Author: dino

NBA

Сопственикот на кошаркарскиот состав Торонто Репторс, Масаи Уџири, имал средба со младиот тренер на Жалгирис, Шарунас Јасикевичиус. Литванецот кој неодамна влезе во тренерските води се наметнува како главен кандидат за наследник на Двен Кејси кој во изминатата сезона го забележа најдобриот ефект во историја на клубот. Јасикевичиус своевремено играше во Индијана и Голден Стејт. Тој во претходната сезона  со неговиот состав Жалгирис беше дел од завршниот Ф4 турнир на Евролигата кој се одржа во Белград.

Read More

Луѓето од Реал Мадрид не можат да најдат вистинска замена за тренерот, Зинедин Зидан, кој по освојувањето на Лигата на шампионите изненадувачки се повлече од кормилото на европскиот фудбалски шампион. Досега понудите за соработка ги одбија, селекторот на германската репрезентација Јоаким Лев, младиот тренер на Хофенхајм, Јулијан Нагелсман и стратегот на Јувентус, Масимилијамо Алегри. На списокот на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез и натаму фигурираат имињата на Маурисио Покетино од Тотенхем и на Јирген Клоп од Ливерпул. ајверојатно тоа ќе остане само на хартија бидејќи и двајцата врвни тренери имаат договори со нивните екипи и немаат намера да ја…

Read More

Нашите најдoбри одбојкари денеска со мечот против Косово ќе го завршат настапот во групната фаза во Сребрената европска лига. Средбата која ќе започне во 20.15 часот во СРЦ Кале нема натпреварувачко значење бидејќи Македонија ќе се појави како организатор на завршниот Ф4 турнир на 15 и 16 јуни во Скопје додека Косово од претходно ги загуби шансите за висок пласман. По денешните натпревари од 6.коло ќе биде познато кои земји покрај Македонија ќе продолжат во трката за победничкиот пехар. Од нашата група „А“ во игра се Летонија и Австрија кои се борат за првото место додека од групата „Б“ најголеми…

Read More

Голманот на Зорија (Луганск), Андриј Лунин, се приближува до трансфер во Серија „А“. Според информациите на – „Gazzetta dello Sport“, луѓето од Наполи за 19-годишниот фудбалер упатиле понуда во вредност од 8 милиони евра која била прифатен од украинскиот состав. Пред неколку дена претставниците на калчо-лигашот беа во Запорожје за да разговараат за можниот договор. Во истовреме медиумите објавија дека Ливерпул, Јувентус и Реал Сосиедат се исто така заинтересирани за играчот на Зорија Луганск. Младиот украинец кој влезе во професионалниот фудбал преку составот на Днепар, во изминатата сезона одигра 34 натпревари.

Read More

Фудбалскиот тим на Астон Вила го отпушти извршниот директор Кит Винс. Иако раководството на составот од Бирмингем не ја објави причината за таквиот потег, Би-Би-Си објави, дека Винс си заминува поради проблемот со неплатен данок кој може да доведе до драстични мерки и санкции кон клубот. Сопственикот и претседателот на клубот, Тони Сиа, времено ќе ја преземе таа улога додека не се донесе нова одлука. Винс, кој претходно беше извршен директор на Евертон и Абердин, беше назначен во Астон Вила во 2016 година кога екипата испадна од Премиер Лигата.

Read More

Тотенхем планира да започне преговори со напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ентони Марсијал. Францускиот фудбалер кој не влезе на списокот на селекторот, Дидие Дешамп, за Светското првенство во Русија,  е една од главните цели на тренерот Покетино. Според – „Daily Mail“, првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви, ќе му даде на менаџерот најмалку 100 милиони фунти за летната селекција а значителен дел од тие пари треба да бидат потрошени за ангажман на Марсијал. Најголем проблем за лондончани може да биде желбата на Манчестер Јунајтед да ја врати речиси целата инвестиција што ја имаше за Французинот во 2015-та. Тогаш „црвените ѓаволи“ првично…

Read More

Уругвајскиот фудбалски голгетер од тимот на ПСЖ, Единсон Кавани, може да го заземе местото на Антоан Гризман во Атлетико Мадрид доколку Французинот се определи да направи трансфер во големиот ривал Барселона. Познато е дека Кавани има лоша комуникацоја со првата ѕвезда на ПСЖ, Нејмар и дека  ја наметна дилемата дали ќе остане на „паркот на принцовите“. Згора на тоа, неговиот тим мора да се ослободи од неколку фудбалери за да ги исполни условите околу финансискиот фер-плеј на УЕФА и да ги избегне евентуалните санкции. Засега нема попрецизни информации дали одличниот напаѓач стапил во контакт со челниците на Атлетико Мадрид и…

Read More

Поранешниот тренер на фудбалерите на Реал Мадрид, Мануел Пелегрини, се осврна на период кој го помина во редовите на шпанскиот состав. Тој ги водеше „кралевите“ само една сезона по што заработи отказ од првиот човек на тимот, Флорентино Перез. „Имав тензични разговори со водечките луѓе на Реал. Ми велеа дека одредени играчи мора да бидат на теренот без разлика на се, но, јас никогаш не потклекнав на тоа“ -изјави Пелегрини. Искусниот тренер од неодамна се определи да се врати во Премиер лигата и тоа на кормилото на Вест Хем кој најави амбициозен проект.

Read More

Европската фудбалска федерација откри дека вкупно 3.25 милијарди евра  ќе бидат поделени во Лигата на шампионите , Лига Европа и Европскиот Суперкуп. Од нив, 295 милиони ќе бидат за организација на турнирите а 227.5 милиони ќе бидат искористени за хуманитарни акции. Најмногу ќе добијат учесниците во Лига на шампионите кои ќе поделат дури 2.04 милијарди а екипите во Лига Европа околу 500 милиони евра. Македонија ќе ја има само Шкендија во квалификациите за европската елита додека Вардар, Работнички и Шкупи ќе бидат дел од квлификациите за Лига Европа.

Read More

Бразилскиот дефанзивец на Интер, Далберт, ќе игра во Франција од наредната сезона. Фудбалерот на “нероазурите” ќе го засили тимот на Монако откако не успеа да се пробие во првиот состав на Лучијано Спалети. Раководствата на двата тима ја разгледале и опцијата Бразилецот да настапи и како позајмен фудбалер. Монако ќе му плати 3 милиони евра на гигантот од Милано а во договорот ќе има и додадена клаузула од 24 милиони која Французите ќе можат да ја активираат по крајот на сезоната, тврди – „Sky“. Далберт изразил согласност за таков трансфер откако разговарал и со тренерот, Лучијано Спалети.

Read More