Author: dino

Фудбалерот на Челзи, Алваро Моратa, ги договорил личните услови со Јувентус со што се отвора патот за негово враќање во клубот. Наводно, Шпанскиот репрезентативец е подготвен значително да го намали годишниот надомест за да премине во составот на „бјанконерите“ во текот на летото. Мората кај „сините“ добива по 9 милиони  евра по сезона додека во Јувентус најплатен е Гонзало Игуаин со 7,5 милиони  евра. „Rai Sport“ тврди дека од англискиот клуб ќе бара близу 66 милиони за потписот на Мората. Токму таа сума му ја платија лондончани на Реал Мадрид во текот на летото за да го донесат напаѓалот на…

Read More

Белгиецот, Ерик Гибурс, кој дури пет пати ја освои титулата светски шампион во мото-крос, се удавил при обидот да го спаси неговото куче, објавија локалните медиуми. Тој првично беше прогласен за исчезнат а околностите околу неговата смрт беа потврдени дури денеска. Гибурс додека се возел со моторен чамец во езерото источно од Антверпен, се нурнал да го спаси кучето кое паднало во водата и не можело да се врати на бродот. Ќе потсетиме дека Гибурс е првиот на светов кој успеал да ги обедини титулите во мото-крос во сите три категории –  125, 250 и 500 кубни сантиметри.

Read More

Бразилскиот фудбалски дефанзивец во редовите на Реал Мадрид, Марсело, во изјавата по натпреварот на 36-тото коло во Ла Лига против Барселона (2:2), истакна дека не му се допаѓа системот за видео-повторување (VAR). Играчот на „кралевите“ по дербито на „Камп Ноу“ беше запрашан околу повеќето судиски одлуки кои беа на штета на двата тима. Токму во една таква спорна ситуација Марсело беше соборен во шеснаесетникот на домаќините а судијата не покажа на белата точка. „Понекогаш судиите прават грешки, понекогаш не. Понекогаш грешките се случуваат во ваша корист, понекогаш во корист на противниците. Тоа не е толку значајно. Системот за видео-повторување ќе…

Read More

Фудбалскиот ветеран во редовите на Баерн Минхен, Франк Рибери, ќе остане на „Алијанц Aрена“ уште една сезона, потврди денеска гигантот од Баварија. Французинот се активираше во германскиот состав во 2007 година и од тој миг па се досега, успеа да освои осум шампионски титули во Бундеслигата. Брзоногиот играч има реализирано 247 мечеви за тимот од Минхен и постигнато 80 погодоци. Рибери со Баерн беше европски шампион во 2013 година кога го доби и признанието за најдобар фудбалер на Стариот континент. Потврда за новата соработка меѓу двете страни дојде и од спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ. „ Задоволни сме…

Read More

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, кој изјави дека неговите фудбалери нема да прават шпалир пред мечот со Барселона за да го поздрават новиот фудбалски шампион на Шпанија бидејќи претходно Каталонците не направија такво нешто кога „кралевите“ ја осовија светската клупска титула, сепак посебно испочитува еден играч на противникот. Весникот „Марк“ објави дека францускиот тренер по вчерашното реми на „Камп Ноу“, сепак, направил посебен потег откако повеќе од 5 минути чекал Андрес Иниеста да изелзе од соблекуваната за да се поздрави со него. Познато е дека легедната на Барса вчера го одигра последното – „Ел Класико“ бидејќи на крајот на…

Read More

Маратонците од Кенија очекувано ги освоија главните награди на годинешниов – „Виз Ер Скопски маратон“. Победи Еванс Кипкемои Бивот кој патеката ја помина за 2.14.08 часа пред Џон Лагат и Хозе Руто Кипротич. Што се однесува до нашите, најдобар беше Александар Кираџиев кој успеа да го освои петото место. Во женската трка победи Џедида Карунгу од Кенија која постигна време од 2.51.24 часа пред Марија Брајиќ (Хрватска) и нашата Адријана Поп Арсова. Македонскиот атлетичар, Дарио Ивановски, го повтори успехот од претходната година откако победи на полумаратонската трка.. Тој обезбеди време од 1 час, девет минути и 10 секунди. Веднаш зад…

Read More

Маратонците од Кенија очекувано ги пополнија местата на пиедесталот на главната трка на годинешниов – „Виз Ер Скопски маратон“. Победи Еванс Кипкемои Бивот кој патеката ја помина за 2.14.08 часа пред Џон Лагат (2.14.59) и Хозе Руто Кипротиќ (2.28.58). Што се однесува до нашите, најдобар е Александар Кираџиев кој успеа да го освои петото место. Во женската трка победи Џедида Карунгу од Кенија која постигна време од 2.51.24 часа пред Марија Брајиќ Хрватска со резултат 3.02.00 и нашата Адријана Поп Арсова која ја претрча патеката за 3.05.04. На 14. издание на „Виз Ер Скопскиот маратон“ учествуваа повеќе од 10.000 маратонци…

Read More

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, изјави дека неговиот состав сака да го освои Купот на Италија. Тој воедно посочи дека неговите фудбалерите на моменти играат премногу лежерно и примаат лесни голови. Синоќа гигантот од Милано забележа победа против тимот на Верона 4:1. „Сите во Милан го сакаме Купот на Италија иако ќе треба да се соочиме против многу силен тим како што е Јувентус. Тие поседуваат нешто повеќе од нас иако влегуваме во дуелот во многу добра форма. Денеска видовме тим што игра со поголема слобода“ изјави Гатузо. „Милан страда против малите тимови. Загубивме премногу бодови и тоа е проблем…

Read More

Шкендија нема да биде меѓу носителите при составувањето на двојките за првото елиминациско коло за Лигата на фудбалските шампиони додека Вардар ќе биде меѓу привилигираните кога ќе се составуваат паровите за елиминаскиот дел во новата сезона во Лигата на Европа. Како можни противници на Шкендија досега се издвојуваат: Лудогорец (бугарија), шкотскиот Селтик, ФК Астана од Казахстан, БАТЕ Борисов од Белорусија, Карабах од Азербејџан, Шериф Тираспол од Молдавија, Црвена Ѕвезда (Србија), шведскиот Малме, норвешкиот Розенборг, финскиот Хелсинки и Њу Сеинтс од Велс. Ждрепката за 1. квалификациско коло од Лигата на шампионите е закажана на 19. јуни. Вардар ќе биде носител во…

Read More

Македонскиот атлетичар, Дарио Ивановски, го повтори успехот од претходната година откако победи во машкиот дел полумаратонската трка реализирана во рамките на „Виз Ер Скопскиот маратон“. Тој обезбеди време од 1 час, девет минути и 10 секунди. Веднаш зад него трката ја заврши Атанас Анчевски (Македонија) со време од 1.14.44 додека како трет низ целта помина нашиот, Милош Ранчиќ, кој патеката ја претрча за 1.15.56 часа. Милјана Ристиќ немаше вистински опонент на патеката. Таа успеа да постигне време од 1.25.15 часа со што супериорно го освои првото место кај дамите. Второто место и припадна на Амела Трозиќ од БИХ која патеката…

Read More