаму и со…

Read More

Капитенот на Јужна Кореја, Сун-Јан Ки, ќе го пропушти натпреварот против Германија од група „Ф“ на Мундијалот во Русија. Фудбалерот се повреди на мечот со Мексико одигран во саботата кој им припадна на јужноамериканците со 2 спрема 1. Сун-Јан Ки се појавил на средбата со новинарите со патерици. 29-годишниот Ки го одигра и двата натпревара за азискиот тим на собирот во Русија. Досега Корејците немаат ниту еден бод. Средбата меѓу светскиот шампион Германија и репрезентацијата на Јужна Кореја ќе биде одиграна на 27 јуни на стадионот во Казан.

Read More

Фудбалерите на Англија со убедливата победа против Панама со 6 спрема 1, го потврдија пласманот во втората фаза на Свесткиот шампиона во Русија. Англискиот репрезентативец, Џеси Лингард, не крие дека е многу среќен по убедливата победа. „Неверојатно достигнување! Не знаев дека сме ја постигнале најголемата победа за Англија на едно светско првенство. Го постигнав првиот гол за Англија  – чувството е уникатно. Се надевам дека ќе давам уште голови во натпреварите кои ни претстојат“ – изјави Лингард. „Семејството ми е тука и јас сум навистина среќен. Имаме голема самодоверба пред мечот со Белгија. Се надевам дека ќе победиме“ – изјави…

Read More

Фудбалерот, Хуан Квадрадо, кој дејствува по страничните позиции во селекцијата на Колумбија, беше еден од најдобрите на теренот на вчерашниот меч со  Полска. Тој го постигна последниот гол за убедлива победа на неговата репрезентација од 3 спрема 0. Квадрадо веднаш по мечот, потенцирал, дека е задоволен од резултатот и дека неговата селекција покажала атрактивен фудбал. „Му благодарам на Господ бидејќи беше со нас во тешкиов период кој го поминуваме. Ние го покажавме нашето најдобро издание во нападот. Остваривме голема победа за нас и за сите Колумбијци. Секој фудбалер сака да се израдува на победа на СП” – рече Квадрадо.

Read More

Фудбалерите на Сенегал вчера одиграа нерешно 2 спрема 2 со Јапонија во рамките на второто коло во групата „Х“ на Мундијалот во Русија. Напаѓачот на африканскиот состав, Садио Мане, кој беше проглaсен за играч на мечот, изјави, дека е разочаран од епилогот и дека неговата селекција заслужила да оствари победа. Токму Мане малку и со помош на фортуната, успеа да го отвори резултатот уште во 11. минута. „Бевме разочарани бидејќи бевме многу блиску до победата. Започнавме добро, постигнавме гол и создадовме многу шанси. Мора да кажам дека и противникот исто така играше на високо ниво. Нашиот трет натпревар во групата…

Read More

Фудбалскиот состав на Рома успеа да ангажира нови засилувања за наредната сезона. Во клубот пристигнаа. Брајан Кристанте, Анте Чориќ, Иван Маркано, Антонио Миранте и Џастин Клајверт. Според најавите во медиумите, „волчицата“ во наредниот период треба да потпише и со: Давиде Сантон, Никола Заниола и Хавиер Пасторе. Последниот доаѓа можеби и како најголемо засилување и како замена за Раџа Најголан кој од денеска треба да го облече дресот на Интер. Пасторе од 2011. година ги бранеше боите на ПСЖ. За французите има постигнато 45 голови и направено 59 асистенции.

Read More